период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Online Спорт
Датум: 11.12.2013, 16:35

Прибак и Вугринец станаа Македонци


Владата на Македонија на вчерашната седница одлучи ракометарите Немања Прибак од редовите на Сардар и Ренато Вугринец од Металург за непречен настап во државната репрезентација на ЕП 2014 да добијат државјанство на нашата земја.

- Врз основа на законската процедура и член 11 од Законот за државјанство, Владата одлучи Ренато Вугринец и Немања Прибак да бидат примени во државјанство на Република Македонија. Сите надлежни институции дадоа позитивни мислења и одлуката е веќе донесена – изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Со овој чекор на Владата на РМ се овозможува учество на двајцата ракометари на претстојното Европско првенство во ракомет, во дресот на Македонија. Тоа треба да претставува големо засилување за државниот тим. Сепак, последен збор ќе го имаа Европската ракометна федерација.

#



Останати вести
Галатасарај го победи Јувентус и се пласира во осминафиналето од ЛШ
Рибери прави место за „Златна топка“ во својата витрина
Роналдо постави нов рекорд
Филипович гостин на боречкиот спектакл ФФЦ 10 во „Борис Трајковски“
Мојс виновен за лошите резултати на Манчестер ј.
Пораз на Атланта на домашен терен од Оклахома Сити
Манчестер сити со чудесен пресврт во Минхен, Роналдо со рекорд
МЗТ Скопје се насочува само кон АБА-лигата, тројца ќе одмораат против Калев
МЗТ Скопје се засили со младиот Маринковиќ

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести
 
-->