период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 18.05.2017, 22:46

ПРАТЕНИЦИТЕ НА ДУИ, БЕСА И АЛИЈАНСАТА 

Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма

Тиранската платформа е жива и таа ќе биде дел од владината програма што треба да ја спроведе мандатарот Зоран Заев, е пораката што ја доби лидерот на СДСМ од своите коалициски партнери само десетина часа по давањето на гаранциите дека таа нема да биде во програмата на новата влада. Пратеникот на ДУИ, Реџеп Исамили, која е клучна партија за правење на владиното мнозинство, а потоа и лидерот на Беса, Билал Kасами, и пратеникот Љуљзим Алиу, како и пратеникот Сирија Рашиди од „Алијансата за Албанците“ прексиноќа, во две телевизиски интервјуа, практично го демантираа она што Заев го кажа и на што се обврза пред шефот на државата Ѓорге Иванов при добивањето на мандатот.


Лидерот на СДСМ завчера поднесе гаранции до претседателот Иванов, со кои тој, меѓу другото, требаше да гарантира дека нема да ја прифати тиранската платформа како услов за владино коалирање.

Реџаил Исмаили е пратеник на ДУИ и тоа го потврди дури два пати во интервјуто во емисијата на „Алсат М“ дека таа ќе е дел од владината програма.

- Секако дека јас ви кажав и претходно. Декларацијата е жива и ќе биде дел од програмата на новата влада.

И партискиот функционер од Беса, Љуљзим Алиу, ги зацврсти ставовите на сите политички партнери на Заев дека тиранската платформа е жива.

- Без сомневање, да. Декларацијата на албанските партии е жива.

Сирија Рашиди е пратеник од партијата на Зијадин Села и директно прашан „дали е с` уште жива албанската платформа“, тој одговори „секако дека е жива“. Притоа Рашиди, нагласувајќи дека нема конечна одлука за учество во власта, вели дека партијата ќе го уценува Заев со исполнување на тиранската платформа.

- Ние немаме донесено дефинитивна одлука дали ќе бидеме или не дел од новата влада - вели Рашиди.

Од друга страна, лидерот на Беса, Билал Kасами, на своето гостување на телевизијата „21“ јасно потврди дека нивното учество во идната влада недвосмислено подразбира и редефинирање на Република Македонија.

Политичките барања на партијата ќе се реализираат во рамките на Уставот на Република Македонија. Тие се однесуваат за унапредување на правата на граѓаните. Ова имплицира редефинирање на Македонија - рече Kасами.

Тој објасни дека на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, не дискутирале дали партијата ќе учествува во владата и дека тоа ќе се утврди по составувањето на владината програма.

Заев, на завчерашното примање на мандатот, кој му беше врачен од страна на шефот на државата, ја прочита изјавата потпишана само од негова страна, но не и од лидерите на партиите на Албанците во земјата и во која тврдеше дека во владината програма нема да има место за тиранската платформа.

- Гарантираме дека процесот на носење на одлуките за граѓаните на Република Македонија ќе биде во согласност со основните демократски принципи и владеење на правото не доведувајќи ја Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема друга држава. Ниту еден документ, платформа, декларација, акт или дејство, кое е спротивно на горенаведените ставови, не може да биде услов, ниту основа за формирање и дејствување на владата на Република Македонија - потенцира тој.

Ова, меѓу другото, беше доволно шефот на државата да се убеди дека дотогашните пречки за доделување на мандатот се отстранети.

Бранко Ѓорѓевски

#



Останати вести
Проект со најголемо значење за македонското здравство
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства
Јунска трка за 35.000 места
Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени
Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
istoricar, 18.05.2017 23:28:20
jas uste pred nekolku god dadov komentar deka na albancite glavna cel im e osvojuvanje na sto povece opstini i dobivanje formi na drzavnost za da mozat vo severozapadna mk opstinite da se povrzat kompjuterski/internet, da profunkcionirat kako edna edinka i preku referendum glatko da napravat samostalna drzava ilirida no ako makedonecot se pokaze kako zombi(promena na ime,zname,jazik na cela terr mk) togaj da ja lapnat cela mk i piknat vo velika albanija sepak ova vtoroto bi predizvikalo balkanska vojna pa mislam ke ostanat na prvoto.
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 01:53:46
TREBA DA SE OSTAVAT TUGI PLATFORMI I ZNAMINJA NA DRUGI DRZAVI VO INSTITUCUJI NA REPUBLIKA MAKEDONIJA,A KRIMINALCITE POLITICARI DA SEDNAT NA OBVINITELNA KLUPA I IMOTOT DA IM SE KONFISKUVA I DA OSETAT GRAGANITE DEKA DRZAVATA MISLI ZA GRAGANI OD BILO KOJA NACIONALNOS.
praveden, 19.05.2017 05:01:12
Zaev na Pretsedatelot mu garantira vetar i magla a Pretsedatelot so rashireni race trgna po veterot i maglata.Ajde da videme dali Zaev ke se drzi do vetenoto deka nema nishto da se sprovede od platformata ili Zaev od zelba za vlast ke se istrcha i ke gi isplni ucenite shto Albancite mu gi isporachuvat. Ako Zaev povtorno izlaze kako mnogu pati shto ima izlazeno do sega togash treba narodot so nego da raschisti kako so neprijatel i predavnik na Drzavnite interesi.
Petre, 19.05.2017 06:22:33
Pretsedatelo Ivanov napravi greska koga ne zema izjavi od site pretstavnici na tn. Albanski partii so sto ostavi prostor za manipulacii .
арнавут шизофреник, 19.05.2017 08:00:50
Абе таа работа не минува, апартхејдот ќе го укинеме. Впрочем, прашајте го Сеља за јуначкото здравје.
Prodan, 19.05.2017 08:05:38
Tiranskata (Briselska) platforma e ziva i ... (citat). A POSLE SE CUDIME I OSUDUVAME ZOSTO NARODOT VLEGUVA VO SOBRANIETO. COVEK DA SE ZAPRASA DALI TOA E DOSTA, MOZEBI TREBA NESTO POVEKE. Nekoj ke reci taka ne e demokratski. More da ti e*am takva demokratija koga me lazat a ne mi davat pravo da im ja kazam vistinata. ... 6608
AZA, 19.05.2017 10:17:29
hihi tiranska platforma hahahaha
Бруки, 19.05.2017 10:35:57
Као џачиња пред даскало.
Апаш, лапаш сланина..., 19.05.2017 10:42:40
Доколку ја преспавте изјавата на Биг Али од пред ден-два, ете тоа му беше зборот кога рекол (парафразирам):„Ние тргнавме по тој пат и нема враќање...“ Или, ако некој уште не разбира: И да врне и да вее, ние нема да отстапиме од она што го договоривме во Тирана. Преведено уште еднаш, тоа значи: а) војна, доколку македонската страна (ова условно) се спротивстави на спроведувањето на нашите планови. б) ни војна ни мир или целосна „рамноправност“, односно наметнување на интересите на малцинството над оние на мнозинството. На здравје бричење.
Најнови вести