период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Најнови Вести
Датум: 19.05.2017, 13:40

ШТО Не ОЧЕKУВА СО НОВАТА ВЛАДА?

На хартија мед и млеко, во пракса економската програма зависи од многу фактори

Воведување персонален данок на доход со две стапки од 10 отсто и 18 отсто за дополнителните приходи на лицата со највисок доход и враќање на платениот персонален данок на доход за граѓаните што имаат многу ниски плати. Нов систем „Повеќе пари кај граѓаните“ со кој на граѓаните ќе им се враќаат по 15 отсто од платениот ДДВ, со исклучок на данокот при купување луксузни производи. Даночната стапка на данокот на имот со пазарна вредност повисока од 400.000 евра да се зголемува за 0,1 процентен поен, како и зголемување на стапката на акцизата на патнички автомобили во вредност повисока од 40 илјади евра и уште многу проекти содржи Програмата за работа 2017-2020 година, која неодамна ја предложи СДСМ, а е поддржана и од коалициските партии со кои ќе формира влада откако претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот на лидерот Зоран Заев.

Граѓаните се во исчекување што ќе се случи и дали ветените проекти за подобар животен стандард се остварливи или ќе останат само на хартија.

Животниот стандард не се менува прекуноќ

Долгогодишната политичка криза во земјава, чиј крај с` уште е неизвесен, го исцрпи стопанството, а и основните економски показатели стагнираат или се во грч.

- Со изборот на новата влада, сигурно е дека ќе има промени во економските политики на земјава, но не може ништо брзо да се смени и покрај желбите на партијата што би дошла на власт. Предизвик на новата влада ќе биде редефинирањето на приоритетите во економскиот развој. Повисок стандард не се постигнува веднаш, прекуноќ. Поголемата заштита на вработените исто така е позитивен чекор, кој тешко ќе се остварува, а промената на системот на оданочување ќе има низа позитивни, но и негативни влијанија врз привлекувањето на странските инвестирања. Во секој случај, потребни се истрајност, долгорочни прогнози и неменување на зацртаните задачи и цели - вели професорката Марија Зарезанкова Потевска.

Стабилен буџетски дефицит

„Дневник“ анализира во каква состојба се државниот буџет и економијата, според официјалните расположливи податоци. Според податоците на Министерството за финансии за состојбата со државниот буџет, заклучно со март тој е стабилен и во приходи и во расходи, а досега редовно се исплатувани платите за буџетарите, пензиите и социјалните давачки. Во тек е исплатата на субвенциите.

Математиката на „Дневник“ покажува дека заклучно со март буџетскиот дефицит изнесува 58 милиони евра, што е на стабилно ниво во однос на проектираниот минус за годинава од 302 милиона евра. Податоците по месеци покажуваат дека во март растат парите собрани од даноци и придонеси и единствено во март расходите се за малку пониски од приходите, односно се во плус од 1,7 милион евра, за разлика од првите два месеца во годината, кога расходите биле поголеми од собраните приходи. Најголем дефицит е остварен во јануари. Бројките говорат дека за три месеци се собрани вкупно 694 милиони евра, а се потрошени 752 милиона евра.

Статистичките податоци покажуваат дека покрај неликвидноста во стопанството, од почетокот на годинава забавува индустријата, која може да ја повлече целата економија. Додека се чекаат податоците за растот на брут-домашниот производ во првиот квартал годинава, податоците за индустриското производство покажуваат дека индустријата забавува и оди во минус. Вкупниот минус за првите три месеци од годинава е -1,5 отсто. Најголем пад на производството имало во јануари од -2,6 отсто, во февруари бил -1,3 отсто, а во март бил најмал од -0,9 отсто. Дека политичката криза и последните случувања можат да влијаат негативно врз економијата предупредија и Народната банка, експертите и бизнисмените, кои побараа побрза разрешница на кризата.

Висока задолженост

Простор за нови задолжувања речиси и да не постои или е многу мал, а парите за остварување на ветувањата ќе мора да се црпат од внатрешни ресурси. Економистите сметаат дека ако економскиот раст е над три отсто и разумно се трошат буџетските пари, и задолжувањето може да се зголеми. Не се очекуваат проблеми со враќањето ако државниот долг биде 48,7, а јавниот 59,2 отсто од БДП.

- Главните препораки кон кои креаторите на политиките би требало да се насочат се: финансирање исклучиво продуктивни инвестиции со висок фискален мултипликатор, целосно елиминирање на непродуктивните тековни трошења, додека растот на тековните трошења за плати во јавната администрација, пензиите и социјалните трансфери треба да се усогласат максимално со номиналното ниво на растот на економијата. Дополнително, стабилизација на деловното, институционалното и правното окружување ќе доведе до подобрување на кредитниот рејтинг, кој би довел до намалување на премијата за ризик на државата и, воедно, до пониски каматни стапки на задолжувањата во иднина - вели Благица Петрески од Институтот за економски истражувања и анализи „Финанс тинк“.

Александра Филиповска

#



Останати вести
Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја
Потпишан Договорот за изградба на клиничкиот центар во Скопје
Проект со најголемо значење за македонското здравство
Тинејџер без возачка со автомобил покосил жена на тротоар
Се обидел да ја спаси колешката, па го проболе со нож во стомакот
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Трамп е убеден дека специјалниот советник нема да најде ништо во истрагата за врските со Русија
Фиорентина прва тргна по Несторвски со 10 милиони евра
Нападнатите новинари на А1он повикани во ОЈО да дадат исказ
Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви
СЈО поднесе жалба на одлуката за Сеад Кочан
Сериски крадец осуден на две и пол години затвор
Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј
Иванов од утре во Јордан
Моника Белучи страсно љуби на сцена
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства
Новиот македонски филм за тројца бездомници премиерно во театарот „Џинот“
Графичкото мајсторство на светски познатиот скулптор Иван Мештровиќ за „Европската ноќ на музеите“
Кривична пријава за учесник во инцидентите во Собранието кој насилно ја отворал вратата
Ќе го убијам ако Методи зел пари од кралот за да стане Србин
Почнуваат преговорите за нова влада, денеска средба Заев – Ахмети
Прекинат филм на Канскиот фестивал
Го бодел со нож зетот во болница
Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк
Најавени нови искачувања на младиот неготински планинар
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Крис Корнел се самоубил
Откриена мистеријата за насукано морско суштество во Индонезија
Кучињата може да "зборуваат" со луѓето
Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести