период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
ONLINE Актуелно
Датум: 17.02.2017, 14:03

РЕЗИДБА ВО ТИKВЕШKИОТ РЕГИОН

Жени кројат лози подобро од мажи, но се срамат да се натпреваруваат

Има жени што кројат винови лози подобро од некои мажи, но се срамат да се натпреваруваат. Вака коментираат Тиквешани откако ниедна жена не се пријави на натпреварот за резидба во лозје, кој редовно се организира од општина Демир Kапија. Претходните години се случуваше по некоја жена да се пријави на натпреварот.

Дали отсуството на жена кројач годинава, кога се натпреваруваа дванаесет кројачи мажи, значи дека меѓу тиквешките жени има мајстори на кројачкиот занает, но се срамат да се натпреваруваат и да ги покажат своите кројачки вештини, ги запрашавме Диме Илов, член на комисијата, која ги избираше најдобрите кројачи на натпреварот, и Драги Ефтимов, кој се натпреваруваше во кроење.

- Е, така е, знаат да кројат, мајстори се за кроењето, ама сепак има тука нешто, мислам дека не се пријавуваат поради малограѓанштината. Да не речат, ете отишла да ја видат да крои таму. Во малите средини луѓето страдаат од тоа што ќе речат комшиите - ни рече Илов.

Дека во заднина на непријавувањето жени на натпреварот најверојатно стои стравот од озборување, ни потврди и Ефтимов.

- Демек, е види сега и она ќе крои. А инаку жените се рамноправни во кроењето, добри се исто колку мажите, а понекогаш дури и подобри - додаде Ефтимов.

Настанот веќе неколку години се организира во општина Демир Kапија.

На натпреварот првото место го освои Трајче Јованов, второто Стојанчо Богдановиќ и третото Блажо Мицев. Kако награда добија одбрани ножици за кроење.

Вистинско освежување на натпреварот беше Саит Вардар од демиркаписко Kорешница, кој ја тера 83. година од животот. Ни кажа дека откако ги научил тајните на кројачкиот занает, со години го работел тоа во поранешното земјоделско стопанство во Демир Kапија, а аргатувал и во лозја од неколку општини во Тиквешко. Нагласи дека резидбата не е тешка, само треба да се сака работата и да се работи со љубов. Таа своја љубов кон кроењето винови лози сега им ја пренесува на помладите.

- Веќе 22 години сум во пензија, но до неодамна што се вели кроев во лозјата. На натпреварот се пријавив не за да победам, туку да покажам дека знам домаќински да кројам, но и да се видам со моите некогашни пријатели кројачи - додаде Вардар, кој ни остави впечаток на пријатен и разговорлив човек.

Светлана Дарудова

#



Останати вести
Имињата на фирмите казнети за лажни попусти остануваат непознати
Енергетска сиромаштија: Дури 76 отсто од Македонците се греат на дрва и загреваат само 20 квадрати
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб
Државата од даноци лани собрала 1,153 милијарда евра, 6,5 отсто повеќе од претходната година
За пет години од извоз на злато во земјава влегле 1,7 милион евра
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Црниот пазар годишно јаде над 1,5 милијарда евра од македонскиот буџет

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести