период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 21.04.2017, 18:51

ЈОХАНЕС ХАН

Доколку ЕУ се двоуми со Балканот, други ќе преземат ангажмани

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, предупреди дека доколку Европската Унија се двоуми во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се „ангажира“ во овој регион.

- Како што знаеме, политиката се гнаси од вакуум. Ако се колебаме во својата посветеност кон Балканот, некој друг може да се ангажира и тој некој веќе се обидува, рече Хан на Универзитетот Принстон.

Според него, проширувањето на ЕУ, со сите услови и критериуми, „е најдобрата безбедносна политика“ што Унијата кога било  ја имала, но таа не е „бесплатен ручек“, пренесе Танјуг.

- Само локалните лидери можат да ја средат работата и да и ја претстават на своите граѓани. Тие мораат да ја преземат одговорноста и да градат врз веќе постигнатиот напредок, нагласи тој.

Мораме да видиме политичка волја место политички игри, и вистинско спроведување на реформите, не на хартија, туку на терен, особено во клучните области од владеењето на правото, конкурентноста и поврзувањето. Тоа може да ги загрози деловните модели на поединци, но стратешки, не постои алтернатива. Нивните граѓани тоа го знаат“, порача Хан.

Хан заклучи дека Унијата е „далеку најдобрата игра во градот“, но нагласи дека сите мораат да бидат подготвени да ја играат.

- Мораме да бидеме подобри и поцврсти во користењето на нашата мека моќ на привлекување. Не смееме да ја земеме здраво за готово. Европската гравитација може да биде сила на природата, но мора интелигентно да биде распоредена“, порача Хан.

#



Останати вести
Наместо почит, Македонија од ЕУ добива закани
Словените од зад Kарпатите никогаш не стигнале на Балканот
Германци купуваат потковици за среќа од Пехчево
Основно барање - предвремени парламентарни избори

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Drago, 21.04.2017 21:21:12
Bravo Han go prizna porazot koj go dobi vo Makedonija i Srbija no ne kaza koj e toj drug shto moze da se #angazira#vo ovoj region ne se srami pa toa e RUSIJA.Inaku ushte neshto za lokalnite lideri koi treba da ja sredat rabotata najdobro go pochustvuva ti vo Skopje.Toa shto EU e daleku e daleku najdobra igra vo gradot go vidovte vo Skopje deka narodot so koj ne sakashe da go primish e mnogu pointeligenten od tebe i ti kaza deka ne mora da ja igra taa prljava igra na Evropskata Unija.
Иљо, 22.04.2017 07:01:15
Ало бе? Кои критериуми? Нас ни велите договорете се прво со Грција па после ќе ве примиме а на Грција и велите ако се договорите со Македонија добро ако не пак добро.
Баш супер, 22.04.2017 08:52:52
Наместо фашизам ке има вистинска демократија.
neregistriran, 22.04.2017 11:57:49
Zar Vavilonskata bludnica mozhe da bide najdobro reshenie za Balkanot
Od Italia, 22.04.2017 19:05:40
Gospoda od EU,blagodarenie na vasite interesi Balkanot od sekogas a i den deneska odi vo pogresna nasoka . Sozdavavte vestacki drzavi i narodi im dodeluvavte zemjista a antickite narodi sakate da gi unistite. Najgolemata krivica ja snosite vie.
Trpe, 22.04.2017 21:00:58
SO baranje za promena na imeto i so plasiranjeto na platformi od Tirana za dkoi e golema verojatnosta da stoi tokmu i EU ne mozete da privlecete nikogo duri i gi odbivate bidejki tuka nema ni d od demokratia sto vi e i na vas pozbato no vie uporno turkata fsizam i duri i ne gi priznavate i predudite i na vasiot sud a vamo prodavatedemokratija!
Најнови вести