период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 18.05.2017, 18:27

проблематиЧни дипломатски депеши до централата во берлин

Иванов не отстапува од кажаното - Алтхаузер шири лажни вести

Амбасадорката на Германија во Скопје „шири лажни вести“, рече завчера претседателот на државата, Ѓорге Иванов, само неколку часа откако тој му го даде мандатот на Зоран Заев, а тоа од Берлин беше прокоментирано со зборовите: „Kонечно претседателот Иванов го смени курсот и не го блокира формирањето на новата влада“.

Тој истакна дека поради таквата работа на амбасадорката Kристине Алтхаузер, канцеларката Ангела Меркел му се извинувала.

Македонскиот претседател завчера остро ја нападна германската амбасадорка во земјата Kристине Алтхаузер, обвинувајќи ја дека шири „лажни вести“ и притоа оцени дека нивото на германската амбасадорка е „навреда за земјата“.

„Треба да н` загрижи квалитетот на дел од дипломатите во Република Македонија. Амбасадорот на германското министерство се служеше со лажни вести, па Меркел мораше да се извинува за неточни информации што ги добивала од нивната амбасада“, рече Иванов во интервју за ТВ „Нова“.

Тој потоа упати апел до Германија дека вакво ниво на дипломати е навреда за нашата земја.

- Недозволиво е на лажни информации да темелат соопштение од германска амбасада. Kако порано да го дадам мандатот? Со кршење на Уставот?“, праша Иванов во интервјуто.

Претходно, германското МНР му порача на Иванов дека одамна требало да го додели мандатот.

„Добро е што претседателот Иванов попушти и престана да го блокира формирањето на новата влада. Оваа одлука требаше одамна да се случи и конечно го рефлектира исходот од изборите во декември 2016 во земјата“, беше наведено во изјавата на германското министерство за надворешни работи.

А по интервјуто на Иванов, вчера дојде и реакција од повиканата амбасадорка:„Kолку поголем непријател, толку поголема чест за мене“, е коментарот на Алтхаузер. Таа, сепак, потоа беше подипломатски расположена и додаде дека наспроти изјавата на претседателот таа секогаш има добра комуникација со него, а на дневна основа, пак, таа одлично комуницира со Министерството за надворешни работи на Германија. Вчера Амбасадата упати и кусо соопштение од МНР во Берлин, кое го немаше на интернет-страницата на германското МНР, во кое стои: „Се радуваме што претседателот Иванов по долго размислување дојде до вистинска одлука и се откажа од ставот на блокирање. Обвинувањата упатени кон германски дипломати и други пријателски држави се неумесни. Kако што е познато, процените кои ~ се пренесуваат на земјата-домаќин, секогаш се договараат во тесна координација меѓу министерството за надворешни работи и амбасадата“.

Од Kабинетот на шефот на македонската држава вчера ни изјавија:„Претседателот на Република Македонија Иванов опстојува на јавно искажаните ставови“.

„Дневник“ неофицијално од извори на Kабинетот на Иванов дознава дека немаат никакви проблеми со Берлин, но оти тоа не може да се каже и за амбасадорката во врска со процесот на доделувањето на мандатот за мандатарот. Неименуван извор потенцира дека „не може да се прават преседани“ и оти претседателот Иванов застанал во одбрана на законите, Уставот и принципите.

Можно е дел од проблемот да се гледа и низ призмата на партиски интереси. Познато е дека години наназад во Германија владее голема коалиција, а надворешните работи се во надлежност на Социјалдемократската партија (СПД) сестринска партија на СДСМ.

На пример, во времето кога министер за надворешни работи беше Франк Валтер Штајнмаер (СПД) во Скопје амбасадорка беше Урлике Kноц, кога во март 2009 година ~ се случи скандалот со „визијата за Македонија во 2020“.

Во 2020 во ЕУ како Северна Македонија

Поранешната амбасадорка Kноц во 2009 година објаснуваше дека „визијата за Македонија ја создале студенти“ од Македонија, Германија и Франција кои си играле стимулациска игра наречена „создавање нова Европа“. Kноц неа ја опиша како убава визија за Македонија.

„Во 2020 ќе бидете членка на ЕУ. Ќе имате ново име - Северна Македонија. Владата ќе биде составена од партија со име Нова македонска партија, во која членови се Албанци и Македонци. Албанското население ќе го зборува македонскиот јазик што е случај и денеска, а Македонците ќе го зборуваат албанскиот јазик што ќе го учат уште од детска градинка. Мислам дека ова е убава визија за земјата. Не е нереална, не е утопија. Може да се направи и пред 2020 ако се работи на политички план“, изјави тогаш Kноц.

По оваа изјава амбасадорката беше повика во МНР каде ~ бил упатен остар протест и ~ било укажано да се држи во рамките на своите овластувања и надлежности односно да не излегува од својот мандат во земјава и во иднина да не се меша во внатрешните работи на Република Македонија. Таа беше повикана на консултации и во Берлин.

Христо Ивановски

#



Останати вести
Диогарди: Во Македонија по една третина се Албанци, Бугари и македонски Словени
Хојт Ји не се консултирал со својот шеф Тилерсон за Македонија
Груевски: Доколку Заев мрдне од гаранциите, ВМРО-ДПМНЕ ќе реагира жестоко
Тиранската платформа е жива и ќе биде дел од владината програма

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
http://adiblogmk.com, 18.05.2017 23:01:23
ako se reflektira ishodot od izborite trebashe VMRO da pravi vlada zatoa ushte ednash ambasadorkata shiri lagi
Sibin, 19.05.2017 05:16:13
Koga nivnite deca ke ucat Turski
Скрб и утеха, 19.05.2017 10:06:35
Има една универзална вистина што обичниот скромен и чесен народ многу убаво ја владее: „Прави што ќе правиш, ама образот немој да го изгубиш“. Кај богатите таа исконска вистина се преобразила во „наводна почит кон принципите“ што инаку претходно ги имаат потполно и целосно погазено и продолжуваат да ги газат на својот пат кон врвот. Она што важи за поединците, важи и за државите. Подбивањето на еден обичен странски медиокритетски службеник со по малку исфрустрираниот и недипломатски претседател на една држава (па било тоа и Македонија)не е само покажување надмоќ на „посилниот кон послабиот“ туку и доказ за длабоко непочитување, наспроти декларираните песнички што го има нејзината матична држава кон нашата (тука може да се вклучат безмалку сите западни држави и добар дел од нашите соседи) а е мотовирано од општиот однос на нашата „политичка елита“.
praveden, 19.05.2017 11:57:57
Magareto makar bilo i Germansko treba da se ortomisa da ne ti pravi zijan ako ne se vrazumi da im se vrati na gazdite tie da si go zauzdat
Најнови вести