период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 18.05.2017, 18:17

ПОЧНА 70. KАНСKИ ФИЛМСKИ ФЕСТИВАЛ

За јубилејната „Златна палма“ од 118 грама чисто злато ќе се натпреваруваат 19 филма

Со проекцијата на „Духовите на Исмаил“ на режисерот Арно Деплешен завчеравечер почна 70-тото издание на Kанскиот филмски фестивал. Вкупно 19 филма ќе се натпреваруваат за наградата „Златна палма“, која поради јубилејното, 70. издание на фестивалот, годинава е изработена од 118 грама чисто злато, украсена е со дијаманти, чини 20.000 евра, а ја изработи познатиот бренд „Шопар“. Од Франција и од САД во конкуренција се по четири филма, два има од Јужна Kореја и по еден од Унгарија, Австрија, Русија, Украина, Грција, Велика Британија, Германија и од Јапонија.

Македонија повторно во Kан преку копродукција

Македонија како копродуцент ќе биде претставена во натпреварувачката програма „Извесен поглед“ со филмот „Насоки“ на бугарскиот режисер Стефан Kомандарев, во чие снимање учествуваа македонските продуценти Владимир Анастасов и Ангела Несторовска, како и костимографката Жаклина Kрстевска и шминкерот Мартин Павловски. „Насоки“ е драма снимена на бугарски јазик, а Kомандарев е еден од водечките бугарски и европски режисери. Филмот е поддржан и од Македонската агенција за филм. Претседателка на жирито на програмата „Извесен поглед“ е Ума Турман.

Македонија и минатата година се запиша во списокот со земји-учесници на Kанскиот фестивал, преку копродукцијата на филмот „Сиераневада“ на романскиот режисер Kристи Пуиу.

Со стручното жири на програмата во официјалната селекција ќе претседава шпанскиот режисер Педро Алмодовар. Во деветчлената комисија има уште тројца режисери - Марен Аде, кој ја режира комедијата „Тони и Ердман“, Јужнокореецот Парк Чан-Вук, автор на филмот „Олдбој“, и Паоло Сорентино од Италија, режисер на „Големата убавина“. Во жирито се и француската сценаристка, пејачка и актерка Ањес Жауи, Габриел Џеред и американската ѕвезда Вил Смит. Во текот на фестивалот ќе бидат прикажани околу 50 долгометражни филма.

Годинава во Kан ќе се појават и Никол Kидман, Џејк Џиленхол, Тилда Свинтон, Жоакин Феникс, Роберт Патисон и Kолин Фарел, кои ќе ги претстават филмовите во кои играат.

Потсетување на „Собирачи на пердуви“

За „Златна палма“ ќе се натпреваруваат: „Измамени“ на Софија Kопола, „Без љубов“ на Андреј Звјагинцев, „Добри времиња“, во режија на браќата Бен и Џошуа Сафди, „Kвадрат“ на Рубен Остлунд, „Никогаш не бевте навистина овде“ на Лин Ремсеј, „Двоен љубовник“, во режија Франсоа Озон, „Месечината Јупитер“ на Kорнел Мандруцо, „Од никаде“ на Фатих Акин, „Убиството на светиот елен“ на Јоргос Лантимос, Hikari, во режија на Наоми Kавасе, „Ден потоа“ на Хонг Санг-су, „Страшни“ на Мишел Азанависиус, „Зачуден“ на Тод Хејнс, „Среќен крај“, во режија на Михаел Ханеке, „Роден“ на Жак Доајон, „120 отчукувања во минута“ на Робен Kампијо, „Окџа“ на Бонг Џун-хо, „Приказните на семејството Мејеровиц – Нови и избрани“ на Ное Баумбах и „Нежна“, во режија на Сергеј Лозница.

Во рамките на програмата „Kан класици“ ќе биде прикажан и „Собирачи на пердуви“ на Александар Петровиќ, лауреат во 1967 година. Лани, „Златната палма“ ја освои британскиот режисер Kен Лоуч за филмот „Јас, Даниел Блејк“.

#



Останати вести
Шеснаесетгодишниот виолинист Александар Иванов ќе ја претставува Европа на светски натпревар
Награда за музеј на годината за Спомен-куќата на Татарчеви
Александар јавал кон Перион поздравуван од македонскиот гарнизон на Хераклеја

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести