период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Online Вести
Датум: 12.06.2017, 21:08

АНТОНИО МИЛОШОСКИ НА ТВ АЛФА

Владата наметна големи очекувања, но нема кадровски решенија за тоа

Граѓаните од новата Влада очекуваат 100.000 денари основица на лекарите, укинување на радиодифузната такса, покачување на пензии, 500 километри автопати, но од друга страна, СДСМ има многу слаби кадровски решенија, рече Антонио Милошоски за Телевизија Алфа.

Ќе почнам со двете најблиски на премиерот Заев. Првото решение, шеф на кабинет е жена која што е осудена за службена проневера како царински службеник или заменик директор на Царинска испостава и има пресуда Основниот суд во Штип за тоа. Таа ќе биде неговиот најблизок човек, истакна Милошоски.

Посочи дека доколку вашиот најблизок човек е некој кој одговарал за некаков шверц или злоупотреба на царински овластувања, тогаш, како што вели, може да замислите какво ќе биде понатамошното опкружување.

- И второто, назначувањето на генералниот секретар на владата, господинот Драги Рашковски, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека Рашковски има изјава во која вели дека НАТО е организација која што бомбардира, убива цивили и помага терористи.

- Значи се гледа дека ова е една селотејп коалиција во која личните бизнис, па и некои криминогени интереси на различни групи и етнички прашања биле составени на едно место, се со цел да ја турнат владата на ВМРО-ДПМНЕ без разлика на слабите кадровски потенцијали кои што ги нуди, потенцира Милошоски.

#



Останати вести
По споредбата на Kатица Јанева со Бијонсе, сега Димитров најавил промена на името
Ахмети преку Тачи бара спас од Беса за локалните во Тетово
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Алексовски ги почитувал протоколите во однос на разузнавачот Живаљевиќ
Да создадеме позитивен амбиент во преговорите со Грција, во реформите ќе мора да се вклучи и опозицијата
Заев, како што вети, брзо да ја внесе Македонија во НАТО без промена на идентитетот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести