период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 28.06.2016, 17:00

ПАРЛАМЕНТАРЦИТЕ ВО ЕВРОПА СЕ МОБИЛиЗИРААТ

Негирањето на геноцидот е продолжување на геноцидот

Сирија, Ирак, Дарфур, Бурунди... неподнослива листа со масовните злосторства што се случени пред нашите очи, а некои од нив може да се развијат во геноциди, е долга.

Во исто време, ние сме сведоци на пораст на негирање на масовните злосторства на нашиот континент, како од политички партии, така и преку одредена популарна култура, во различни форми: негирање или извртување на факти, релативизам, конфузија, конкуренцијата на жртвите... Kако што добитникот на Нобеловата награда за мир Ели Визел н` учи: „Џелатот секогаш убива два пати, вториот пат преку молчењето“, негирањето на геноцидот е продолжување на геноцидот.

Значи, да се биде вклучен во спречување геноцид и масовни злосторства и против негирање геноцид е едно исто движење. Станува збор за зачувување темелна вредност, живот, и посветеност што ги надминува заедницата или националните идентитети и партиски поделби. Тоа се однесува на сите нас.

Парламентарците имаат можност да преземаат акција, со што имаат и посебна одговорност. Оваа одговорност не обврзува да делуваме. Затоа, доаѓајќи од различни средини, надминувајќи ги недоразбирањата, кои понекогаш н` делат, ние се обединуваме во име на нашата заедничка човечност, во спречување на геноцидот и масовни злосторства и борба против негирањето геноцид. Преку универзалистички пристап, ние ќе дејствуваме за да се осигура дека грижата за другите преовладува над рамнодушноста, вистината над лагата, знаењето над незнаењето, солидарноста над себичноста, животот над уништување.

Ние се вклучуваме во спречување геноцид и масовни злосторства во соработка со разни меѓународни, регионални и национални организации, владини и на граѓанското општество, кои работат на тоа, со цел да се осигура дека одговорноста за заштита се спроведува доследно и ефикасно.

Kонкретно, ние прво ќе учествуваме во документирање на фактите, со присуство на теренот. Ние ќе ја информираме и ќе ја предупредуваме јавноста, како и нашите влади, европските, регионални и меѓународни институции и други парламенти за ризични ситуации.

Ние, исто така, ќе дејствуваме за да бидеме сигурни дека овие институции, почнувајќи од нашите влади, одлучно се обврзуваат да им се стави крај на сите потенцијално геноцидни ситуации, каде што можат да се случат во светот. Kонечно, ќе работиме, во рамки на институциите, почнувајќи со нашите парламенти, да се создадат механизми за следење на ризични ситуации и да се интервенира за да се спречат масовни злосторства или да се запрат оние кои веќе се случуваат.

Нашата посветеност против негирањето на геноцидот, како што е дефинирано од страна на Kонвенцијата на ОН за 1948 година и призната од страна на меѓународните институции и академскиот свет, ќе се прошири на неколку различни начини.

Со ангажирање во јавна дебата за да се отстранат и да се бориме со различни изрази на негирањата на геноцидот, и со објаснување на законите кои се најефикасната алатка.

Ширењето на знаењето овозможува да се притиснат тие што негираат геноцид. Kако последица на тоа, ние ќе осигуриме дека историчарите се во можност да работат со голема слобода, особено на тоа да имаат отворен пристап до сите засегнати архиви и со поддршка на истражувања во оваа област.

Образованието и пренесувањето информации се од фундаментално значење за нашата заедничка борба. Познавањето на историјата и сеќавањата на геноциди ќе им понуди на сегашните и идните генерации отвореност кон светот, внимание на други, поголема луцидност, и ќе придонесе за заедничка култура на човековите права.

Со оваа перспектива, ќе учествуваме во одбележување на геноциди во местата каде што се спроведени или со властите кои ги претставуваат жртвите. Со солидарност, ние ќе ги поддржиме преживеаните, праведни луѓе, борци на отпорот, како и нивните потомци, за ефектите на геноцидот кој се шири со генерации.

Слично на тоа, ние ќе организираме активности посветени на размена на иформации во рамките на нашите парламенти и ние ќе ги поддржиме тие организирани од граѓанското општество и од други јавни институции.

И на крај, ние ќе дејствуваме за да обезбедиме дека историјата и сеќавањата на геноциди се точно вградени во наставните програми, и ние ќе го поддржиме развојот на истражуваната во академскиот свет.

Примо Леви рече: „Се случи, а тоа значи може да се повтори: ова е суштината на она што сакаме да го кажеме. Ова може да се случи секаде“. За нашите генерации, како и заради следните, нашата претпазливост и посветеност ќе биде вечна.

Бенџамин Абтан
(Авторот е основаЧ и координатор на Европската мрежа на парламенти за заштита од геноциди и масовни злосторства и против негирањето геноцид и претседател на ЕГАМ. Kолумната е потпишана од 175 парламентарци од 24 национални парламенти. Од МакедониJа потписник е Александар Николоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ)

#



Останати вести
Бранко ЃОРЃЕВСКИ
Отиде возот додека Европејците се сетат чија е играта
Шарено време и злосторничко здружување
Исланд не е чудо, Исланд е правило

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести