период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 05.10.2016, 18:12

ДевоЈЧиња од 15 до 19 години во браЧен Живот

Во малолетничките бракови 22 проценти се Ромки, 6 отсто Албанки и 4 отсто Македонки

Жанета Здравковска

Алмира имала 16 години кога заминала од дома за да живее во вонбрачна заедница со Дестан според традиционалните обичаи на ромското живеење. Родителите на девојката биле шокирани и се обиделе да го убедат семејството на момчето дека нивната ќерка е с` уште многу млада за да биде жена и мајка, а не го имала завршено ни средното образование. Мајката на момчето изјавила дека тоа не е проблем зашто таа ќе ја научи с` што треба да знае. Родителите на Алмира се обиделе во полиција да побараат институционална поддршка. Но, од таму ги известиле дека возраста на Алмира од 16 години не им дозволува да дејствуваат поради законско ограничување, а истиот одговор го добиле и од јавниот обвинител.

Алмира престанала да посетува училиште зашто верувала дека кога се омажи, треба да се грижи само за домашните работи, а сите нејзини потреби во иднина ќе бидат исполнувани од сопругот. Така, ни Алмира ни Дестан не завршиле средно образование. Денес се без работа, живеат со родителите и се финансиски зависни од нив. Честопати поради притисокот и домашните расправии, Алмира се враќа кај своите родители и повторно назад во куќата кај момчето за да продолжи со одгледувањето на своето дете.

Поопширно во нашето печатено или во електронското издание.

 

#



Останати вести
Во скопските училишта ечи од паника зашто на општините не им се слуша за обуката за земјотреси
Черепот на свети Kлимент Охридски по 700 години ќе дојде во Македонија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести