период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 21.04.2017, 15:50

МАРАТОНСKА ЗАБАВА НА САЈМИШТЕ

Шоу на исландските ѕвезди од „Гус гус“

Еден од водечките состави на елекронската сцена, исландскиот бенд „Гус гус“, вечерва ќе настапи во петтата хала на Сајмиште. Домашната публика конечно ќе има можност да ужива во шоуто на бендот кој опстанува повеќе од две децении. Групата ротира повеќе имиња, но од основањето с` уште членуваат Биги Виран и Даниел Агуст. Во моментот трет член е Хогни Егилсон.

Бендот „Гус гус“ е формиран во Рејкјавик во 1995 година како филмско-музички колектив. Низ годините продуцира разни електронски жанрови, техно, поп, трип-хоп, хаус и прогресив. Зад себе има девет студиски албуми, а најголемо внимание предизвика со последното издание Mexico.

Атмосферата ќе ја загреваат диџејот Зоки Бејбе и авангардниот електронски бенд „Kантон 6“. По гостите од Исланд, подиумот е резервиран за Метју Џонсон, кој ќе ја забавува публиката до раните утрински часови.

Настанот го организира „Вин мјузик фридом“.

#



Останати вести
Џек Николсон се враќа на филмското платно со комедија
Kонцерт на Чик Kореа со „Електрик бенд“ во „Метрополис арената“
Напишав химна за модерни и самостојни дами

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести