период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 16.02.2017, 18:01

KАKО Е НА СТАРИОТ KОНТИНЕНТ

Во Европа не постои унитарна држава со два официјални јазика на целата територија

Од педесетина европски земји, само во девет има два или повеќе јазици во службена употреба, но ниту една од нив не е унитарна, а дури во 39 земји во официјална употреба се или само еден јазик или еден службен јазик со дозвола за регионална службена употреба на уште еден. Од 28 земји на Европската Унија, пак, дури 24 имаат официјални јазици што ги зборуваат припадници на народот кој е во мнозинство во таа земја. Ова го покажуваат споредбените податоци за јазиците што се во официјални и други употреби во европските земји.

Всушност, најголемиот број земји прашањето кој јазик ќе биде во службена употреба во земјата го решиле така што определиле во официјална употреба да биде само еден јазик, но и да се дозволи регионална употреба на други јазици за потребите на одредено население. Најчесто се работи за населението што го чинат припадници на друг народ, најчесто од соседните земји и кое е сконцентрирано во одредени региони во тие земји.

Токму таков е случајот и во Македонија, каде, како што е познато, во службена употреба е македонскиот јазик, а во општините каде што има повеќе од 20 отсто на одредено население во службена употреба е и јазикот на етничката заедница. По декемвриските избори нашата земја сега се соочува барањата за воведување втор службен јазик – албанскиот – како резултат на договорот на албанските политички партии и нивната платформа. Тие сега се поставени како главен услов за влез во идната владина коалиција и околу нив се водат преговорите на потенцијалните партнери.

Уставните и другите решенија во 28 земји членки на Европската Унија покажуваат дека само во четири земји официјално се зборува на повеќе јазици – Белгија, Луксембург, Финска и Ирска.

Познато е дека во Белгија статус на службени и официјални јазици имаат француски, холандски и германски јазик, во Луксембург германски и француски, во Финска – фински и шведски, а во Ирска – ирскиот и англискиот јазик. Другите 24 земји во своите конститутивни акти јасно и недвосмислено потврдиле кој јазик има статус на службен – Австрија, Бугарија, Kипар, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Холандија. Германија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Хрватска, Шведска и Велика Британија.

Определувањето за еден службен јазик се случило и покрај фактот што во поголем дел од овие земји живеат и припадници на други етнички заедници. Во Естонија, на пример, единствен јазик во службена употреба е естонскиот, на кој зборуваат Естонците, кои се застапени со 68,4 проценти во вкупното население. Наспроти нив, во земјата живеат и 25,7 проценти етничко руско население, чиј јазик с` уште нема статус на службен јазик. Во Литванија, пак, официјален јазик е литвански, кој е мајчин јазик за околу 85 отсто од населението во земјата. Истовремено, за околу 8,2 проценти од населението мајчин јазик е руски, а за 5,8 проценти - полски. Kако последица од долготрајното руско влијание во оваа земја околу 80 проценти од населението зборуваат руски јазик, што го прави втор јазик во земјата. Меѓутоа, и покрај тоа, рускиот јазик не е официјален.

Слична е и ситуацијата во Летонија, каде што во службена употреба е летонскиот јазик. Но руското малцинство с` уште бара воведување на службеноста и на нивниот руски јазик со оглед на фактот дека тој бил службен во оваа земја во времето на Советскиот Сојуз.

Освен нив, и дел од другите европски земји, кои не се членки на ЕУ имаат, исто така, уставни решенија со кои за службен е прогласен само еден јазик – Албанија, Андора, Фарските Острови, Гренланд, Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Србија, Молдавија, Монако, Норвешка, Русија, Сан Марино, Турција и Украина. Во Црна Гора, според тамошното уставно решение, се наведува дека во службена употреба е црногорскиот јазик. Но, веднаш потоа се додава дека во службена употреба се и српскиот, босанскиот, албанскиот и хрватскиот јазик. Уставните решенија на Босна и Херцерговина, кои се донесени по крвавиот воен конфликт, наведуваат дека таму во официјална употреба се три јазици – бошњачки, српски и хрватски јазик.

Напоредно со ова, во дел од земјите, во уставните решенија со наведувањето дека во службена употреба е еден јазик, постојат и уставните решенија според кои се дозволува службена употреба на јазиците на другите етнички заедници што живеат во одредени региони. Таков е, на пример, случај со Македонија, каде што е наведено дека „На целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните, исто така, е службен јазик и неговото писмо, како што е определено со овој член“.

Во истиот член се додава дека „Во единиците на локалната самоуправа јазикот и писмото што го користат најмалку 20 проценти од граѓаните е службен јазик, покрај македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. За употребата на јазиците и писмата на помалку од 20 отсто од граѓаните во единиците на локалната самоуправа одлучуваат органите на единиците на локалната самоуправа“. Законите во Република Србија, пак, наведуваат дека во службена употреба е српскиот јазик. Но, на подрачјата каде што живеат припадници на народностите во службена употреба истовремено со српскиот јазик се и јазиците и писмата на народностите утврдени со посебен закон за службена употреба на јазикот и на писмото. И во Хрватска, каде што службен јазик е хрватскиот, во локалните самоуправи каде што живеат припадниците на националните малцинства се дозволува јавна употреба на нивниот јазик и писмо.

Земји во кои се употребуваат повеќе службени јазици

Белгија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Ирска, Швајцарија, Ватикан, Финска, Луксембург

Земји во кои се зборува само еден службен јазик

Австрија, Бугарија, Kипар, Чешка, Данска, Естонија, Франција, Грција, Италија, Летонија, Литванија, Унгарија, Малта, Холандија, Германија, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Хрватска, Шведска, Велика Британија, Албанија, Андора, Фарските острови, Гренланд, Исланд, Лихтенштајн, Македонија, Србија, Молдавија, Монако, Норвешка, Русија, Сан Марино, Турција, и Украина

Бранко Ѓорѓевски

#



Останати вести
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос ја лажат јавноста дека Туфекџиќ, Богоевски и Пендаровски се независни
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Ахмети ќе му испорача на Заев закон за официјализирање на албанскиот јазик

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 16.02.2017 22:38:22
Vo svetot ne postoji Drzava kade Malcinstvoto go komanduva na Mnozinstvoto no ete vo Makedonija bash toa ni se sluchuva. Tragedijata da bide pogolema istoto Albansko nezasiteno Malcinstvo sega odi chekor ponatamu, na mnozistvoto Makedonci ne mu dozvoluvat da formira Vlada, imat Fashistichka se Albanska Platforma stokmena vo Tirana, platforma koja ucenuvachki ne ja isprchija zemi ili ostavi, Albancite go zadavat posledniot smrtonosen udar vrz Makedonskata Drzava ke vozvratime dostojno kako shto umele da vozvratat nashite Predci ili kako Putani shto napravivme vo 2001 godina ke se predademe.
Trpe, 17.02.2017 10:22:42
Vo Evropa postoi drzava so osporeno ime sto e nonsens i skoro nikogo od EU ne go boli glava za toa iako e edno od osnovnite covekovi prava no Mkaedoncite go nemaat toa pravo i tokmu zaradi rusenje na drzavata se baraat nenormalni resenija samo da se oamlovazat Makedoncite!
од мене, 17.02.2017 11:22:22
Одличен текст за тоа што е официјален јазик и унитарна држава.За тој што сфатил,сватил.Се надевам дека шаренковците црпнати од нива разбираат дека прифаќајки ја платформата на Албанците прифаќаат поделба и федерализација на Македонија со можност за распад на државава во блиска иднина.
Најнови вести