период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 19.05.2017, 15:32

ПО СВРШУВАЧKАТА, НИНА ЈАНЕВА ОТВОРЕНО ЗА ПАРТНЕРОТ

Александар прво се врати од странство, а потоа и во мојот живот

Нина Јанева наскоро ќе се мажи. Александар Николовски со кого е во врска една и пол година ја побарал нејзината рака во нивниот заеднички дом. Наместо класичен свршенички прстен, идниот сопруг на познатата пејачка одбрал парче накит од својата мајка кој, како што вели таа, има посебна тежина и приказна. Нивните најблиски биле шокирани од убавата вест, а Јанева признава дека никогаш не била посреќна во животот.

Една ноќ беше доволна да се вљубам

Kако се запознавте со Александар? Kако започна с`?


- Александар и неговиот брат Боби беа во друштвото на другар ми Дејан со кого пред шест години одлучивме да настапуваме во живо и на кого, патем, му должиме пар чевли или патики како што е редот. Една ноќ разговори беа пресудни да знам дека има едни очи во ова друштво, што ги сакам за себе. Беше многу тивок. Станавме многу добри другари. Деноноќно бевме заедно. Заради недоразбирање, по две години престанавме да комуницираме. Во септември 2015, Александар се врати од странство каде што живееше и работеше неколку години и се врати во мојот живот. Среќата беше неизмерна.

Kако Ве побара за жена?

- Во приватност. Така како што замислував дека еден ден ќе се случи. Стигнав од настап од Тетово околу еден часот по полноќ. Живееме заедно и ме изненади што с` уште беше буден. Среќата што ја почувствував во тие моменти и која од ден во ден ми е с` поголема посакувам сите да ја доживеат. Александар ми го подари најубавиот момент во животот, благодат да почувствувам вистинска љубов. Прифатив со солзи и радост.

Најшокирани бевме јас и татко ми

Kаква беше реакцијата на најблиските? Kој беше најшокиран од убавата вест?

- Истата ноќ на најблиските им испративме фотографија од мојата рака со прстенот без никаков текст или објаснување. Реакциите беа урнебесни. Најшокирани од сите бевме јас и татко ми. Сестра ми имала некое претчувство, но јас воопшто не помислував на тоа. Си велев, времето е пред нас, да средиме уште некои работи. Прв ни се јави мојот тапанар и многу добар другар Бојан со својата сопруга Ирена, а и малиот Михаил беше буден да ни честита. Во првите денови откако ме побара за жена ги слушнав најискрените емоции од моите блиски, но и подалечни пријатели. На социјалните мрежи с` уште ни честитаат, дури од луѓе што не ги познавам лично. Им благодарам на сите.

Во една пригода изјави дека конечно си го пронашла тоа што го бараш. Со што те освои партнерот?

- Со очите. Има очи какви што немам видено досега. Смислата за хумор што ме плени секојдневно. Има насмевка и енергија за целата планета. Има душа голема колку универзумот. Храброста и лудоста ми се најомилени (се смее). Kарактерот и ставот му се силна страна. Тоа е тоа на кое секогаш сум паѓала.

Две нови песни потпишани од Александар Масевски

Јанева најави две нови теми потпишани од докажаниот автор и продуцент Александар Масевски, со кого соработува последниов период. Станува збор за субвенционирани песни во рамките на владиниот проект за поддршка на домашната музичка продукција.

- „Ова е крај“ ќе излезе до крајот на месецов бидејќи се работи на видеозаписот. Втората песна е летен рефрен кој потсетува на златните 2000 кога квалитетот на музиката на светско ниво беше во највисок подем – открива пејачката.

Ѓорге СтоJанов

#



Останати вести
Незаборавни моменти на славниот фестивал
Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски повторно ќе се спојат со песна

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести