период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 19.05.2017, 18:09

Москва се надева дека македонските лидери самостојно ќе го зацртаат патот за излез од кризата

На редовниот брифинг во руското МНР одржан во четвртокот, портпаролката Марија Захарова се осврнала и на состојбата во Македонија. Притоа таа нотирала дека претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, му дал овластување на Зоран Заев, лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, да формира нова влада по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември лани.

„Ја забележуваме принципиелната позиција на шефот на македонската држава, кој сметаше дека е можно да преземе таков чекор откако Зоран Заев јавно даде гаранции дека напушта какви било планови што го поткопуваат суверенитетот на државата и нејзиното уставно уредување. Се надеваме дека политичките сили во Скопје независно ќе го зацртаат патот за излез од кризата, која беше создадена со надворешно мешање во домашните работи во Република Македонија“, рече Захарова.

#



Останати вести
Претседателот Иванов во работна посета на Јордан
Груевски: Во 2006 од СДСМ наследивме буџет од 3 милиони евра
Ахмети, Kасами и Села ќе добијат девет ресори
За СДСМ, пописот сега не треба ни да се запише во владината програма

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести