период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 20.03.2017, 16:56

НЕГАТОРОТ НА МАKЕДОНЦИТЕ ТРГНА KОН ИСТОРИЈАТА

Се тресе „Алијансата“ на Зијадин Села



Прв послушност на Зијадин Села му откажа Весл Мемеди од НДП, оставка поднел претседавачот на Општина Струга од партијата на Села, Абдула Ќазимовски, а од Унитетити на Гзим Острени си заминал генералниот секретар Мухамед Исмалили

Последните потреси во „Алијансата за Албанците“ наместо здружување во еден политички субјект, може да резултираат со распад на коалицијата. Првиот тест дали „Алијансата“ ќе опстои ќе бидат претстојните локални и евентуално нови парламентарни избори.

Во спротивно, трите партии ДР-ДПА на Зијадин Села, НДП на Весл Мемеди и Унитети на Гзим Острени можно е одделно да влезат во трката за локалната власт или, пак, дел од нив да се претопат во ДУИ.

Иако уште пред еден месец се обелодени дека е можно „Алијансата“ да стане партија и тоа го потврди Села, засега нема никаква информација дека ќе дојде до обединување на трите партии. Функционер од коалицијата брифира дека работат на спојување на трите партии, но не знае дали обединувањето ќе успее.

Извори од „Алијансата за Албанците“ потврдуваат дека во зависност од политичките апетити на партиските функционери виси можното обединување на трите партии во еден политички субјект. Но, и профилирањето на Села како единствен предводник на новата партија е каменот на сопнување за евентуалното обединување на ДР-ДПА, НДП и Унитети во нов политички субјект.

Според извори од коалицијата, но и од терен, многу поверојатно е трите партии да се раздружат наместо да се обединат. Во таков случај прогнозите се дека Унитети ќе се врати во матичната партија ДУИ, но можно е и да се приклучи кон СДСМ.

Неофицијално, Унитети игра двојна игра. Од една страна притиска „Алијансата“ да стане една партија, со оглед на тоа дека токму партијата на Острени беше таа која потфрли на последните парламентарни избори и не освои ниту едно пратеничко место иако во Втората изборна единица ја предводеше кандидатската листа.

Доколку коалицијата не успее да стане една партија, во таков случај поголеми се шансите дел од кадрите на Унитети да се вратат во ДУИ, дел да одат во СДСМ отколку да опстојат самостојно на политичката сцена.

НДП иако произлезе од ДПА на Мендух Тачи, информациите се дека е поблиска и игра за Али Ахмети. Неофицијално, токму лидерот Мемеди се спротивставува на идејата „Алијансата“ да се претопи во партија предводена од Села. И покрај обидите, вчера не успеавме да добиеме одговор од Мемеди дали е против обединување на трите партии во една.

Информациите дека Мемеди игра за Ахмети во албанската јавност се засилија откако тој јавно потврди дека лидерот на ДУИ е главниот кога станува збор за албанската платформа иако потписници на документот од Тирана се и Села како претставник на „Алијансата “ и Билал Kасами, лидер на Беса.

Според познавачите на состојбите во албанскиот политички блок, битката на Села, пак, е да се наметне како прв опозиционер иако изборните резултати на таа позиција ја исфрлија Беса на Kасами.

Токму апетитите на Села да биде новиот Мендух Тачи во албанскиот политички блок, се објаснување за неговиот засилен радикализам во изминатиов период, како што се негирањето на македонскиот идентитет и заложбите за Македонија како бинационална држава.

Според извори од терен, двојните игри на коалициските партнери, туркањето на личните политички амбиции, одливот на структури, оставки и разрешувања, како и битката да се опстане во албанскиот политички кампус, ситуацијата во „Алијансата за Албанците“ ја прави целосно конфузна.

Оттука деновиве се случија две разрешувања или оставки на високопозиционирани функционери во ДР-ДПА и во Унитети.

Од партијата на Села неодамна оставка поднел претседавачот на Општина Струга од подразгранокот во Лабуништа, Абдула Ќазимовски. Според партијата, Ќазимовски е разрешен од функцијата оти ги саботирал парламентарните избори во Лабуништа, работел против интересите на партијата бидејќи Села не го ставил на пратеничка листа. Ќазимовски, пак, соопшти дека самиот поднел оставка.

Слична ситуација викендов се случи во Унитети. Таму според Унитети, Централното собрание го разрешил генералниот секретар Мухамед Исмалили бидејќи потфрлил на парламентарните избори. Исмалили, пак, објави дека самиот поднел оставка.

Мариела Трајковска

#



Останати вести
Чавков: Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот
Фотографија стара три години ја вметнуваат како да е дел од „За заедничка Македонија“
Откажете се од платформата, за да добиете мандат
Хан и тројката ќе се скријат од „За заедничка Македонија“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Формирањето на овие партии се дел од изборниот инженеринг, 20.03.2017 22:32:33
Аман бре, уште ли не ви стана јасно дека и овие и беса беа формирани исклучиво во инерес на изборниот инженеринг. Какви пусти партии, какви бакрачи! Тие постојат и ќе постојат се додека се устоличи црпнатион, потоа, сеедно, целта е постигната и сите албански партии се добитници сосе проектот Голема Албанија А Македонија губитник! Овој текст е приказна за мали деца, и престанете да му давате лажна надеж на Народот!
Најнови вести