период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 12.06.2017, 15:02

ЛЕТО ШТО ЌЕ ГО ПАМТИ

Лозано со нова песна и номинација на германски фестивал

„Ова лето ќе се памти“ е композицијата за која Влатко Лозаноски ќе промовира спот до крајот на месецов. Автори на рефренот се неговите долгогодишни пријатели и соработници Магдалена и Лазар Цветковски, а популарниот пејач се надева дека и оваа нумера, која веќе се врти по радиостаниците ќе стане хит.

Лозано неодамна доби номинација на интернационалното мултикултурно шоу „Даф бама мјузик авордс“, кое традиционално се одржува во Хамбург. Германската продукција „Даф ентертејнмент“ третпат ќе ги награди најдобрите и најуспешните музички имиња од Европа, Азија и од Африка, а од нашата земја популарниот пејач е во трка за една од статуетките, заедно со Елена Ристеска и Тамара Тодевска.

Во меѓувреме, пејачот и неговата свршеница Савка Грачанин се фокусирани на свадбената веселба, која, најверојатно, ќе се одржи во родниот град на Лозаноски, Kичево. Нашиот поранешен евровизиски претставник ја побара за жена поранешната манекенка во декември 2015 година. Таа се појавува и во видеозаписот на неговиот хит „Обичен без тебе“.

#



Останати вести
Марко Настиќ со целовечерен сет во Струга
Отворам ново поглавје во кариерата
Со 46 години научив да гледам подалеку

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести