период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 12.06.2017, 16:38

ЕВРОПСKИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО ОДБРАНА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ

Забрана за програмирано расипување на апаратите по истекот на гаранцијата

Kомитетот за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите на Европскиот парламент оваа недела го усвои извештајот за продолжување на гаранциите за бела техника со кои треба да се продолжи животниот век на уредот. На истата седница беа усвоени и предлозите на хрватската европарламентарка Билјана Борзан за забрана за производство на сите уреди од бела техника кои беа со програмиран рок на траење, обезбедување резервни делови на сите машини повеќе од пет години и обележување на минималниот рок на траење на самите апарати. Ваквата одлука на парламентот доаѓа откако беше спроведено истражување во кое дури 92 отсто од граѓаните на Франција сметаа дека производите што ги купуваат се програмирани да траат до денот додека имаат гаранција, односно да се расипуваат веднаш кога гаранцијата ќе им истече.

Само пред еден месец Европската комисија излезе со истражување дека половина од малите апарати за домаќинство што се продаваат на пазарите на Европската Унија не се безбедни за употреба и немаат ознаки за квалитет. Таа беше и една од причините поради која ЕУ неодамна донира околу 4,5 милиони евра за купување опрема за домашна лабораторија која во иднина треба да го испитува квалитетот на апаратите на нивниот пазар. Ова важи и за апаратите што се продаваат онлајн и надвор од продавниците што се наменети за тоа.

Програмиран да се расипе

Неодамна во Европската комисија, која во соработка со европските потрошувачки центри спроведе истражување кое покажа дека машината за перење е програмирана да се расипе по одреден број вртежи при перење, телевизорите по неколку илјади часа користење, а печатачите на одреден број страници.

- Луѓето се жалат дека нивниот уред паѓа мртов веднаш по истекот на гаранцијата. Тоа не може да биде случајно и мора да биде забрането. Усвоен е и мојот предлог на достапност и разумна цена на резервните делови во случај на помали дефекти на уредите. На пример, кога се крши оската во машината за перење, мора да се замени целиот тапан бидејќи не постојат мали делови. Ова значи дека подобро е да купите нов апарат отколку да го поправате стариот - вели Борзан. Според неа, се зголемува купувањето нови апарати, се намалуваат поправките, а причината се токму скапите делови. Само во Германија во една година бројот на поправка е намален 13 проценти.

- Истражувањето покажа дека и воведувањето минимален рок на траење кај апаратите значително влијае на зголемување на продажбата на производот до 55 проценти. Само продажбата на печатачи се зголеми 70 проценти. Исто така, се покажа дека потрошувачите се подготвени да платат повеќе за производот, на пример, за машина за перење која има две години зголемен рок на траење - објаснува Борзан.

Поправка, а не нов апарат

Многу европски држави веќе имаат развиено национална легислатива за проблемот со расипување на белата техника. Така, во Франција е законски забрането програмирано расипување. Во Австрија постои ознака на уредите кои подолго траат и полесно се поправаат. Во Шведска, пак, на потрошувачите што ги поправаат своите уреди државата им дава даночни олеснувања.

- Мислам дека ова е проблем што треба да се регулира на национално и на европско ниво. Истражувањата покажаа дека повторната употреба или поправка е многу подобра дури и од рециклирањето бидејќи со поправката се создаваат повеќе од 10.000 нови работни места и тоа има подобро влијание врз животната средина - вели Борзан.

Маријана Лончар, претседател на Организацијата на потрошувачите на Македонија, вели дека нашиот закон им наметнува на увозниците за секој бренд да има и сервис.

- Kога се увезува бела техника или електрични апарати, секој увозник мора да има склучено договор со некој сервис и да има обезбедено резервни делови извесен период. Од тој аспект нашите потрошувачи законски се заштитени. Притоа имаат и гаранција за одреден временски период - вели Лончар.

Валентина Ангеловска

#



Останати вести
Најбогатите кријат многу повеќе пари отколку што се мислеше
Електричните возила сега се 2 отсто од глобалната флота, а до 2025 ќе достигнат удел од 15 до 20 отсто
Лани потрошивме 6,5 милијарди квч струја, 71 отсто била од домашно производство, покажува извештајот на РKЕ
Граѓаните од јули ќе плаќаат пониски казнени камати на сметките и на денарските кредити

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести