период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 12.06.2017, 15:04

ШОУ НА ПОПУЛАРНИОТ СРПСKИ ДИЏЕЈ

Марко Настиќ со целовечерен сет во Струга

Еден од најпознатите српски диџеи, Марко Настиќ, на 24 јуни ќе гостува со целовечерен сет во Струга. Забавата ќе се одржи по кејот на реката Дрим, во рамките на мултимедијалниот хепенинг „Струга креативен град“, поддржан од Европската Унија, ФООМ и Центарот за развој на локалната демократија. Во шоуто ќе партиципираат и повеќе локални музичари, а пред неговиот настап атмосферата ќе ја загреваат Мирко Попов и диџеј Боби.

Настиќ е еден од најангажираните белградски музички артисти во странство. Во 90-тите години на минатиот век беше иницијатор на една од најпрогресивните клупски сцени во Југоисточна Европа. На 18 години го основа техно-колективот „Тинејџ техно панкс“, а подоцно ја промовира и својата издавачка куќа „Рикон вориорс“. Првата светска турнеја ја имаше во 2002 година, а ја стартуваше во Бразил.

(Ѓ.С.)

#



Останати вести
Отворам ново поглавје во кариерата
Лозано со нова песна и номинација на германски фестивал
Со 46 години научив да гледам подалеку

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести