период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 21.04.2017, 17:17

ПИСМО

Напаѓаат Македонците или Тракијците?

Kолку што се сеќавам како млади, филмската уметност ни беше главна преокупација во нашите животи како и девојки кои понекогаш им правевме друштво за да не се сами кога ќе налетаат на некоја страшна сцена. Сега во денешно време, покрај многубројните изуми на полето на компјутеризацијата ни дозволуваат кратко време да се посветиме на некој добар филм, така што живееме во едно динамично време кое го обележува степенот на развој на нашата цивилизација. Може слободно да констатираме дека колку што е позитивен овој развој толку е и штетен генерално бидејќи нема филтер за нашите грди и злобни коментари што ги даваме преку социјални мрежи за некој пријател.

Западната цивилизација како што знаеме е една од водечките цивилизации кои постоеле на оваа наша планета. Таа се одликува со водечки научни изуми и градби. Ако патувате во Европа ќе се восхитувате на Биг Бен, Мадам Тисо, Ајфелова кула, Опера, Версај, Ноу Kамп, Саграда фамилија, Kолосеум, Партенон, Ермитаж и многу други прекрасни објекти од кои на човек ќе му застане здивот кога ќе ги види.

Ако погледнеме подлабоко во историјата на западната цивилизација ќе видиме дека колку е далеку иднината толку е блиску минатото и веднаш доаѓаме до констатацијата дека филмската уметност многу придонесува за доловување на историските настани.

Се прашуваме, дали секогаш вистинските случувања од минатото се дословно прикажувани како што биле и, дали во светот на филмскиот блесок се земаат настани што нам ни одговараат.

Kако што е познато, западната цивилизација е базирана строго на староантичките

атински научни, филозофски, размислувања, а тоа е потврдено во 1913 година со поделбата на етничка Македонија. Трите соседи водат стогодишна војна за асимилација на Македонците, преку разни притисоци, закани, убиства, застрашувања, економски уништувања и др.

Kако што стојат работите, денес и четвртиот сосед крена глава подучен од другите соседи бара, прети со помош на домашните предавници да го снема македонскиот јазик и нас Македонците и тоа во 21 век, кога техничките средства се така развиени што секоја информација може да се пренесе веднаш на другиот крај на планетата. Жално и трагично е што и големите сили го делат нивното мислење. Дури и преснимуваат цели филмови за да не се наруши западната цивилизација само да не влезе Македонската империја а со тоа и Македонците.

Таков драстичен пример е во светски познатиот филм „Бен Хур“ со Чарлтон Хестон кога кон средината на филмот на отворено море се изговара „Македонците напаѓаат... Македонците напаѓаат“, а додека во најновата верзија во истиот филм се изговара „ Тракијците напаѓаат... Тракијците напаѓаат “. Или така некако.

И колку да сакаат некои да го избришат македонското име и нација нема да успеат бидејќи тоа име е темел и основа на европската цивилизација и покрај тоа што систематски некој ги уништува фактите и артифактите.

Kолку што се сеќавам пред дваесетина година имаше информација дека ЕУ ќе печати книга „Европска цивилизација до 20 век“, во која содржина ги немало Грците. Така, лути на ЕУ ургирале и влегле во споменатата книга.

Нашиот претседател Ѓорге Иванов добро направи што им достави писмо на големите сили за состојбата во која се наоѓа Р. Македонија но, на кои адреси е испратено- на тие што резултатот 49 спрема 51 го сметаат за поразениот за победнички, на тие што бараат од нашите политичари да не игра Роналдо (Н. Груевски) за изборите, туку да игра некој послаб играч, за нивниот пулен да извојува победа, на оние кои бараат нашите борци да употребат сразмерна сила да не им се расипат клима-уредите .

Сметам дека писмата се испратени на погрешна адреса бидејќи во ЕУ одлучуваат бирократски кадри што се менливи на краток период, туку требало и треба да се испратат на сите европски (и пошироко) кралеви, кралици, принцови и принцези и да им се објасни каква ујдурма ЕУ ни прави и да бараме и ние Македонците да имаме едно праче сино небо на ова планета.

Треба да им се објасни дека Македонците имале 47 кралства и заслужуаат да влезат во кралските порти на западната цивилизација бидејќи некои мали земји станувале кралски само со стапување во брак со некои од кралските семејства, а додека нас и покрај хронолошки евидентирани кралеви на Македонија не бришете.

С` што е погоре напишано и запишено не е вистина, туку е најблиску до вистината.

Томе Секуловски, Скопjе

#



Останати вести
Соросовата надгробна плоча на Македонија
Главните проекти на СДСМ се антидржавни
Сите Македонци во една држава

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести