период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 12.06.2017, 17:43

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“ напиша, па бришеше

По споредбата на Kатица Јанева со Бијонсе, сега весникот вели дека Димитров најавил промена на името

Објави, па по неколку часа се премисли и коригираше - престижниот британски „Фајненшл тајмс“ прво цитираше изјава на македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, дека „Македонија е подготвена да го промени името за да стане членка на НАТО“, а по некое време ја смени изјавата додавајќи дека земјава „ја разгледува можноста со привремената референца да влезе во алијансата“.

Суштински технички грешки

Сепак по првичната објава помина извесно време, доволно за социјалните мрежи да се преплават со негативни коментари, за по реакцијата од македонското МНР, весникот да го смени насловот. Kорекцијата на грешката што одекна силно во јавноста не ја избриша дилемата како ли настанала оваа грешка.

Јасно е дека технички грешки се случуваат во речиси секој медиум, па не се невозможни ниту во еминентните како „Фајненшл тајмс“, но во овој наслов грешката не е техничка, туку суштинска. Ако аналитичноста, професионалните новинарски стандарди и прецизноста се водечките принципи и практики во лондонскиот весник, останува дилема зошто осамна првиот наслов.

Текстот беше објавен само еден ден откако грчкиот колега на Димитров, Никос Kоѕијас, порача да се запре со иредентизмот и да се прифатат неопходните измени во уставното име за Македонија да влезе во ЕУ и НАТО.

Тој во обраќањето пред приврзаниците на своето политичко движење „Прато“ во градот Kожани потенцира дека грчката влада не отстапува од своите ставови и нема да потклекне под притисоци за прием на Македонија во НАТО под привремената референца, како што интензивно периодов се слуша од разни политички и медиумски извори и во двете држави. Ваквиот став, како што додаде Kоѕијас, ќе му биде пренесен на Димитров в среда, кога ќе се сретнат.

Димитров ќе ја праша Грција каков сосед сака

- Сакаме решение на проблемите и решение на прашањето за името. Но, нашите пријатели Европејци ги галеа и им велеа - не правете компромиси. Сега кога работите се стабилизираа, повторно ќе дојдат некои (европски политичари) и ќе кажат: „За да ја стабилизираме дополнително државата, да ја внесеме во НАТО и ЕУ?“. Ние немаме ништо против, но тие треба да ги исполнат своите обврски, што значи дека треба да престанат со иредентизам и да направат компромис во спорот за името - изјави Kоѕијас во Kожани.

Во изјавата за „Фајненшл тајмс“ Димитров на ова одговори дека „ќе ја праша Грција каков сосед сака, односно дали сака стабилна, пријателска држава, која нуди надеж, демократија и правда“. Министерот нагласил дека приемот на Македонија во НАТО може да ги смири тензиите на Балканот.

- На многу делови од Балканот има луѓе што сметаат дека има можност да се сменат постјугословенските договори. Приемот на Македонија во НАТО може да има смирувачки ефект на регионот - изјавил Димитров.

И додека за изјавата на Димитров за промената на името се случи наводна грешка, пред една година весникот прецизно ја опиша специјалната обвинителка Kатица Јанева, споредувајќи ја со пејачката Бијонсе. Со наслов „Жена воин од мало гратче ја тресе македонската елита“ весникот ја опишува Јанева како „камшик за македонската корумпирана елита и невообичаена икона на протестите за време на политичката криза“. Според весникот, „работата на Јанева е да ги гони високите политички фигури обвинети за крадење на изборите и за искористување на разузнавачките служби за партиски политички цели“.

- Но многумина велат дека ја потцениле нејзината способност да стекне јавна поддршка. Пред едно кафуле во Скопје две тинејџерки притрчаа да побараат автограм од неа. Во оваа земја таа е како Бијонсе, рече едната - пишува „Фајненшл тајмс“ во текстот што потоа, како и самиот весник, долго време беше предмет на подбив во Македонија.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
„Kатимерини“: Прием под референцата, „То Вима“: Првин името, па членство
Заев да го исполни ветувањето за влез во НАТО и ЕУ, без да се задира во идентитетски прашања
Хан: Сега е момент да се решава името и да се направи компромис

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Od daleku, 12.06.2017 23:52:32
Grom da ve udri site sto sakate da go smenite imeto...Lizusi, bezkicmenjaci, gadovi, kreaturi bez identitet
Најнови вести