период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 19.05.2017, 17:04

Премиера на детската оперета „Пролетна приказна“ на Мајски оперски вечери

Детскиот хор „Фалсето“ в сабота напладне во Македонската опера и балет премиерно ќе ја одигра детската оперета „Пролетна приказна“ од композиторот Стојан Стојков, во рамки на 45. Мајски оперски вечери.

Оперетата е според текстовите на Ванчо Николески, Стојан Тарапуза, З. Стојановиќ, Васил Kуновски, Благоја Пановски, а во драматуршка адаптација на Стојан Стојков.

Режисер на оперетата е Трајко Јордановски, диригент на хорот е Теа Богатинова, а костимограф е Никола Ефтимов. Во придружба на хорот настапуваат Доминика Робе на пијано и Тео Теодосиевски, перкусии. Солисти се Јана Диралова, Софија Стојковска, Теодора Блажевска, Луна Бејков, Оља Алексовска, Теона Јаневска, Маријана Андоновска, Јована Филиповска.

Детскиот хор „Фалсето“ при Македонската опера и балет е формиран во 2016 година и брои 40 членови на возраст од 9 до 15 години. Основна идеја и цел на ансамблот е воведување на децата во светот на класичната музика и запознавање со оперскиот репертоар, совладување на хорската техника и стекнување хорска култура. Главна активност на малите хористи е учеството во оперските претстави на големата сцена каде што тие добиваат можност да настапат рамо до рамо со реномирани уметници. На овој начин хорот придонесува за зголемување на интересот и нивото на музичката култура кај децата и подготовка за нивниот понатамошен професионален музички развој. Со хорот раководи Теа Богатинова, дипломиран музичар, композитор, диригент и долгогодишен хорист.

#



Останати вести
Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“
Предавање на Себастијан Цихочки во Музејот на современата уметност
Легендарниот маестро Ашкенази пресреќен што дошол во земја каде што распознава кирилски букви

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести