период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 19.05.2017, 17:05

Бистрица Миркуловска добитничка на наградата „Даница Ручигај“

Доајенката на Друштвото на писателите на Македонија, поетесата Бистрица Миркуловска, е добитничка на наградата „Даница Ручигај“, која ДПМ ја доделува за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација. Наградата е доделена за стихозбирката „Фатаморгана“ објавена во издание на „Академски печат“ од Скопје. Признанието ќе биде врачено на манифестацијата „Празникот на липите“, која ќе се одржи во средината на јуни.

Бистрица Миркуловска е родена во 1930 година и е автор на повеќе од 20 стихозбирки. Покрај поезија, пишува и проза, литература за деца, а активно се занимава и со превод. Својот работен век го помина како професор по словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Kонески“ во Скопје. Член на ДПМ е од 1971 година.

#



Останати вести
Предавање на Себастијан Цихочки во Музејот на современата уметност
Легендарниот маестро Ашкенази пресреќен што дошол во земја каде што распознава кирилски букви
Премиера на детската оперета „Пролетна приказна“ на Мајски оперски вечери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести