период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.03.2017, 15:20

Федерер игра како во најдобрите денови

Роџер Федерер игра тенис како во своите најдобрите денови. По освојувањето на Австралија Опен, сега го освои и трофејот на Индијан Велс. Со 35 години и седум месеци стана најстар освојувач на еден ваков АТП-мастерс 1000 турнир надминувајќи го досегашниот највозрасен играч кој победил - Андре Агаси. Ветеранот воопшто не размислува да прекине, туку најави освојување уште турнири.

- Пред 17 години првпат дојдов тука и мило ми е што сега си заминувам како победник. Се надевам дека ќе продолжам да играм на ова ниво и дека ќе освојувам уште многу турнири сезонава. Едвај чекам да се вратам тука и следната година - рече Федерер по освојување на титулата во Индијан Велс. Финалистот Вавринка не можеше да ги задржи емоциите и заплака додека го примаше признанието за финалист на турнирот.

- Честитки за Роџер. Убаво е да се види како игра на вакво ниво во сите овие години. Ќе го памтам турнирот по тоа дека сум бил финалист во 2017 година и ќе ми биде полесно - рече Вавринка.

Федерер, кој моментално е шести играч во светот, му се придружи на Новак Ѓоковиќ со по пет освоени титули на Индијан Велс. Федерер на турнирот во Индијан Велс победуваше во 2004, 2005, 2006 и 2012 година. Овој последен трофеј му е 25. од категоријата на АТП-мастерс 1000.

Во кариерата има освоено 90 турнири, од кои 18 од гренд слем серијата.

#



Останати вести
Ангеловски: Ќе одиме да ја извојуваме првата победа
Работнички и Kарпош Соколи се радуваа во Суперлигата
Македонските млади ракометарки се пласираа на ЕП
Брест Мешков домаќин на завршницата од СЕХА-лигата
Спортинг Лисабон му фрлил око на Ристовски
Милевски: Црна Гора ќе биде последна проверка за новата генерација

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести