период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Отворена
Датум: 07.10.2013, 18:45

МПЦ И ПОТРЕБАТА ОД НОВ KОНЗЕРВАТИВИЗАМ

На владика не му личи кежуал-стил

Неодамна во медиумите се појавија неколку скандалозни фотографии на владиката Пимен од т.н. Европска епархија на МПЦ, кои веројатно се автентични. На една од нив тој во црна свештеничка мантија се наоѓа зад воланот на нов модел на „Порше“, а на друга фотографија управува глисер, без обувки. Информациите за неговиот кежуал-моден стил на облекување (патики, ранец итн.), директното инволвирање во политички настани (случајот „Бристол“ и ставовите против легалната изградба на државна зграда), како и информациите дека пишувал „колумни“ на некаква интернет-страница на поранешен водител на квизови (?!) наместо за списанијата на МПЦ, мора да предизвика реакција на синодот на МПЦ.

Според некои информации, овој владика дури изјавил и дека премиерот на РМ лажел во врска со неговото (наводно непостојно) барање за средба, а цинично пишувал и за легалното гласање на Македонците од Мала Преспа на локалните избори. Без оглед на фактот дека за да се биде владика на МПЦ подразбира исполнување високи морални и интелектуални стандарди на личноста и со сета почит кон него како владика, сето ова се одразува многу негативно врз авторитетот на еден од столбовите на македонизмот. Се чини дека сето ова непримерно однесување на еден владика е и кулминација на погрешниот начин на дејствување на МПЦ во севкупната општествена динамика доколку експлицитното неосудување на ваквото однесување во определен контекст може да значи и премолчено согласување со ваквите јавни перформанси на владиката Пимен. Доколку претпоставиме дека случајот со владиката Пимен може да значи почеток на некаква „либерализација“ на МПЦ, станува јасно дека тоа денес за македонската држава би било погубно. Всушност, денес за РМ е итно потребен нов конзерватизам од црквата (за групата национални прашања и проблеми) наместо дополнително ослабување на реалните (а не имагинарните) позиции на МПЦ – и преку тоа и на македонскиот народ – со нов „либерален“ речник и однос кон битните реални трендови, кои се закануваат да ја разнебитат оваа наша и нивна држава.

Со несоодветното однесување на владиката Пимен како повод за преиспитување на општественото влијание и одлуките кои за овие дваесетина години произлегуваа од МПЦ, објективно може да се процени дека МПЦ с` повеќе има негативно влијание во контекст на последиците врз јавното мислење на македонскиот народ, кои произлегуваат од нивната преголема величествена изолираност од светот на животот. Премногу пасивна за битните прашања и предизвици на РМ, освен во неколку случаи, кои директно ја засегаа финансиската стабилност на црквата и несомнено во резултат предизвикаа нови поделби меѓу Македонците (расколот во Австралија), денес е дојдено време кога е неопходно Светиот синод на МПЦ да направи ново промислување за идното влијание, да воспостави нови правци на дејствување, да го зацврсти статусот во општествено-политичкиот систем и директно да се вклучи во најбитните процеси во државата, со својот авторитет, која сама по себе го има. Посебно важно е промената на стратегијата на јавно дејствување да биде изведена преку споредба со агресивното и многу често незаконско однесување на ИВЗ, токму спротивно од досегашното трпеливо и зачудувачко вртење и на другиот образ на МПЦ во неколку случаи, меѓу кои последниот е во струшко Октиси.

Без оглед на комплицираните дебати, кои траат со векови за односот меѓу црквата и државата, конкретната анализа на оваа тема во контекст на состојбите во нашата општествено-политичката реалност, која како и за сите други важни извори на масовно влијание и продуцирање на смисла, која во определен мисловен хоризонт реално има големо влијание врз однесувањето на индивидуите, денес во РМ мора да биде структурирана според квалитетот на придонесот во историски нужниот процес на засилување на македонскиот национален дух. Kонстатацијата на неколку факти недвосмислено покажува дека денес МПЦ има многу реални причини за загриженост и потреба за радикален пресврт во својата позиција како јавно-историски национален чувар на битието на сопствениот народ и држава. Воопшто не е јасно зошто МПЦ децидно не констатира дека според историските факти православното христијанство на овие географски простори се единствената автентична религиска определба, пред интензивниот и (дури и денес) во многу аспекти насилен продор на население со поинакви религиски определби. Со тоа би следувала структурна делегитимација на с` поагресивните и бесмислени барања на други религиозни организации, а кои добиваат политичка поддршка и со кои се бара дури и правна сопственост врз објекти и деловни простори врз основа на некакви „тапии“ издадени во (и во религиозна смисла) окупаторски режими и системи.

На пример, с` уште актуелната и политички деструктивна иницијатива за изградба на некаква Бурмали џамија на место каде што претходно била урната црква и несфатливиот молк на МПЦ во однос на ваквите обиди за фалсификување на континуитетот на христијанството доведуваат до дестабилизација на еден битен темел на мислењето на Македонците и на колективната самодоверба за перспективите и за иднината на оваа држава. Нереагирањето за многуте насилни спречувања за изградба или реконструкција на цркви наспроти докажаните дивоградби-џамии (на пример, за џамијата во Горна Белица имаше судска одлука дека е дивоградба), воопшто не влијае позитивно во обидите РМ да биде демократска и правна држава. МПЦ не смее да биде, посебно во контекст на актуелните антимакедонски процеси во и надвор од територијата на РМ, с` уште потоната во историски конзерватизам за значајните општествено-политички мегатрендови бидејќи е важен одраз на историскиот развој на македонскиот народ.

Уште повеќе, тој конзерватизам да важи единствено за молкот за општествено-политичките проблеми и тоа во време кога другите с` поагресивно се вклучуваат во директно менаџирање на многу процеси што во резултат ќе ја ослабат позицијата на МПЦ. И уште поапсурдно, отстапките од традиционалниот конзерватизам да бидат во промовирање нови однесувања и модни стилови на владици наместо свртување кон реалноста во државата и народот од кои тие (МПЦ) произлегуваат, па според тоа и треба да ги артикулираат (барем во еден дел) вредностите на колективниот егзистенцијален тоталитет на македонскиот народ.

Тони Науновски

 

#



Останати вести
Растењето бара нова облека
Глас за достоинството на Ромите во Европа
Вартоломејски грев
Фрау Ангела против фрау Ханелор

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
МАКЕДОНЕЦ, 07.10.2013 23:35:09
Тони,текстот е прекрасен иако премногу си мек према ПИ-МЕН сладострасникот на вина,жени,коли,луксуз,... Малце му е тоа па на ФБ го иритира и дели МАКЕДОНСКИОТ НАРОД со своите соросоидни статуси .... Не заслужува овој Вранишковски 2 поеке коментар .... Тони , ја почитувам твојата храброст секогаш прв да проговориш за одредени проблеми во државата па и во црквата ..... Сите се фалиме со првите православни цркви кои се изградиле токму во МАКЕДОНИЈА , а црквата молчи и трае .... Уште еднаш , секоја почит од мене и мислам дека таа тема ќе отвори многу дебати .... !!!
kastriot, 08.10.2013 00:24:46
Neli Albancite bea krivi za se profesore
jovan, 08.10.2013 01:30:52
Neznam kako se oblekuval Pimen i dali vozel gliser bos, a nitu pa ke navleguvam vo toa koja e poentat na ovaa kolumna(drugi komentatori toa neka go izanaliziraat),no ke napomenam nesto drugo povrzano so oblekuvanjeto. Pamtam vo SFRJ tocno se znaese kako treba da se odnesuva uniformirano lice, sto smee, a sto ne smee da nosi...itn. I svestenite lica se eden vid uniformirani lica, pa valjda i oni si imaat nekakov kodex na oblekuvanje i ponasanje na javno mesto. Site onie koj go prekrsuvaat toj kodex, treba disciplinski da odgovaraat. Istoto bi trebalo da se odnesuva i na drugite uniformirani lica(policija, vojska), a ne da gledame policajci so naocari vo kosa, raskopcani, so lanci na vrat na raka... im falat uste i alki na nosovite. Bi trebalo da ima neko kodex na oblekuvanje i odnesuvanje na sluzbeni lica, pogotovo onie so uniforma.
do Afrim tesnoglediot, 08.10.2013 07:13:24
Ti ne dade primeri onakvi kako sto baram.Vnimavaj,neka spomne Daut ili ti nekoi drzavi etnicki i unitarni so geografska ili druga odrednica do imeto na drzvite,odnosno ustavnite iminja,a narodot vo tie drzavi da nema odrednica.Takvi drzavi so odrednici do nivnite drzavni iminja nema.Pogresni ti se sporedbite na drzavite sto gi nabroja so Makedonija.Hong Kong i Tajvan ne se drzavi.Tie se smetaat kako del od cela Kina.Nema juzna i severna Koreja.Ima NDR Koreja i R Koreja.Kosovo ne e legitimna drzava,odnosno taa e kvazidrzava.Belgija i Svajcarija se federacii i ne postojat etnicki Belgijci,ne postojat etnicki Svajcarci,nema belgijaski i svajcarski jazik.Nema etnicki Avstrijci,nema avstrijski jazik.Makedonija e unitarna drzava so etnicki Makedonci so makedonski jazik.Ako se smeni imeto na Francija,ke se smeni identitetot na Francuzite vo Francija,no i na Francuzite vo Belgija i Svajcarija.Ako se smeni imeto na Germanija,ke se smeni identitetot i na Germancite vo Svajcarija i Avstrija.Ti Af
Nikoj i nisto, 08.10.2013 08:22:48
Vo MPC-POA treba seriozno da se ,,presee,,...zatoa vo crkva ne vleguvam.Odnadvor im go gledam sramot....
zik, 08.10.2013 08:53:59
зато бегаат од ова земја...кој стигна ...доктор,магистер,ректор... за ,,новинари,, по нарачка и да не збораме...па ,,патриоти,, како авторот на овие редови...зато не прогласиле за најмизерни
kuckovo, 08.10.2013 09:12:03
E pa Toni toa ke bide taka,ako manastirot Bigorski se koristi kako kafana samo za odredeni lica koi zaedno so monasite si pravat sedenki i jagninja,ako monasite dremat po kafici vo Debar so razni somnitelni tipovi i sekoj den od tamu imas edno auto vo Skopje so monasi pankeri,a siromaviot narod se koristi samo za donacii kon crkvata,taka ke bide,ne e Bigorski na Dositej i Partenie,ne e crkvata na popovi biznismeni,koga si cul crkvata da donira za necie lecenje ili sanacija na klinika.Toa sto e sekojdnevie vo politikata toa e i MPC,biznis.
Горан, 08.10.2013 10:08:04
А, вие сакате Црквата сакате да ги мие политичките промашувања???
MIZIJA,TRAKIJA.MAKEDONIJA- Edistvoto pravi Silata, 08.10.2013 10:45:00
Samo Bugarska Ekzarhija 1870-1913g,( do srbsko-grcka okupacija ),braneshe interesite na sonarodnicite ni vo Makedonija.Site mitropoliti bea mesni ljuge vo Solun,Seres,Bitola,Ohrid,Dojran,Strumica,Veles,Kumanovo,Debar...Poveketo mitropoliti se diplomirani vo Solunska Bugarska Mashka Gimnazija (poveke vo Internet za CRKOVNITE borbi na bugarite vo Makedonija )
of mori majko, 08.10.2013 10:59:15
Kako toa Pimen ti preci a ne ti precat mercedesite na Stefan? Ili ovoj vtoriov vi se poklapa u ekipata portokalova?
Dimitar Pelikudoski, 08.10.2013 11:13:50
Do nikoj i nisto: Na praviot vernik nikoj i nisto ne mu smeta za da odi vo crkva. Ti vo crkva ne vleguvas oti ne si hristijanin, a po komentarite izgleda ne si ni Makedonec. Ubavo si se identifikuvas - ti si nikoj i nisto.
mene, 08.10.2013 13:06:07
abe ti teknue koga te prakavme po cigari na fakultet..
Митреица, 08.10.2013 13:12:34
Не е крив Пимен. Крив е тој што го назначил за владика. Не се чудете што не сме признати од Православните цркви. Со вакви владици и монаси кафанџии „далеку“ ќе стигнеме. Свештените лица треба да бидат пример за Црквата, а монасите ангели на овој свет... Редно време е да се искорени плевелот, Господ нека ни е на помош!
Колумнист, 08.10.2013 13:38:21
Пимен е владика колку си ти професор
Најнови вести