период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 20.04.2017, 16:12

ФУДБАЛ - ШKЕНДИЈА И ПЕЛИСТЕР СЕ ФИНАЛИСТИТЕ ВО KУПОТ НА МАKЕДОНИЈА

Шенсои: На битолчани им ветувам дека ќе го освоиме трофејот

Актуелниот победник во фудбалскиот Kуп на Македонија, тетовска Шкендија, и битолски Пелистер се финалистите на 25. издание од осамостојувањето на мак-фудбалот. Шкендија во полуфиналниот двомеч го елиминира шампионот Вардар, иако загуби пред своите гледачи (0-1), но доволен ~ беше триумфот од првиот меч во Скопје (3-1) за вкупна победа. Пелистер во првиот пролетен натпревар одигран во Битола ја победи штипска Брегалница (1-0) и со ремито од првиот меч (2-2) обезбеди четврти настап на завршниот меч закажан за 17 мај. Местото на одигрување на годинашното финале во Kупот, ФФМ најави дека дополнително ќе го соопшти.

Битолчани првпат пролетва беа вистински домаќини на стадионот на „Под Тумбе кафе“ каде што со погодокот на Бразилецот Лукас во 80. минута предвреме ги симнаа грижите од евентуално изненадување.

Пелистер во четвртиот финален настап ќе атакува вторпат да биде запишан на големиот преоден пехар од ФФМ како освојувач на истиот. На овој успех се израдуваа во 2001 година.

- Победата ни е добредојдена по шест меча без триумф во првенството. Имавме психолошки притисок со кој добро се справивме. Победнички резултат ни беше потребен. Дојде во вистински момент. Пелистер во продолжението од сезоната ќе игра многу подобро и ќе биде вистински домаќин кој ќе има поддршка од своите навивачи. Нив им ветувам уште од сега дека ќе го освоиме и трофејот во Kупот - порача по пласманот во финалето Наџи Шенсои, тренерот на Пелистер.

Шампионот Вардар извојува Пирова победа во Тетово над лутиот ривал Шкендија (1-0), четврта сезонава покрај трите првенствени, а загуби само еднаш на првиот полуфинален меч од Kупот во Скопје (3-1) и тоа го лиши од можноста по десетгодишна пауза повторно да се бори за нов куп-трофеј. Шкендија како актуелен победник третпат ќе игра во финалето и ќе се бори вторпат да стаса до титулата.

На средбата во Тетово имаше и немили сцени за кои сигурно ќе има и трето полувреме пред надлежните во ФФМ бидејќи, покрај црвените картони за капитените Ферхан Хасани (Шкендија) и Бобан Грнчаров (Вардар) по настанатата мешаница на теренот, неканети од трибините влетаа и домашни навивачи поради што судијата Александар Ставрев по половина час игра ги испрати двете екипи во соблекувалните. Откако страстите се смирија, по дваесетина минути принудна пауза мечот продолжи. Вардар го реши во своја корист со погодокот на Дарко Велковски во 60. минута, но не направи и резултат за да ги елиминира домаќините кои во овој меч влегоа со два гола предност.

- Ова беше тежок меч за да се издржи, пред с`, од психолошки аспект. Победници сме во овој полуфинален двомеч и тоа н` прави среќни. Стигнавме до финалето во Kупот, што секако беше наша цел, па се надевам дека ќе го сочуваме и трофејот. Навивачите секогаш се наш 12-ти играч, но мора да се бидат внимателни и одговорни во своето однесување бидејќи не ни се потребни инциденти. Мора многу да се внимава и за тоа - порача Томас Брдариќ, тренерот на Шкендија.

#



Останати вести
Буфон во полуфиналето го посакува Реал или Монако
Енрике: Kапата долу пред „старата дама“
Гонзалес ги врати Ристовски, Јоноски и Прибак

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести