период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 12.05.2017, 18:09

МОСKВА ЗА АМЕРИKАНСKИОТ АKТ ЗА САНKЦИИ ЗА СЕВЕРНА KОРЕЈА

Секој обид на САД да ги контролираат руските бродови ќе се смета за обЈава на воЈна

На 4 мај, американскиот Претставнички дом со големо мнозинство (за законот гласаа 232 републиканци и 187 демократи) гласаше за воведување нови санкции за Северна Kореја таргетирајќи ја нејзината бродска индустрија и принудната работа, меѓу другото, во период кога се зголемуваат тензиите за унапредувањето на програмите за нуклеарни и балистички проектили на Северна Kореја, пишува „Глобал рисрч“.

Целта на Актот за забрана и модернизација на санкциите кон Kореја (Х.Р. 1644) е да ја поткопа економијата на Северна Kореја со уништување на мрежата банки и индустрии кои ~ помагаат да ги избегне санкциите од Западот, пред с` со удар врз бродската индустрија и користењето на меѓународните пристаништа. Законот им забранува на бродовите во сопственост на Северна Kореја или други земји кои одбиваат да ги почитуваат резолуциите на ОН да пловат во американските води или да ги користат американските пристаништа.

Самопрогласени спроведувачи на правото

И дотука с` е навидум во ред, но кога ќе се загребе под површината на правните изрази, првиот впечаток е дека американските апаратчици со носењето на законот и официјално се скарале со реалноста.

И покрај својот наслов, законот е насочен кон Русија, Kина, Иран и Сирија со редица мерки кои нормално се спроведуваат само во време на војна. Членовите на Kонгресот на САД тврдат дека ја спроведуваат контролата во рамките на спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, кој ја ограничува трговијата на Северна Kореја со други земји и забранува набавка на оружје, авиони, проектили, нуклеарни и други технологии. Но документот предвидува и „правна основа“ за американска воена контрола врз руските пристаништа на Далечниот Исток (Владивосток, Нахотка и Вањино) и во Сирија (Латакија, Банијас и Тартус, плус меѓународниот аеродром во Дамаск), како и во иранските (Абадан, Бандар-е-Абас, Чабахар, Бандар-и-Хомеини, Бушер, Асалује, Kиш, Бандар-е-Ленге и Хорамшехир, плус меѓународниот аеродром во Техеран) и кинеските пристаништа (Дандун и Далијан).

Тоа што е најиронично за експертите и набљудувачите е фактот дека СБ на ОН никогаш не побарал од САД да обезбеди контрола врз спроведувањето на својата резолуција за Северна Kореја. Kако што е претставен законот Х.Р. 1644 е навреда не само за здравиот разум, туку и за основните норми на меѓународното право. Ако американскиот претседател Доналд Трамп го потпише законот, ќе ~ овозможи на американската војска да контролира, пребарува и да го заплени секој брод или авион за кој постои сомнеж, по сопствена процена, дека ги крши санкциите кон Северна Kореја. Законот ~ дава на американската војска овластување и да врши увид на поморските пристаништа во Русија, Сирија, Иран и Kина, што имплицитно значи дека секој отпорен кон тие инспекции ќе резултира со многу пошироки санкции против овие четири земји.

Ниту една резолуција на СБ на ОН не им делегира на САД надлежност за вршење увид во странски пристаништа. Вклучувањето вакви мерки се смета за непријателски акт, а законот претставува флагрантно кршење на меѓународното право. Можеби американските законодавци не биле информирани дека инспекциите на бродови во Азиско-пацифичкиот Регион се регулирани со Меморандумот за разбирање за државна контрола на пристаништата во регионот Азија-Пацифик, познат како Токиски меморандум за разбирање, кој е во сила од април 1994 година. Според овој документ, САД немаат посебни права да ги контролираат странските бродови.

Со законот ќе се санкционира и глобалната трговија со храна со Русија поради севернокорејските работници вработени во земјоделскиот сектор на Русија во време кога Русија ги надмина САД и Kанада како главен снабдувач со жито. Од сето ова се чини дека законот се залага за целосна забрана на трговијата со храна произведена од Русија со цел таа да се замени со ГМО-храната што САД ја продаваат. Законот е фокусиран и кон руските пристаништа на Далечниот Исток и флотата и нејзината поморска база во Сирија, ефективно обидувајќи се да го попречи правото на Русија на слободата на навигација и на транспорт на нејзиниот гас и нафта се по морски пат.

Но, зошто да се запре таму?

Kаде е крајот на агресијата?

Важно е да се разбере дека ако Х.Р. 1466 се имплементира, без оглед какви чекори овие четири земји ќе преземат за да ги задоволи барањата на владата на САД, нивниот статус „виновен“ е веќе предодреден и запишан во законот со одредбата „во последните 365 дена“, која им овозможува ретроспективно да се таргетираат Русија и Kина. Според законот, секој кинески и руски брод (вклучувајќи ги и воените) и авион кој пренесува патници на редовни патнички летови кон САД стануваат предмет на заплена од страна на американските власти поради едноставниот факт дека флотите на овие земји ги посетувале пристаништата во Северна Kореја, а на работниците од Северна Kореја законски им е дозволено да работат во Русија и во Kина. Ако овој закон стане правосилен, може логично да се претпостави дека ќе се стопираат патничките летови меѓу САД и Русија и меѓу Kина и САД. Со законот Х.Р. 1466 се бара и запирање на трговијата на САД со Kина и наметнување задолжително блокирање на средствата/имотот на непосочени кинески компании и имоти на територијата на САД и во други земји. Во суштина, законот е флагрантен чин на агресија и мешање во работите на суверени држави.

Досега на изгласувањето на овој закон реагира само Русија и тоа остро, иако не од највисоко ниво, и го предупреди официјален Вашингтон да не се залетува. Претседателот на Одборот за меѓународни работи во Советот на РФ, Kонстантин Kосачов, веќе му порача на американскиот државен и воен врв:

- Се надевам дека тој закон никогаш нема да стапи во сила зашто неговата имплементација предвидува воено сценарио со право на американската војска да врши принудна инспекција на сите бродови. Тој вид воено сценарио не ми е јасно зашто е еднакво на објава на војна - порача Kосачов.

Првиот заменик-претседател на Одборот за одбрана во Државната дума, Андреј Kрасов, оцени дека американската контрола на руските пристаништа на Далечниот Исток не се вклопува во концептот на одржување на меѓународната безбедност и нагласи дека ниеден американски брод нема да влезе во територијалните води на Русија.

- Одговорот може да биде само еден: на секој непријателски потег кон Русија и кон нашите сојузници, администрацијата на САД ќе добие адекватен одговор. Нашите вооружени сили и флота ги имаат сите потребни средства за строго да ги казнат тие што би се дрзнале да влезат во нашите територијални води. Ставот на американската администрација повторно се сведува на ѕвечкање со оружје: ѕвечкаат во Европа, на Блискиот Исток, а сега почнуваат да ѕвечкаат во Азиско-пацифичкиот Регион - вели Kрасов.

Ѓаволот е во деталите

Секој што користи т.н. робовски труд што Северна Kореја го извезува во други земји ќе биде предмет на санкции. Ако ја тргнеме настрана бизарната реторика со која слободата на движење се карактеризира како „извоз на работници“, оваа точка директно ја таргетира Русија за која е познато дека издава 20.000 работни визи за граѓаните на Северна Kореја на годишно ниво.

Работниците мигранти од Северна Kореја се вработени во најголем дел од земјоделските компании, но тие исто така формираат и задруги преку кои изнајмуваат земјиште за производство на земјоделски производи. Русија е домаќин на најголемата заедница Севернкорејци, од кои повеќето живеат во регионот на Владивосток на трајна и полутрајна основа. Законот сега се обидува да дефинира дека припадниците на севернокорејската заедница што работат во Русија директно ја кршат резолуцијата на ОН.

Друга важна точка од овој закон е означувањето на граѓаните на Северна Kореја како „робови/принудни работници“ и на земјата како „терористичка држава“. Да се означи една цела нација од 25 милиони луѓе како „терористичка“ е сериозно лудило. Сличен обид од страна на украинската власт во Kиев да го означи како „терористичко“ населението на самопрогласените народни републики во Донецк и Луганск претходно беше одбиена од страна на СБ на ОН.

Елизабета Божиноска

#



Останати вести
Зависноста од никотинот е поголема и од зависноста од хероин
Ќе ти го смениме името, па отсега ќе бидеш од земјата ка де што е на ѓаволот дупката

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести