период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 13:06

КОИ СУПЕРПРОДУКТИ СЕ ЕФИКАСНИ ПРОТИВ РАКОТ НА ПРОСТАТА?

Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување

Многубројни независни истражувања го поставија зелениот чај, куркумата, доматите, брокулата, карфиолот и калинката и на врвот на топ-листата "суперпродукти" ефикасни против ракот на простатата.

Истражувачите од Висконсин нудат значителни докази дека полифенолите во зелениот чај го спречуваат и лекуваат ракот на простатата.

Истражувачите од Кентаки ја откриле ефикасноста на куркуминот. Главната состојка на куркумата ги принудува туморските клетки на самоуништување.

Научниците од Илиноис и Охајо ги документираа ефектите на доматите и брокулата против болестите од кои мажите се ужасуваат.

Останатите продукти што го потиснуваат ракот на простатата се шипката и нејзиниот сок и брокулата, зелката, карфиолот и сојата.

Прочитајте нешто повеќе за овие суперпродукти во борбата против ракот на простатата.

Зелен чај и полифеноли

Гликопротеинот, кој се излачува од простатата, познат и под скратеницата ПСА (простата специфичен антиген), клинички е најкористениот маркер во откривање рак на простата.

Средствата што го намалуваат нивото на тестостерон во исто време го намалуваат и нивото на ПСА. Бидејќи полифенолите во зелениот чај го намалуваат нивото на ПСА во клетките рак на простата, овие продукти заслужено се нарекуваат борци против овој вид рак.

Состојката на зелениот чај epigallocatechin gallate (EGCG), исто така придонесува за терапијата на рак на простатата и други видови рак.

Куркума и куркумин

Куркуминот е природен полифенол и каротеноид кој се добива од куркумата.

Благодарение на својата структура, каротеноидите се борци против слободните радикали - молекули кои со оксидација ги оштетуваат клетките. Освен што ги неутрализираат слободните радикали, каротеноидите од куркуминот го стимулираат имунолошкиот систем на луѓето и другите 'рбетници.

Куркумата исто така влијае антибактериски и антиканцерогено.

Истражувањата покажаа дека куркуминот го спречува растот на многу тумори и може да се користи во комбинација со конвенционалната терапија против рак.

Шипка

Состојките на шипката може да го спречат ширењето на ракот, тврдат истражувачите од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес.

Научниците идентификуваа неколку состојки кои помагаат да се спречи појавата на рак на простатата и на ширењето на метастазите. Најактивни состојки во овој поглед се елагитанини, кои во дигестивниот тракт се претвораат во соединенија со моќни антиоксидансни и антивоспалителни својства.

Истите истражувачи откриле шест активни состојки на сокот од шипка кои помагаат да се запре развојот на хормонски условен рак на дојката.

Овие состојки ја блокирале ароматазата, ензим што ги претвора андрогените во естрогени.

Истражувачите од Израелскиот институт за технологија откриле дека сокот од шипка помага кај многу пациенти на дијализа со компликации.

Меѓу другото, се намалува и стапката на смртност од срцеви болести и инфекции кај овие пациенти.

Карфиол и сулфорафан

Повеќе студии ја поврзуваат исхраната која содржи карфиол и пониските стапки на рак. Ова особено се однесува на рак на мочниот меур, на дојката, на дебелото црево, јајчниците и простата.

Врската помеѓу карфиолот и превенцијата на ракот не изненадува бидејќи карфиолот содржи сулфорафан (глукозинолати и тиоцијанати) - фитонутриенти кои на разни начини влијаат на ракот. Хранливите материи од карфиолот содржат и витамини А и Ц, кои исто така имаат антиоксидантни својства.

Синергија на домати и брокула

Овој полн со полифеноли тандем се покажа делотворен во студии спроведени кај глувците.

Доматите и брокулите поединечно го намалуваат растот на туморот за 34-42 процента.

Меѓутоа, кога овие два продукта се јадат заедно, клетките на туморот се намалуваат за 52 процента. Ова значи дека комбинацијата на домати и брокула има синергетски ефект во борбата против ракот на простатата.

Брокулата дејствува појако и кога се користи заедно со карфиолот. Истражувачките методи се с` помодерни, но денес научниците се враќаат кон природните продукти како помош во борбата против болеста.

Моќта на растенијата што се јадат ја потврдува вредноста на природата во зачувување на здравјето на луѓето и постигнување долговечност.









#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести