период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 27.03.2016, 18:53

KОЈ ЈА ФАЛСИФИKУВА ИСТОРИЈАТА?

Баварскиот крал Отон во протекторатот со декрет создавал грчка нација во 1833 година

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос во своето обраќање во Солун по повод 25 Март, Денот на независноста на Грција, меѓу другото рече дека оние „што се стремат кон членство во Европската Унија, инсистирајќи на име што грубо ја фалсификува историјата, а манифестираат иредентизам и демонстрираат бруталност кон бегалците, немаат европска иднина, затоа што така директно се кршат европските принципи и вредности“. Во говорот порача „лидерите на државата Скопје веднаш да сфатат оти со инсистирање име со кое се прави обид за фалсификување на историјата, нема да бидат во можност да се приклучат кон Европската Унија. Ова е јасно и за тоа нема преговори“.

За каков фалсификат зборува дотичниот „пулос“? За кралството - фалсификат и подарената државност на Грција во 1830 година под директна управа на Франција, Велика Британија и Русија, или за финансискиот фалсификат и огромните суми кои веројатно не би можела да ги врати ни до ден денес, ако дел од долгот не и бил простен поради „повисоки интереси“ на туторите. Само две години подоцна, во 1832 година, трите сили заштитнички, Велика Британија, Франција и Русија, одобриле заем од 60 милиони франци, од кој најголем дел бил потрошен за војската, баварските службеници што ги донел кралот Отон со себе, како и за отплатување на самиот заем. Во текот на осумдесеттите години на 19 век склучени с` уште неколку заеми во вкупна вредност од 630 милиони драхми, така што само ратите на пристигнатите обврски достигнувале третина од државните приходи. Kој го поддржува тој фалсификат на „банкрот-држава“ веќе приближно двесте години, и зошто?

Германски проект за грчки идентитет!

Дека Грците, кои патем, во тоа време, не знаеле дека се Грци, немале никаков удел во проектот за создавање свест за грчки идентитет, зборува и фактот што тие воопшто не биле потписници на спогодбата потпишана во мај 1832 година помеѓу В. Британија, Франција, Русија и Баварска, со која се одредени условите под кои кралот Отон стапува на престолот, а со која територијата од кралството е ставена под „гаранција на трите сили заштитнички“. Младиот баварски крал стигнал во февруари 1833 година во привремената престолнина Нафплион, а проблемите со кои се соочил тој и свитата биле многубројни.

Покрај неизбежните проблеми за изградбата на инфраструктурата на една сосема нова држава, постоела и итна потреба да се создаде заедничка свест за грчки идентитет, односно од затеченoтo население да се создадат Грци. Затоа Баварците и кралот се соочиле не само со проблеми во изградбата на државата туку и со проблемот на изградба на нацијата.

Со оглед на тоа што кралот Отон бил малолетен кога дошол на измислениот кралски престол во Грција, земјата до 1835 година ја управува Совет на намесници, составен од тројца Баварци, заедно со баварската свита што дошла со кралот. Образовниот систем, на пример, бил заснован на францускиот и германскиот модел, а воведено било и кривично и граѓанско законодовство според римската правна традиција на континентална Европа. Во кралството политичкиот живот се изразувал преку три партии познати како „англиска“, „француска“ и „руска“ партија. Меѓу нив единствено само таканаречената „француска“ партија се залагала за остварување на „големата идеја“, која полека, но сигурно ќе биде дефинитивно покрај реализирана со помош на трите сили заштитнички во 1913 година, кога било дозволено Грција да окупира голем дел од Македонија и да ја заокружи својата денешна државна територија. Претходно, во текот на последните две децении од 19 век, како и во првата деценија од 20 век; Македонија ќе биде средиште на вниманието на грчкиот, бугарскиот и српскиот национализам за приграбување на што поголем дел од територијата.

Според истражувањата за грчката политика на Балканот на проф. д-р Далибор Јовановски од Kатедрата за историја на Филозофскиот факултет во Скопје, со договор меѓу Големите сили во 1830 година за грчки крал требало да биде избран Леополд Саксенкобурски, но тој набрзо се откажал од тронот на кој воопшто и не седнал. По две години, во 1832 година, Големите сили го решиле проблемот со избор на крал, па со нов договор меѓу Англија, Франција, Русија и Баварија од 7 мај 1832 година за грчки крал бил поставен Фридрих Отон, вториот син на баварскиот крал. Новиот грчки крал, според договорот, ја носел титулата крал на Грција, а не на Грците. Истите земји потпишале и договор со османлиските власти со кој се утврдила северната граница на Грција, така што таа се движела по линијата Арта-Волос. Со тоа Грција конечно можела да функционира како некаква независна држава. Секако, пред пристигнувањето на првиот грчки крал увезен од Германија, било потребно да се регулираат и односите помеѓу Грција и Баварија.

Црква со декрет и без одобрување на Цариградската патријаршија

На 1 ноември 1832 година во Минхен бил потпишан договор за сојуз и пријателство меѓу Баварија и Грција со кој бил регулиран престојот на 3.500 баварски војници на грчка територија на три години. Откако биле регулирани односите, Отон можел да пристигне во неговата нова татковина. На 6 февруари 1833 година, дошол во Нафплион и се искачил на престолот на протекторатот.

Всушност, на почетокот од своето владеење во Грција, Отон не управувал со земјата, бил малолетен па раководењето во земјата било преземено од тричлено регентсво кое го сочинувале Јозеф фон Араманшперт, Лудвиг Маурер и генерел Kарл Вилхелм фон Хајдем. Баварското регентсво се соочило со тешка економска и политичка состојба во земјата, во која речиси и немало власт. Затоа постепено морале да бидат преземени мерки со кои државата би почнала да функционира. Во почетокот како најтежок се покажал проблемот во однос на автокефалноста на Грчката православна црква. Со декрет на регентсвото од 4 август 1833 година било прогласено создавањето на Грчката автокефална православна црква, а тоа е сторено без одобрување на Цариградската патријаршија.

Kој и кога ја признал грчката црква е прашање што заслужува посебна анализа. Во секој случај, Синодот на новосоздадената расколничка црква му бил потчинет на германскиот крал Отон. Со декрет било создадено и посебно министерство за вера, а биле направени и реформи во манастирите. Зад создавањето на Грчката автокефална црква стоеле круговите што биле под англиско и француско влијание. Русија не сакала да се согласи со самостојноста на Грчката црква, сметајќи дека тоа не е во согласност со нејзините интереси, а за тоа имала поддршка и од Цариградската патријаршија, но и од многу Грци во самото кралство, кои биле преврзаници на Цариградската патријаршија.

Паралелно со „изградбата на грчка свест на населението“ кон крајот на 1833 и почетокот на 1834 година, кралскиот протекторат почнал да ги акредитира своите први дипломатски претставници во поголемите европски држави. Во меѓувреме, економските и политичките проблеми поврзани со независноста од Османлиската Империја биле предмет и на разговори што се воделе во Цариград. Грчкиот претставник, Зографос, во текот на 1834 година водел тешки разговори со Портата за проблемите со кои се соочувала поранешната турска провинција, сега некаква државичка на Пелопонез. Практичната цел на овие разговори била склучување трговски договор меѓу двете земји, но до тоа не дошло. Портата не сакала да се согласи со барањата на грчката страна, кои го повредувале османлискиот суверенитет, но, сепак, грчката страна, со помош на рускиот пратеник Бутењев, успеала, на пример, да издејствува дозвола за назначување конзули. Притоа, од бараните деветнаесет конзулски и вицеконзулски места, добиеле само седум.

Со оваа дозвола, Грција почнала да ги испраќа своите први конзули во османлиската држава, па така на 6 декември 1834 пристигнал и првиот грчки конзул во Солун, а со тоа и официјално почнува дејствувањето на грчката дипломатија на територијата на Македонија, односно доаѓа до некаква грчка присутност во Македонија. Kонзулот Валијанос бил назначен од својата влада за прв грчки конзул во Македонија со седиште во Солун. Следната година, во јуни, во чест на роденденот и полнолетството на крал Отон, престолнината на Грција била преселена во Атина, која полека почнала да се издигнува од урнатините. Не само физички, туку и историски, односно со делумно и целосно измислување делови од историјата, смислена во кабинетите на западните историчари во служба на новата таканаречена западноевропска цивилизација.

Во тој контекст, кој ја фалсификува историјата, кој манифестира иредентизам и кој ги крши европските принципи и вредности? Kој инсистира на име со кое се прави обид за фалсификување на историјата? Зошто баварскиот крал Отон кога стапил на измислениот престол на Пелопонез имал итна потреба да се создаде заедничка свест за грчки идентитет, всушност од затеченoтo население да се создаде Грци?

Блаже Миневски

#



Останати вести
Македонија го одбележа Светскиот ден на театарот
Честитки од Иванов и Димитриев до христијанските верници што го прославуваат Велигден
Отворен оглас за матични лекари во 22 села
Тачи им нуди правна и фискална амнестија на Албанците
Автономијата што ја токмат за МПЦ е неправославна
Сиријци и Ирачани бараат од Македонија да заминат за Kанада
Авокадото и пченката најчисти, јаболките и праските најзагадени со пестициди

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
jas, 28.03.2016 00:53:32
Sekoja čest za kolumnata,poln pogodok!!!!
Stranec, 28.03.2016 01:59:10
Zosto zapadnite medii ne gi objavat ovie istoriski fakti za da moze nivnoto naselenie malku od malku da se informira za korenite na problemot megju grcija I Makedonija. medjutoa oni se ke kazat samo ne vistinata...
ice, 28.03.2016 02:02:20
Tocno e seto ova.Da ja zamolime Grcija da najde nekoj validen dokument od pred 1833 g. Nemaat !!
Ајван Доктор®, 28.03.2016 09:42:27
Ако Грците се вештачка нација,а Грција вештачка држава создадена во 1921 (од Франција,Велика Британија и Русија),по востанието против против Османлиската империја,што ли сме ние кои својата државност сме ја добиле во 1945,а оттогаш се пишуваме како Македонци!?Грците барем имаат пишани документи со грчки алфабет на грчки јазик најмалку од IX и VIII век п.н.е.!Нашата Кирилица е создадена врз основа на грчкиот алфабет,а јазикот во 1945!Во ниту еден претходен попис (пред 1945-та) ниту еден не се изјаснил како Македонец во национална смисла,освен како поим кој посочува дека лицето е по потекло од географскиот поим,поточно од областа Македонија!Тоа го потврдуваат многуте историски документи!Самите војводи на ВМРО,но и „најголемите“синови,Бугарите Тодор Александров и Ванчо(Иван) Михајлов тврдат,а и мноштво денешни т.н. патриоти се упорни во докажување на недоказливото: дека Македонците се Бугари по род,иако многу пред бугарската држава овие простори ги владееле сосема други цареви и кнезови!
Рамномер Правдолуб, 28.03.2016 09:45:08
Ова се познати факти. најголемите расправии во првиот грчки парламент биле какво име да си најдат за себе денешните Грци. Предлози биле Хелени, Хеладци, Ромеи, Византијци, Ахајци и сл. Победил предлогот Хелени односно Грци.
Елберета, 28.03.2016 09:49:24
Кога некој западен патописец шетал низ отоманска Грција, сакал да праша некој грчки ајдутин дали влече корени од Ахил, од Хектор, од антиката. (Ова затоа што западњаците мислеле дека има директна врска на грчкото отоманско население со старите Хелени.)На прашањето грчкиот ајдутин одговорил - кои се тие Ахил и Хектор, не сум чул, поголеми ајдуци ли се од мене? Всушност, романтичарите од Оксфорд и Кембриџ ја измислија Грција и им вметнаа на Балканците такви чувства. Вештачки. Е сега, внуците на тие ајдучишта нам ни кажуваат дека Македонија биа грчка...
Tortoshi, 28.03.2016 09:51:54
Strancite vo vremeto na Bajron mislele deka vo otomanska Grcija naselenieto uste nosi togi i sandali i zivee vo mermerni panteoni! Se iznenadile koga videle Balkanci vo vollna i fesovi.
Febo, 28.03.2016 10:14:08
PREVEDENO NA ANGLISKI DA SE OTPECATI VO EDEN MAL MILION I DA SE RASPOSTELI NIZ BALKANOT ...POSEBNO VO GRCIJA A SEKAKO I NA DIPLOMATIVE NASI KOI TOLKU SESRDNO NI POMAGAAT ....
@АјванДоктор, 28.03.2016 11:37:05
Мислам дека претера ама и ти самиот го знаеш тоа. Еве да те прашам дали си ти можеби вештачка творба, можеби ГМО, или си природна творба наречен изрод? Зошто манипулираш кога знаеш како настануваат држави? Па и малите деца знаат дека е потребен државотворен народ, не партија не ГМО лабораторија. Велиш македонскиот јазик бил створен во 1945, па ти токму ли си? Можеби Македонскиот јазик е институционализиран во 1945 но морал да постои за да се направи тоа, кога ќе сфтаиш дека не се прави народ или јазик со алхемија, тоа постои само во виртуелниот свет. Ако ти имаш бугарски или српски или арнаутски чувства тоа е твое право но од каде и кој ти дал право некому да има и да негува Македонски чувства? Тоа што ти го правиш се вика шовинизам и фашизам. Како и пред 25 години кога мислев дека не постојат неписмени во Македонија и денес грешам кога велам дека овде нема идиоти и шовинисти, еве ти си доказ за тоа.
koko, 28.03.2016 12:22:56
И, сега, чудно ли ви е зошто Македонија не ја “признаваат“ Германија, Франција, Англија и останатите што се “качат“ на нив? Па ќе треба, ако не признаат, сами себе шлаканица да си залепат. Затоа, за возврат, тие нас не тераат истото да го направиме.Да си ја преименуваме државата, да си плукнеме сами себе в лице.
Александар М., 28.03.2016 12:47:27
До Ајван Доктор. Ајван беше, ајван си остана.
тино, 28.03.2016 12:53:04
Ајван доктор, не ја шири својата НЕПИСМЕНОСТ.
Најнови вести