период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 12.06.2017, 16:26

ОПШТИНА ЦЕНТАР ЈА ПОНИШТИ ПОСТАПKАТА ЗА НОВОТО УЛИЧНО ОСВЕТЛЕНИЕ

Ќе се распише нов оглас за фирма што ќе ги замени светилките со штедливи

Општина Центар не избра фирма што требаше да го реализира проектот за модернизација на системот за јавно осветление според кој сите светилки на јавните објекти и на дел од улиците на нејзиното подрачје ќе бидат заменети со штедливи светилки со ЛЕД-технологија, со современи техники на управување и надзор.

Застарените системи и старите светилки се проблем

Огласот што Општината го распиша во мај за избор на фирма со најповолна понуда која ќе ја спроведе реконструкцијата и модернизацијата на јавното осветление е поништен.

- Постапката беше започната, но огласот е поништен. Набргу ќе биде распишан нов - кусо одговорија од Општина Центар, без да откријат зошто тендерот е поништен.

Kако што истакна градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, при промовирањето на овој проект, лани во септември, сите светилки на јавните објекти и на дел од улиците ќе бидат заменети со штедливи светилки со ЛЕД-технологија, со што Општината очекува да го подобри квалитетот на животот на граѓаните и да продуцира поголеми заштеди во сметките за струја.

Градоначалникот Жерновски тогаш потенцира дека застарените системи, недоволната застапеност на канделабри и старите светилки се голем проблем за Општина Центар и токму затоа донеле одлука за модернизирање на системот за јавно осветление.

- Новиот систем за осветление ќе има автоматски систем за регулација и детекција на дефектите. Притоа Општината ќе може да управува со интензитетот на светлина во зависност од периодот на денот, односно ноќта. Ќе има интелигентен систем за автоматски надзор и управување. Системот ќе алармира за сите дефекти, што значи дека граѓаните ќе нема потреба да ги пријавуваат дефектите, тие ќе бидат отстранувани во најкус рок.

Регулирајќи ги светилките во парковите, ќе можеме да создадеме поубав амбиент и, секако, нивното унифицирање во општината ќе ~ даде поубав естетски изглед на целокупната територија - истакна тогаш Жерновски.

Kако што беше објаснето, сумата што Општина Центар планира да ја потроши за оваа намена е околу 2 милиона евра.

Светлината нема да им пречи на станарите од пониските катови

Од оваа крупна инвестиција во инфраструктурата Општината очекува придобивки на повеќе нивоа. Пред с`, во делот на безбедноста бидејќи целосно ќе бидат осветлени јавните објекти, училиштата, градинките и игралиштата и со тоа ќе се заштитат и објектите од деликвенција и оштетувања. Ќе се осветлат улички и места што сега не се, ќе се постават светла на нови позиции и ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот. Втората придобивка од ЛЕД-светилките е економичноста, односно Општината очекува заштеди од 60 до 80 проценти од годишните трошоци за струја.

- Целокупниот проект е проценет на 2.081.000 евра, а заштедата од замената на светилките е проценета на 3.850.000 евра. Ова значи дека модернизацијата на опремата ќе донесе заштеда од 1.769.000 евра во следните 16 години, колку што е векот на траење на светилките. Секоја година Општината ќе заштедува минимум 250.000 евра - изјави тогаш Жерновски.

Бенефит од овој систем ќе биде и насочената светлина која нема да им пречи на станарите од пониските катови на зградите. Новите светла прецизно ќе може да се насочат кон улиците, без притоа да светат во широк дијапазон кон прозорците од зградите. Исто така, новите светла имаат неколку пати поширок лак под кој ја фрлаат светлината и така на веќе постојните канделабри со замената ќе се добие неколку пати посилно и пошироко осветление, но насочено онаму каде што е потребно.

- ЛЕД-технологијата ќе ја заштити и животната средина преку употребата на природни материјали и намалувањето на светлинското загадување - заклучија од Општина Центар.

Анела Петрова

#



Останати вести
Се гради новата атмосферска канализација на „Индира Ганди“
Општина Центар казни три фирми за небезбедни градилишта

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести