период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 21.04.2017, 15:52

РАKОМЕТ - ПРВ ЧЕТВРТФИНАЛЕН МЕЧ ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Душебаев: Дојде време да го елиминираме Фленсбург

Вардар четврти пат во низа ќе игра во четврт-финалето од ракометната Лига на шампионите и се надева дека ќе избори прв настап на завршниот турнир во Kелн. Сезонава како и пред четири години за пласман на Ф4-турнирот противник ќе им биде германскиот Фленсбург. И овој пат како тогаш првиот меч од четврт-финалето Вардар го игра во Германија (денеска, 17.30 ч), а реваншот е во Скопје (четврток, 19 ч). Тогаш Фленсбург стаса на фајналфор-турнирот само поради повеќе голови постигнати во гости, а сега Вардар се надева дека историјата нема да се повтори и дека македонскиот првак прв пат ќе биде дел од завршницата. Германците истакнуваат дека Вардар е фаворит во овој двомеч.

Предноста за Вардар е што сезонава во оваа фаза влегува како тим што ги прескокна осминафиналните натпревари бидејќи во групната фаза заврши како првопласиран. Тоа значи дека македонскиот тим е поодморен и посвеж, а кон тоа придонесува и фактот што натпреварите на домашната сцена за „црвено-црните“ не се толку напорни како оние на Фленсбург во бундеслигашката конкуренција.

Останува да се направи чекорот напред што сите во Вардар го очекуваат. Свесни се вардарци дека треба да играат на двата натпревара максимално ангажирано и без опуштање. Рецептот за пласман во Kелн е да се победи уште на првиот натпревар.

- Во 2014 бевме поразени, време е сега да направиме пресврт и да го елиминираме Фленсбург - изјави вардарецот Алекс Душебаев за претстојниот двомеч. Неговиот колега Жоан Kањељас е свесен дека овој меч ќе биде неизвесен.

- Ова е класична ситуација 50-50. Може да се случи да победиме во Германија, а да изгубиме во Македонија - вели шпанскиот интернационалец. Вардар веќе еднаш се соочи со слична ситуација против германска екипа сезонава, но во фазата по групи. На гости го совлада Рајн Некар Левен минатиот ноември 33-27, со што покажа дека може да победи германски тим како гостин. Но, во следното коло вардарци изгубија дома од истиот противник со 26-29.

Тренерот на Вардар, Раул Гонзалес, смета дека неговите избраници се подготвени и ќе одат на победа и на првиот дуел.

- Ние сме подготвени, иако Игор Kарачиќ цела недела не тренира бидејќи беше болен и не знаеме дали ќе игра во Германија, но сите други се на располагање. Ако сакаме да успееме, не треба да го чекаме дуелот во Скопје, туку треба да бидеме подобри и на гостувањето. Очекувам дека ќе биде тешко, но имам доверба во играчите. Сакам да играме на Ф4, но треба да знаеме да го искористиме токму натпреварот на гости - нагласи Гонзалес.

Голманот Арпад Штербик очекува два тешки натпревара.

- Имаме еден противник што многу го почитувам, последниве сезони ја освојуваа и ЛШ и во Германија нешто значат. Мислам дека имаме екипа кадарна за да ги оствари посакуваните цели. Ако ги гледаме резултатите преку сезоната, шансата да го минеме Фленсбург е реална. Нема да биде лесно, но верувам во нашата екипа, во публиката и во цела Македонија која ќе н` поддржи. Тој чекор напред го заслужуваат и Вардар и македонскиот народ кои со години се со нас и го чекаат овој резултат - рече Штербик.

Лига на шампионите, четврт-финале, први средби, денеска: Фленсбург – Вардар, Веспрем – Монпелје. Утре: Kил – Барселона, Пик сегед – ПСЖ.

#



Останати вести
Леброн и Kливленд со најголем пресврт во историјата на НБА-плејофот
Четвртиот прволигашки круг почнува со пелагониско дерби во Битола
Недвед: Целта на Јуве е да го освои пехарот
Македонските ракометарки во квалификациска група за ЕП со Шведска и Србија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести