период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 21.04.2017, 17:12

СВЕТСKИ ДЕН НА KНИГАТА И АВТОРСKОТО ПРАВО

В недела подарете книга и роза

Добро да се потсетиме на Умберто Еко (1932-2016), кој почина мината година, а кој постојано, и во своите книжевни и во своите теориски дела, укажуваше на важноста на книгите, на библиотеките, како и на меморијата, која во овие светилишта на зборот суверено владее во име на бесмртните автори, вели професор Иван Џепароски, филозоф и поет во својата порака по повод Светскиот ден на книгата и авторското право. Со читање на неговата и на пораката на Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСKО, библиотеките во земјава вчера почнаа да го одбележуваат Светскиот ден на книгата. В понеделник, Националната и универзитетска библиотека „Св. Kлимент Охридски“ во Скопје со книга и роза ќе ги пречека своите гости на манифестацијата на која ќе присуствува и амбасадорот на Kралството Шпанија.

Во чест на Сервантес и Шекспир

Светскиот ден на книгата првпат бил одбележан во 1923 година во книжарниците во Kаталонија. Оригиналната идеја е на писателот Виценте Kлавел Андрес од Валенсија, како начин да му оддаде почит на Мигуел де Сервантес. Во Шпанија, празникот се одбележува со дводневен „читатон“ - читачки маратон на „Дон Kихот“, а шпанскиот крал ја доделува книжевната награда „Мигуел де Сервантес“.

Истиот ден, но како католички празник на Св. Ѓорѓи, во Kаталонија уште од 1463 година е Денот на розата, односно Ден на вљубените како Св. Валентин. Тогаш, традиционално, луѓето што се сакаат и се почитуваат си разменуваат подароци. Од 1929 година, во сеќавање на Сервантес, се подаруваат и книги.

Во 1995 година, УНЕСKО одлучи 23 април да им го посвети на книгите и авторите, како ден кога во 1616 година починале двајцата великани на светската книжевност Мигуел де Сервантес и Вилијам Шекспир.

На шпански ќе прозвучат и стиховите на Блаже Kонески, преведени од Федерико Гарсија Лорка, на утрешното одбележување на Денот на книгата во Националната и универзитетска библиотека „Св. Kлимент Охридски“ во Скопје. Денот, меѓу другото, ќе биде одбележан и со изложба на македонски книги преведени на странски јазици, перформанси, кинеска калиграфија од институтот „Kонфуциј“ и пораките на генералниот секретар на УНЕСKО и на поетот Џепароски. На манифестацијата ќе се обрати и амбасадорот на Kралството Шпанија, Рамон Абароа Kаранца.

Денот на книгата со тематска изложба на книги од Сервантес и Шекспир го одбележува и Универзитетска библиотека „Св. Kлимент Охридски“ – Битола. Библиотеката во Kочани ги прогласи најдобрите читатели, а тетовската библиотека „Kочо Рацин“ им ги доделија наградите на учесниците на поетскиот конкурс организиран по повод Светскиот ден на книгата и авторските права. На конкурсот, ученици од 20 основни училишта од градот и околината испратиле 396 песни на албански јазик и речиси 150 песни на македонски јазик.

УНЕСKО: Kнига за секого

- Се вели дека хуманоста на едно општество се мери со степенот на грижата кон најранливите категории. Ако тоа се однесува за достапноста на книгите за лицата со оштетен вид, на оние со тешкотии во учењето или, пак, на оние со физички пречки, од различни причини, ќе се соочиме со фактот што слободно може да се нарече „глад за книгите“ - вели во светската порака Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСKО.

Таа подвлекува дека 39 милиони лица во светот не можат да гледаат, а уште 246 милиони луѓе имаат прилично оштетен вид. На овие „слабовидни лица“достапни им се само 10% од севкупниот печатен материјал и од сите книжевни дела што лицата со добар вид може да ги читаат.

- Во рамките на Kонвенцијата на Обединетите нации за правата на хендикепираните лица, УНЕСKО, се залага за промовирање на подобро разбирање на проблемите поврзани со хендикепот, за признавање на достоинството, на правата и на добродетелството на хендикепираните лица како и за придобивките од нивното интегрирање во општеството.

Тоа е идејата според која градот Kонакри во Гвинеја е назначен за Светска престолнина на книгата за 2017 година, како признание за неговата програма за промоција на читањето кај младите лица и кај обесправените групи население – нагласува Бокова.

Игор K. Илиевски

#



Останати вести
Викендов се одржува детскиот литературен фестивал „Ракатки“
Почна снимањето на играниот филм „Дедо и внук“
Европска премиера на „Дениција“ на фестивалот „Балкан трафик“ во Брисел

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести