период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 13:19

ЗВЕЗДАНА ГЕОРГИЕВА ПСИХОЛОГ И ЈАСНОВИДЕЦ

Чона
Дали ќерка ми ќе роди дете и дали нејзиниот брак има иднина?
Госпоѓо, Вашата ќерка ќе има дете за една година и нејзината иднина може само таа да си ја определи. Нејзиниот сопруг има тежок карактер и поради тоа Вие се притискате за нивниот брак. Ве советувам да се помирите со решението на Вашата ќерка бидејќи тоа е нејзината карма. На сите други ваши прашања најдете време за лична консултација. Со почит, Звездана

Ада
Дали нешто ќе се смени во мојот живот?
Госпоѓо, Вие првин треба да излезете од депресијата во која сте многу години. Ја одлагавте долго време Вашата свршувачка, но на стари години по карма не Ви е одредено да бидете сама. Ве советувам да си го смените моделот на размислување, односно Вашиот личен живот. Можете да го смените својот живот со техниките на медитација и визуализација. Со почит, Звездана

Анонимна
Многу сум разочарана од односот и непочитувањето на мојата 47 годишната ќерка. Што да направам?
Госпоѓо, од почетокот на Вашето писмо многу добро ја разбирам маката и болката како мајка. Ве советувам да се успокоите и да не мислите дека таа е разменето бебе во породилното. Тоа е вашата ќерка. За неа, сите се виновни и негативни, само таа е добра и секогаш излегува како жртва. Вие с` најдобро дадовте од себе за нејзиното воспитување. Примете дека вашата ќерка е голема карма во Вашиот живот. Во иднина или ќе се прифатите или ќе се разделите за навек. Госпоѓо, за 25 години како психолог и јасновидец сум сретнала такви кармични тешки состојби така што смирете се, не сте единствени во таква состојба. Има многу мајки на овој свет со таква судбина. Со почит, Звездана

Загрижена мајка
Мојот син Игор нема среќа во љубовта, секогаш наидува на девојки со кои не би требало да биде. Зошто?
Госпоѓо, Вие сте само физички родител на Вашиот син. Тој се родил со својата судбина и Вие не треба да одлучувате која е добра и лоша девојка за него. На Вашиот син му е предодредено да се ожени на постари години. Ве советувам да не се мешате во неговиот живот ако сакате да не го изгубите. Со почит, Звездана

Анонимна
Дали ќе се излекувам во иднина?
Вие, госпоѓо, физички сте закрепнале, но на енергетско и психичко ниво Ви треба време да оздравите. Можете да ја хармонизирате енергетската состојба со чистење на негативната енергија. Имате потреба од соработка со психолог. Вие треба да решите кое време е најдобро за вас за лична консултација на која јас можам да Ви помогнам. Со почит, Звездана

Милена
Мојот син Душко ништо не го интересира во животот и како мајка ме интересира каква иднина го очекува.
Госпоѓо, Вие до денес ги задоволувавте сите каприци на Вашиот син. Моментно го интересираат само парите и ништо друго во животот. Уште во Библијата е пишано: „Што ќе посееш, тоа ќе пожнееш“. Госпоѓо, тоа е плод на Вашето воспитување на синот. Тој требаше досега да има приватен бизнис и да заработува свои пари, а не да ги троши вашите. Ве советувам да го смените односот и да прекинете да му давате пари за да почне сам да си ги заработува.
Со почит, Звездана

#



Останати вести
Тајгер Вудс лекуваше зависност од секс, Вејн Руни се гледаше со проститутка
Имам сe помалку пријатели

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести