период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 12.06.2017, 15:33

РЕБРЕНДИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНИОТ KОД

Aрена за поштени кокошки

Не сум по спортот, но почнувам да учам. Зборот „арена“ не е простор за кокошки и „вртење уште еден круг“ за некој да не си помисли дека сме... лесни кокошки. Зборот arena е од латинско потекло и значи место оградено со ров и посипано со песок, во средината на древноримските амфитеатри, предназначени за гладијаторски битки и борби со животни. Најчесто се градени во елипсовидна форма. Првиот амфитеатар воопшто, бил изграден во Рим во 59 г. пр.н.е. Претставувал два полутркалезни дрвени театра, во кој наутро се давале одделни претстави, а потоа се вртеле еден кон друг и во така добиениот амфитеатар („двоен театар“) попладне се одржувале гладијаторски борби. Театралните карактеристики на овдешното, локално население подоцна се интегрирани во „фолклорни традиции“ и налагаат изградба на првиот театар во Скупи во II век пр.н.е., во времето на Хадријан, кој, според димензиите, безмалку за фудбалски стадион, должина 98 м и широчина 15 м со три ходници до орхестрата (бината), која била со радиус од 15 м со капацитет од 9.000 седишта. Kолку биле гладни за култура тогаш Македонците, бреј. 

Денес дворана со 9.000 посетители може да наполни само Цеца. На театарските претстави не сум видел ниту 900 гледачи. Зградата на театарот и фасадата тогаш биле богато украсени со мермерни архитектонски елементи и скулптури, што се отсликува во архитектурата до ден-денес. Особено сум трогнат и восхитен од неповторливите и креативни идеи со безбројни раскошни фигури на зградата на МНР. Еден од ликовите на врвот на зградата на МНР е и сер Винстон Черчил. Англичаните особено се горди на зградата на МНР. Театарот тогаш, во античкиот период, служел само за забава, немало промоции, годишнини и коктели. Се изведувале комедии, сатири, пародии, пантомими и друго. Тоа бил најголем, од вкупно четирите театри (Скупи, Лихнидос, Стоби, Хераклеа Линкестис) изградени тогаш во денешна Р. Македонија. Скопје бил римски воен логор со име: Colonia Flavia Aelia Scupi. Поради сериозен недостаток на мажи-гладијатори, првата арена во Скопје е изградена по цели 1950 години, по првиот амфитеатар во Рим. Изградена е Арена со капацитет од 32.580 гледачи и на 12 август 2009 г. се игра пријателски меч со светскиот фудбалски шампион, репрезентацијата на Шпанија  во чест на „100 години фудбал во Република Македонија“. Делимично изградениот (дограден)  Градски стадион Скопје прерасна во Национална арена „Филип II Mакедонски“. Од  2008 г. во реконструкцијата на стадионот се инвестирани 2 милијарди македонски денари или 32 милиона евра. Во втората фаза на реконструкцијата, која почна во ноември 2011 е направена промена на теренот и пистите за лесна атлетика и од шест стануваат осум. Инвестицијата за втората фаза изнесува 3,5 милиони евра. Вкупната инвестиција на сите доградби и реконструкции изведени од фирмата „Бетон“ во периодот 2008-2013 се очекува да чини 60 милиони евра. Шпанската репрезентација можеби ниту помислила или веќе ја заборавила „Националната арена“, во која играле почесен натпревар и денес е восхитена од „новата“ арена Т-мобајл. Kолку чини да се избрише префиксот „национална“ напишан со златни букви, бидејки е со вредност од 60 милиони евра, во чија инвестиција не сакајќи сум учествувал и јас (и вие), но...го нема повеќе. Нема ли некое особено значење називот „национална“ кој повеќе „не е во игра“ или некој си поиграа сериозно со него. Во него влегуваат- излегуваат по 33.000 патриоти за поддршка на националниот тим и воопшто не им пречи и не приметуваат дека влегуваат- излегуваат на нов, на туѓ терен, кој не е „национален“. А избришаното име Филип II и амблемот со неговата глава на фронталниот влез се веќе сe безмалку  XIII прасе, кое го изело волкот. До вчера ме убедуваа дека тој Филип II и неговиот татко Аминта III (некогаш ул. Ленинова) се дел од мојот длабок историски корен, за кој јас, ете не сум ни знаел, поради тонење во калта и темнината на социјалистичкото (не) образование, но ете, дојдоа писмени луѓе и историчари и ме просветлија. Во кои тетратки по историја ќе пишува дека „Т-мобајл“ е подостоен од „Филип II“ само затоа што е покровител на трошоците, а не на градбата, не е Градот (јас-вие), туку приватна компанија ? Што стана со „мојата“ инвестиција од 60 милиони евра? Што ако утре се појави уште по приватна компанија од оваа „приватна“ компанија и уште еднаш ја ребрендира „националната“ арена? Фудбалскиот клуб „Вардар“ денес е приватна сопственост, но тоа не значи дека од  денес клубот треба да се вика „Волга“. Ќе примети ли тоа некој од оние 33.000 патриоти-навивачи кој влегуваат и излегуваат од арената дали навиваат за Вардар или за Волга? Сопственик, градител и концесионер на новиот скопски и охридски  аеродром е турската компанија ТАВ. Што ако управниот одбор во Истанбул, реши еден ден, заради претстојната „релаксација на односите“ со Грција, а со цел да се поттурне РМ, заради побрз влез во НАТО и ЕУ, да го преименуваат аеродромите во „Румелија“, во Скопје и „Инџирлик“ во Охрид, на пример. Ребрендирањето улици, школи, топоними полека, но сосема сигурно ја ребрендира и РМ. Воопшто нема да забележиме ако едно утро, наместо во Македонија, се разбудиме во Макаронија, барем односите ќе бидат релаксирани. Живееме во релакс зона. Општината во која сум роден, среде Скопје, едно време беше Идадија (тур. гимназија)  пред чиј остаток-портал и денес се фотографираат млади брачни парови, бидејќи е срамота да се фотографираат пред скапаните бараки на „матично“ќ на која сум се сликал и јас во март 1973 година, десет години по „привремените“ бараки од земјотресот во 1963 г. Денес мојата родна општина има безимено име Центар (тур. меркез). Немаше ли некое поскопско, да не кажам помакедонско име? Основното училиште „Даме Груев“ одамна се вика „Шемшово“ и никој ниту забележи ниту од толку патриоти некој почувствува „душевна болка“. А, за нанесување душевна болка во Р. Македонија се плаќа по холивудски тарифи. 

Сменете го барем и Даме Груев во химната со „Шемшово“ за да има хармонија: минатото и сегашноста. Можеби веќе се работи и на тоа, само јас последен дознавам. Улицата 29 Ноември, среде Скопје, стана „Kостурски херои“. Ништо страшно, не велам дека хероите не заслужуваат име на улица. Но не оваа, роденденската, на оваа РМ, која им даде засолниште на костурските херои. Бидејќи ако не се родела на 29 Ноември РМ, таа немаше ни да постои. Неродените не заслужуваат ниту име ниту постоење. Но, на родените треба да им се памети и слави денот на кој се родени. А баш ми се сака да постои и улицата и роденденот и РМ, 29 Ноември и вистинските и костурските херои, но секој на својата улица. Можевте да ја смените „Дижонска“ за да стане Kостурски херои, на пример. Тие навистина биле херои, дел од историјата, ама на Kостур (гр. Kасторја) воопшто немале цел ниту да го ослободат Скопје ниту да гинат херојски за него. Можеби и не знаеле каде и воопшто се наоѓа Скопје и оти е главен град на Македонија, во време на нивните жестоки борби. Нивното срце, борба и идеологија биле во нивната Македонија (гр. Централна Македонија). Kај безимениот „Воин на коњ“ веќе сме однапред начисто и релаксирани. Оди некој да докаже дека јунакот има име и потекло, секоја приказна со таква намера, оди во категорија на шпекулации, а не во категорија - историја. Тоа јунак на коњ, македонски или француски, сеедно е.  За да бидат јунаци и другите македонски херои наокулу и тие се качени на коњ. Затоа, не глумете „поштени кокошки“ и да завртите уште некој круг(мандат) ако треба да се смени името Македонија во Макаронија, направете го тоа веќе еднаш, заради релаксирање на состојбите. А, да бидам искрен… и не многу ви прилега. Имаме „арена“ за такви прослави.

Ангел Иванов

#



Останати вести
Без странски инвестиции, нема развој
Kаде е (и кој е) Охрид според УНЕСKО?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
do Angel, 13.06.2017 06:57:36
Kosturskite heroi se borele za chovekovi i malcinski prava za Makedoncite vo juzhniot sosed,a i vo interes za edninstvenata makedonska kauza za odbrana na makedonskoto ime i makedonski identitet.Takva ista beshe kauzata i na makedonskite borci otade granicata vo *vardarska* Makedonija.A nekoi od makedonskite politichari bi go smenile imeto ako znaat deka nema da ima posledici po nivnite politicki karieri,no i po nivnite zhivoti.No bidejki znaat deka bi imalo za niv strashni posledici,nema da se osmelat da go smenat imeto.Se primetuva deka ti sakash promena na imeto,no napishi zoshto sakash.Normalnite znaat deka ne smee,deka ne mozhe i deka nema da ima promena na imeto,a i znaat deka ako ima promena,toa ne bi donelo nikakvo relaksiranje na sostojbite,tuku makedonski revolt i revolucija so strashni posledici za izrodite.
Običen Makedonec, 13.06.2017 07:37:17
@социјалистичка самоуправна архитектура, @Каламбро Љубански (буквално), Ne postoi takvo nešto kako socijalistička samoupravna arhitektura, kako što ne može da postoi barokna i klasicistička arhitektura vo XXI vek. Zarem novite moderni gradbi vo Viena/Budimpešta/Pariz/London se socijalističko-samoupravni!? Zamislete, ne se tamu site zgradi barokni! Gradenjeto barok vo vek koj ne mu pripađa e parahrono ludilo na primitivci i nedorasnati iskompleksirani malograđani. Mrtvorodena psevdoumetnost. Si go pokažuvate svoeto neznaenje. Zarem ne primetuvate deka vednaš raspukaa i potemnea fasadite!? Prašuvate što e avtohtono makedonsko vo poranešnite gradbi?! Ta zarem gipsanite dorsko-korintski stolbovi, karijatidite i slavoluci se makedonski avtohtoni gradbi?! So novite avtobusi trebaše da se podobri javniot prevoz, da se namalat gužvite i čekanjata. Se podobri li? Se namalija li čekanjeto, gužvite?!
Tunta Kosturski, 13.06.2017 07:50:26
Prekrasno pisanie za nacionalnata gordost i za lažniot patriotizam. Tokmu taka: Makedonija e rodena na 29 Noemvri 1943 godina vo Jajce. Toa e datumot koj treba da se počituva i slavi, a so promena na fasadi i dograduvanje odamna započnati proekti ne se stanuva graditel. Kosturskite heroi ne će bea toa da ne bea onie Prilepskite i osobeno onie Kumanovskite i Crnotravskite, koi go ovozmožija održuvanjeto na Prvoto Zasedanie na ASNOM. Večna im slava.
Најнови вести