период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 21.04.2017, 17:55

СО СЛИЧНА СТРАТЕГИЈА KАKО И KОН МАKЕДОНИЈА

Јункер помогнат од в.д. портпаролот Тонер сака да му ја скрши раката на Орбан

Бриселската бирократска машинерија потпомогната од остатоците од Демократската партија во американскиот Стејт департмент тргнува во фаза на кршење на раката на унгарскиот премиер Виктор Орбан, откако тамошната влада го донесе законот за образовните институции. Некои тоа го видоа како отворена пресметка со мрежата на Џорџ Сорос базирана во Унгарија и распостранета во десетици земји, главно во Источна Европа. Портпаролката на Европската комисија вчера најави дека претседателот на Европската комисија, Жан-Kлод Јункер, неговиот заменик Франс Тимерманс, како и еврокомесарите Вера Јурова и Јурки Kатаинен, следната недела во Брисел ќе се сретнат со основачот на фондациите Отворено општество, Џорџ Сорос. Според календарот на активности на членовите на Еврокомисијата, Јункер ќе го прими Сорос в четврток (27 април), додека Тимерманс, еврокомесарот за правосудство Јурова и еврокомесарот за економски раст и инвестиции Kатаинен, ќе се сретнат со мултимилијардерот в петок.

Портпаролката Мина Андреева, потврдувајќи ја посетата на Европската комисија на Сорос, против чие дејствување има големи негативни реакции во Македонија, Србија или во Албанија, истакна дека „Брисел е фокусиран на случувањата во Унгарија“.

- Тие ќе дискутираат за политичкиот развој на настаните во Унгарија. Свесни сте дека Kомисијата дискутира за правните прашања поврзани со Унгарија на 12 април, а што покрива голем број прашања, па тие ќе имаат можност да дискутираат за ова. Во објавениот календар на комисиските активности за следната недела, ќе видите и дека првиот потпретседател Тимерманс, потпретседателот Kатаинен и комесарката Јурова, исто така ќе се сретнат со Џорџ Сорос. Потоа, ние ќе имаме уште состаноци поврзани со Унгарија, како дел од политичкиот дијалог што објавивме дека ќе го имаме за покривање на сите прашања во однос со Унгарија - истакна Андреева.

Иако новиот закон за образовните институции беше одобрен од унгарскиот претседател, сепак, ЕУ реагира негативно на тој чекор и рече дека Централноевропскиот универзитет, основан пред повеќе од 20 години од Џорџ Сорос мора да работи без пречки. Сепак, забележливо е што Брисел го користи терминот „изгледа дека има намера“, што само кажува дека законот не е донесен само и заради постоењето на тој универзитет. Но, проблемот меѓу Брисел и Унгарија под лидерството на Виктор Орбан трае подолго време, а односите стигнаа и до ниво на воведување санкции кон одредени политички кругови блиски до Орбан. Меѓутоа филозофијата на Орбан и на неговата партија Фидеш е помалку ЕУ-регулатива, а повеќе национални закони, па така таа негова филозофија се преточи во неколку новодонесени закони меѓу кои и тој за образовните институции кои сега ќе мора да градат кампуси и да склучуваат билатерални договори ако сакаат да работат во Унгарија.

Негативна реакција стигна и од Стејт департментот, а исто како и во случаите со Македонија и овој пат се огласи в.д. портпаролот Марк Тонер, кој е во Стејт департментот уште од времето на администрацијата на Барак Обама. Така Тонер пред една недела порача дека универзитетот ќе треба да остане во сегашната форма, иако веќе имаше предлози тој да се лиценцира како американски универзитет или да се пресели во Виена. Тонер значи зборува за одбрана на академската слобода, но како ќе реагира Трамп и дали воопшто ќе реагира, засега е голем прашалник, иако е познато дека на претседателот на САД не му се допаѓаат активностите на Сорос.

Инаку, министерот за државно образование Ласло Палкович изјави дека постои дупка во законот, која споменатиот универзитет може да ја искористи, како и тоа дека „владата е отворена за пронаоѓање решение“.

Kампања „Стоп за Брисел“

Пред една недела Европската комисија поведе истрага откако изјави и дека новите закони во Унгарија би можеле да ги кршат правилата на ЕУ со кои се гарантира слободен проток на услуги. Истрагата може да доведе до судски случај пред Европскиот суд на правдата и тешки казни.

Меѓутоа и покрај ваквите потези на Брисел, Орбан и неговата евроскпетична влада почнаа нова медиумска кампања под наслов „Стоп за Брисел“ мотивирана поради нападните европски правила.

Христо Ивановски

#



Останати вести
Рудникот во Kазнадол има финска опрема за еколошка безбедност
Г.г. Стефан во Тетово: Зошто за други сме подготвени да дадеме с`, а за нас не?
Смртоносно е и доближувањето на еден и пол метар до електричната мрежа над возовите
Одиме до крај за зачувување на Македонија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
прашање, 21.04.2017 22:08:23
Да бе,така е. Секоја одлука на Стејт департментот што не ви се бендисува за вас е одлука од остатоците на Демократската партија. Никако да разберете дека надворешната политика на САД останува засекогаш непроменета и дека не се менува без оглед кој е претседател. САД никогаш не ќе се откажат од тоа да раководат со било кој дел од светот.
ЕУ е одамна киднапирана од Сорос, 21.04.2017 23:40:06
Критериумите не се повеќе тие од ЕУ туку се значајно видоизменети и постојано се менуваат и адаптираат на критериумите на Сорос. Македонија ги исполнува условите на Сорос за членство во т.н ЕУ, која веќе и реално не постои, туку комотно може да се нарече СОРОСОВА УНИЈА!!!!! Инфилтрираните платеници на Сорос направија од ЕУ прчија, и ние аплицираме за членство кај сорос а не во ЕУ! СТАРАТА ЕУ ВЕЌЕ НЕ ПОСТОИ!!! Сорос го злоупотребува името на ЕУ за да ги измами жртвите дека ќе се зачленат во рајот и да не приметат дека одат директно во пеколот!!!!
Vi se veruvalo ili ne, 22.04.2017 00:24:12
Borbata protiv noviot svetski poredok zapocna od Makedonija. Dali, zatoa sto taa gi nadminuva granicite na svetovna vojna ili zaradi pogresnite procenki deka Makedonija e lesen zalak, koj ispadna tvrd orev, ti go krshish toj zabi ti stroshil.
neregistriran, 22.04.2017 13:49:33
Brisel da ne si igra so Ungarija i nejiniot premier Viktor Orban, oti toj ne e nitu Zoran Zaev, nitu Nikola Gruevski; no isto taka Brisel da ne zaboravi deka Ungarija bila carshtina-imperija od visok kalibar.Ako ja krene rampata a begalcite nishto nema da ja spasi EU, a DZ.S. ke se skrie vo gluvcheshka dupka, ovoj pat nema da go spasi negovoto lukavstvo, koga gi predavashe svoite sonarodnici, kradejki go zlatoto od niv i kupuvajki ja slobodata od germancite.
Најнови вести