период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 21.04.2017, 16:22

Додека си ги бараат кртовите во ЦИА

Американските власти се подготвуваат за апсење на Асанж?

Американското Министерство за правда е подготвено да поднесе обвинение и да побара апсење на основачот на организацијата „Викиликс“, Џулијан Асанж, истакнуваат неименувани американски службеници за Си-ен-ен и „Вашингтон пост“. Властите подготвиле налози за апсења поради објавувањето на десетици илјади воени документи од страна на „Викиликс“, која ги доби тие документи ги доби од Челси Менинг. Си-ен-ен наведе дека Асанж, кој живее во еквадорската амбасада во Лондон, е предметот на обвиненијата. „Вашингтон пост“, пак, пренесе дека цел на обвиненијата се неколку членови на „Викиликс“. Меѓу можните обвиненија се заговор, кражба на владин имот или прекршување на законот за шпионажа.

Во последните неколку месеци САД се надеваа дека новата влада на Еквадор ќе го протера Асанж од амбасадата за да може да го уапсат, но Ленин Морено, кој победи на изборите во Еквадор, рече дека тој може да остане во амбасадата под одредени услови. Бари Полак, адвокатот на Асанж, истакна дека Министерството за правда не го информирало за некакви потенцијални обвиненија.

- Немавме комуникација со Министерството и тие не ми посочија дека има обвиненија против Асанж. Нема причина зошто „Викиликс“ да биде третиран поинаку од другите издавачи - истакна тој.

Неколку издавачи и групи што се залагаат за слобода на говор ги осудија можните обвиненија и истакнаа дека ако може да се гони „Викиликс“, може да се гонат и новинари од други медиумски организации, пренесе „Раша тудеј“. Истовремено, на профилот на „Викиликс“ на „Твитер“ во четвртокот беше напишано дека сите водечки француски кандидати за претседател ветиле оти на Асанж и на Сноуден ќе им дадат државјанство или азил.

Во меѓувреме ФБИ и ЦИА истражуваат стотици можни осомничени за еден од најголемите безбедносни прекршоци во историјата на ЦИА. „Викиликс“ неодамна објави илјадници тајни документи со наслов „Kупола 7“, кои ги откриваат хакерските алатки на агенцијата. Заедничката истрага за изворот на документите на „Викиликс“ почнала минатиот месец, открива „Си-би-ес њуз“. Објавувањето на документите го откри дигиталниот арсенал на ЦИА за хакирање компјутерски системи и паметни уреди, како телефони и телевизори. Илјадници тајни документи кои претходно биле чувани во многу безбеден оддел од агенцијата му станаа достапни на целиот свет благодарение на „Викиликс“. ФБИ и ЦИА наводно веруваат дека изворот на објавените документи е еден од стотиците агенти или вработени кои имале физички пристап до материјалот, а не надворешен хакер, што се совпаѓа со она што „Викиликс“ го кажа на 7 март кога го најави објавувањето на документите.

Неименувани американски разузнавачки извори за „Ројтерс“ истакнаа дека ЦИА го очекувале објавувањето на документите уште од крајот на 2016 година. Поранешниот заменик-директор на ЦИА, Мајк Морел, помалку од една недела по објавувањето на документите рече дека тоа мора да е инсајдерска работа бидејќи податоците биле на многу тајна мрежа на ЦИА ,која не била поврзана со ниедна друга мрежа.

Минатата недела директорот на ЦИА, Мајк Помпео, за „Викиликс“ рече дека е недржавна непријателска разузнавачка служба која често е поттикната од државни актери како Русија, а за Асанж рече дека е демон. Помпео посочи и дека „Викиликс“ ги охрабрува следачите да работат за ЦИА за да крадат тајни. Асанж го обвини Помпео дека неговите критики се превентивна одбрана за да се спротивстави на контроверзиите што се создадоа поради објавувањето на документите. „Дејли мејл“ пишува дека забелешките на Помпео се иронични со оглед на тоа дека претседателот Доналд Трамп во текот на претседателската кампања рече дека му се допаѓа тоа што „Викиликс“ хакира имејлови на соработници на Хилари Kлинтон.

Сешнс: Апсењето на Асанж е приоритет

Американскиот правобранител Џеф Сешнс изјави дека апсењето на Асанж сега е приоритет за САД.

- Ова е нешто што отиде подалеку од с` за што знам. Имаме професионалци кои се во секторот на безбедност на САД со години и кои се шокирани од бројот на објавени документи, а некои од нив се прилично сериозни. Веќе почнавме да ги засилуваме нашите напори и кога и да може да се отвори случај, ќе бараме некои луѓе да се стават во затвор - истакна Сешнс.

#



Останати вести
Хаг по тужбата на Украина: Русија не е агресор во Донбас

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести