период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Метропола
Датум: 20.12.2013, 19:12

ОПШТИНАТА ОРГАНИЗИРА ПАРАЛЕЛЕН ПРЕЧЕK НА НОВАТА ГОДИНА

Центар и Град Скопје ќе се натпејуваат на плоштадот

Општина Центар првпат оваа година ќе организира пречек на Нова година на скверот „Јадран“ наспроти традиционалната децениска забава на плоштадот Македонија, што ја организира Град Скопје. Додека на градскиот плоштад граѓаните ќе се забавуваат со концертите на Kалиопи, Тијана, „Kуку леле“ и Мустафа Имери, во непосредна близина, на оддалеченост од стотина метри, Општина Центар најавува жур со домашниот бенд „Суперхикс“ и со гостите од Хрватска „Прљаво казалиште“.

Според градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, нема да има никаков проблем граѓаните да ја видат, како што рече, атрактивната програма на Градот, но и на Општината.

- Сметам дека Општината Центар треба да има своја понуда за новогодишните празници. Понудата не се однесува само за новогодишната ноќ, туку е четиридневен фестивал наречен „Град во градот“. Немам никаква намера да правам некаков паралелизам, ниту да има мешање музики. Напротив, мислам дека ќе биде интересно граѓаните да видат што нудат градските власти и што нудиме ние. Мислам дека нема да има проблем од тој аспект. Сакаме црно-белиот свет на „Прљаво казалиште“ да го обоиме во црвено-белите бои на општина Центар - изјави за „Дневник“ Жерновски.

Ова ќе биде прва година како Општината Центар организира пречек. Уште од времето кога градоначалник беше Виолета Аларова, Општината традиционално организираа предновогодишни настани што траат повеќе денови, но тие секогаш завршуваа или на 30 или на 31 декември попладне.

Досега паралелен пречек на Новата година во Скопје со традиционалниот пречек на плоштадот организираше Општината Аеродром во првите години откако стана посебна единица на локалната самоуправа. Општината тогаш беше изложена на критики во јавноста поради тоа што на некој начин ги подели граѓаните во најлудата ноќ, но некои го поддржаа општинскиот пречек поради оддалеченоста на Аеродром од центарот, потребата да се вози автомобил дотаму и да се бара паркинг.

„Град во град“ е дружење со музика и топло вино

Според локалните власти, четиридневната новогодишна програма на Општина Центар, од 29 до 31 декември, на граѓаните ќе им понуди убава атмосфера и дружење со музика и топло вино. Манифестацијата „Град во град“ напладне на 28 декември ќе ја отвори Драган Б. Kостиќ, а вечерта е резервирана за „Нокаут“. Наредниот ден за децата од градинките се организира детската програма, која ќе почне во 12 часот, а вечерта ќе настапуваат „Деј оф“ и „Нонстоп“. В понеделник скверот „Јадран“ е резервиран за настапите на диџеј Бабура и на Игор Џамбазов.

На вчерашната презентација на новогодишната програма на Центар некои од учесниците ги поканија скопјани да дојдат. Бени Шакири посочи дека на скверот се организира богата и урбана програма, Пере од „Нокаут“ вети дека ќе ги забавуваат граѓаните со добро познатите хитови, но и со нови песни, а Андреј од ДНK најави добра музика.

Анела Петрова

 

#



Останати вести
ЛДП ќе побара некоја улица да се именува „Нелсон Мандела“
Прирачник за справување со катастрофи за децата со оштетен вид
Ветер од вторник, аерозагадувањето високо
Лифт за лицата со посебни потреби во „Арсениј Јовков“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Prodan, 21.12.2013 08:06:47
Центар и Град Скопје ќе се натпејуваат на плоштадот (citat). Demek da mu crkni kozata na komsijata. Pravno nekoi raboti ne mozat da se resat. Zatoa mnogupati sum rekol: Stapot pa deset udri eden broi. Do kade odi ovoa raslojuvane gospoda GLUPACI bozem vodaci na narodot. 0940
Prodan, 21.12.2013 12:30:24
ОПШТИНАТА ОРГАНИЗИРА ПАРАЛЕЛЕН ПРЕЧЕK НА НОВАТА ГОДИНА (citat). Vakvi raboti treba da se glasaat vo sovetot so 2/3 mnozinstvo. Inaku vo moeto selo za vakaov covek velime: Mu ebal pes majkata pa izlegol toj. 7206
cacko, 21.12.2013 13:31:26
Koi ste vie rasipnici
Најнови вести
 
-->