период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 21.04.2017, 17:51

ПродолжиJа координираните изJави за голема АлбаниJа

Јонуз Муслиу: Прешевската Долина сака да се присоедини кон Kосово, Вучиќ не е наш претседател

С` поочигледни и поофицијални стануваат намерите за остварување на проектот за голема Албанија. По отворената закана од албанскиот премиер Еди Рама и по него косовскиот претседател Хашим Тачи, вчера и претседателот на Албанскиот национален совет и на собранието во Бујановац, Јонуз Муслију, порача дека Албанците од овој дел на Србија сакаат да се присоединат кон Kосово.

Муслију ги поддржа пораките на Тачи и Рама и нагласи оти тоа е волјата на луѓето во Прешевската Долина.

- Тоа е желбата на народот од Прешевската Долина - да се присоединиме кон Kосово. Засега тоа не се однесува на Ниш. Нема да се откажеме од ова, ова е наше право - нагласи Муслију во интервју за „Спутник“.

На новинарските прашања кого Муслију го признава како претседател: Рама, Тачи или Вучиќ, тој одговара „ги има првите двајца, а Вучиќ е Србин и не може да биде претседател“.

Подолу во интервјуто Муслију вели оти не се плаши од никого да го изрази своето мислење, односно да ја соопшти волјата на народот, а ни од далеку не мисли дека со ваквите изјави го урива уставниот поредок на Србија.

- Јас бев во униформа и не се плашев, ниту се плашам. Ова не е само мое мислење, туку е одлука на народот од Прешевската Долина - порачува Муслију.

Неговите изјави следуваат откако најпрвин Рама се закани со голема Албанија порачувајќи му на Брисел дека ако затаи евроинтеграцијата на Западен Балкан, може да дојде до обединување на Албанија и Kосово. Охрабрен од отворениот настап на Рама, завчера и Тачи во слична форма порача „доколку ЕУ ја затвори вратата за Kосово, сите Албанци од регионот ќе живеат во една единствена држава“.

Официјален Белград непрестајно апелира до Брисел да ги санкционира ваквите закани и да спречи ескалација на и онака постојните тензии. Српскиот министер за работа, вработување, боречки и социјални прашања, Александар Вулин, вчера за „Дневник“ изјави „тоа што Брисел не ги осудува ваквите изјави и не реагира, практично значи оти дозволува да има балканска војна, која е единствениот пат да се реализира проектот за голема Албанија“.

И додека Брисел молчи и не реагира, албанските функционери во регионот од ден на ден с` повеќе се охрабруваат да говорат отворено за голема Албанија наместо да работат во насока на добрососедски односи во регионот.

Единствената реакција на Брисел беше онаа по изјавата на Рама кога на прашање на новинар од српски „Блиц“ портпаролката Маја Kоцијанчич одговори дека соработката со сите мора да биде рамноправна и најбитно е да се одржат добрососедските односи.

По изјавата на Муслију, вчера реагира српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, според кого албанските политичари станаа закана за мирот и стабилноста на Балканот и Европа

- Албанците би требало добро да ги одмерат своите зборови бидејќи на меѓународната сцена веќе ги нема нивните заштитници кои ја бомбардираа Србија за да ~ го одземат Kосово. Тоа нема да се повтори никогаш повеќе - рече Дачиќ. 

Според Дачиќ, координираните изјави на Рама, Тачи и на Муслиу покажуваат дека голема Албанија е цел на сите Албанци.

- Муслиу кон неа го придодаде и Ниш, а утре ќе ги додаде и Скопје и Улцињ и Епир - нагласи Дачиќ.

Единствена реакција вчера стигна од американскиот амбасадор во Kосово, Грег Делави, оцени дека изјавите за соединување на Kосово и Албанија се невнимателни.

- Американската влада го поддржува суверенитетот и на Kосово и на Албанија. Ние сме против невнимателните разговори за соединување и претераните реакции на ваквите изјави, кои ја поткопуваат стабилноста во регионот - рече Делави во изјава за Радио Слободна Европа на албански јазик.

Димитриев: Изјавите на Рама не се добрососедски

Откако Брисел благо реагира дека сега било најважно да се одржи добрососедството, македонскиот премиер Емил Димитриев вчера на својот фејсбук-профил реплицира дека изјавите на Рама не се во прилог на добрососедството, напротив.

- Додека мојот колега од Албанија од ракав вади сценарија за спојувања на Албанија и Kосово, доколку пропадне европската интеграција на државите од регионот, неговите дежурни адвокати се трудат да го правдаат со тезата дека тоа било од „пријателска природа“, вели Димитриев.

Според него, иднината на Македонија ја гледаме во Европската Унија и нема дилема во однос на овој стратешки приоритет.

- Иднината на регионот не е во обединувањето на две држави или повеќе територии, туку е во обединувањето на сите во врска со европските вредности во Европската Унија - напиша Димитриев.

Брисел не одговара на прашањата на „Дневник“

„Дневник“ побара одговор од кабинетот на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, за тоа што ќе преземат за да се спречи балканска војна како одговор на координираните закани од албанските политичари за голема Албанија, зошто Брисел не ги осудува ваквите изјави и што планира да направи?

Иако веднаш по испраќањето од портпаролите на Европската комисија ни стигна потврда дека работат на нашите прашања и најбрзо што може ќе ни вратат одговори, до затворањето на весникот тоа не се случи.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Убиениот напаѓач бил во затвор за обид за убиство на полицајци
СДСМ чека ДУИ со Манојловски да иницира смена на Вељаноски
Агентот Бени имаше интересна улога во градбата на „Бондстил“ на Kосово

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести