период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 26.04.2017, 16:55

ПИСМО

Зошто Трамп дозволува политиката на Обама и Хилари да пустоши во Македонија?

Претседателот Трамп прави нешто што е многу неТРАМПистично. И тоа е нешто што загрижува. Тој дозволува политиката што ја спроведуваше администрацијата на Обама и Хилари да продолжи во иста насока, наместо да спроведува своја политика. Републиканците направија добар потег што во рамките на Kонгресот почнаа истрага за грешки што во континуитет се случуваат од вработени во владиниот сектор, врз основа на политичките насоки кон кои дејствуваше претходната администрација, но тие не ја спроведуваат својата политика. Зошто? Тоа би значело крај на превирањата што ја зафатија целата нација.

Таа нација е Македонија. И нивната националност е македонска. Американскиот Стејт департмент и американската амбасада во Македонија продолжуваат да го следат левоориентираното крило на Обама/Хилари, Џорџ Сорос, кој ја финансира политиката на мешање во внатрешните работи во Македонија и тоа предизвикува хаос и ги засилува нападите врз етничкото потекло на Македонците и врз македонскиот суверенитет.

Левоориентираните држави од Европската Унија им се придружија на САД и на невладините организации финансирани од Сорос, па побараа мандат за формирање влада да ~ се даде на коалицијата што ги прифати барањата за Голема Албанија, која ги изгуби неодамнешните избори и ја прифати платформата со која се бара промена на името на Македонија, идентитетот, знамето, химната и на грбот и која што претставува закана за територијалниот интегритет на Македонија. Овие држави избраа да ја игнорираат колатералната штета само за да се реализира нивната идеја на власт во Македонија да бидат марионетите од левицата.

Масовни непартиски протести се одржуваат низ целата држава. Македонците се обединија против тиранската платформа и во одбрана на својата земја. Оваа платформа е изготвена во странска држава – Албанија и под патронат на албанскиот премиер Еди Рама. Kласичен пример за странски интервенционизам. Рама неодамна сугерираше спојување на Kосово и Албанија доколку ЕУ го отфрли членството на Албанија во ЕУ. Kласичен пример за регионална нестабилност.

Седум децениската странска интервенционистичка политика практикувана и од левицата и од десницата во САД резултираше со американски инициран меѓународен хаос. Претседателот Трамп (исто како и Берни Сандерс и Ренд Пол) го потврди тоа и нагласуваше дека САД мора да прекинат со интервенции во странски држави. За Македонците ова не е проблем од аспект на левица или десница, па луѓето кои што се лево ориентирани (за каков што и јас лично се сметам себеси), централистички ориентирани и десно ориентирани, ја бранат нашата земја и нашето битие, како што би правела и било која друга нација. Да се дискутира за политичка припадност како општа цел по ова прашање е слично како и да се дискутираме за вкусови и омилени бои.

Стејт департментот добива задачи од својот шеф, од претседателот. Kоја причина да ја изберете, господине Трамп, дали за да го исполните предизборното ветување, дали за да им ставите крај на одлевањето на милионски суми собрани од даночните обврзници, обидувајќи се да имплементирате влада во Македонија што ќе биде раководена од Сорос (Judicial Watch поднесе и тужба во таа насока), дали за да овозможите демократијата и Уставот да бидат прифатени во Македонија, дали за да ги следите основните насоки за човековите права и да ставите крај на обидите за денационализација на една вековно стара нација или за да им ставите крај на политиките од Обама и Хилари и да спроведете ваша политика, затоа што вие сте претседател, тоа зависи од вас. Но, тоа мора да биде направено. Сега и веднаш.



Бил Николов, претседател на Македонското меЃународно движење за Човекови права

#



Останати вести
Kаде го гледам излезот од кризата во Македонија
Диктатот на малата елита од Брисел
Да се премине Рубикон

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Deep State, 26.04.2017 23:55:56
Кога ќе разберете што е Deep State, кои се, нивното потекло, како и што работат, тогаш ќе разберете зошто Trump вака реагира. Исто е важно да се знае кои се сите луѓе околу него и што е заедничко за нив.
Јустинијан, 27.04.2017 00:13:05
Бил, didnt you get the memo? Претседателот Флипер, или „180 степени“ (новите синоними за „Портокаловиот Исус“) абдицираше! Прогуглај „President Kuschner“ и ќе ти биде појасно...
Naumce Srbinoski, 27.04.2017 02:40:09
Ej Bil, ti mozhesh da si sekoj i seshto, no nemash poim shto se toa chovekovi prava!!! Toa shto go pishuvash e samo nekakov tvoj interes, nikako za Makedonija!!! Duri ne ni znaesh shto se sluchuva tamu. Vo sprotivno, chovekovite prava ke gi barashe na drugo mesto. Soros e mnogu pobogat i od tebe, zoshto bi branel nekoisi levichari?!!!! Koi, ako se opasni ke mu gi zemat parite.
stit, 27.04.2017 09:01:31
Politikata na SAD ja rakovodat evreite i Grcite ete zatoa Tramp ja sproveduva GRCKATA POLITIKA
Zatoa sto., 27.04.2017 09:21:35
Nezavisnosta na Grcija tradicijonalno se proslavuva i vo Florida SAD i toa sekoja gdina i ovaa godina prisuten bese Donald Tramp i negovite prvi zborovi bea JA SAKAM GRCIJA GO SAKAM GRCKIOT NAROD ete zatoa Amerika sekogas ke bide na stranata na najsilnoto lobi vo svetot
Најнови вести