период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 12:51

Прецизирајте ги целите, полесно ќе ги остварите

Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Кога ќе се навратите на минатото и ќе согледате некои од пропуштените шанси, неисполнетите желби или неостварените соништа, дали се прашувате зошто баш така сте одиграле? Можеби поради незнаење, слаба мотивација, страв од неуспех, несигурност, а можеби и поради тоа што не сте одредиле прецизно што навистина сакате, што со тоа сакате да постигнете и што ви носи остварувањето во иднина.

Правилнa формулација

Понекогаш е потребно да застанеме на момент и да си ги поставиме овие прашања, бидејќи токму со нив, нашите желби се обликуваат во цели што на нашиот живот му го даваат правецот кон кој тежнееме. Кормилото е во наши раце ако правилно ги запишеме и дефинираме. Бидејќи, како ќе направиме план на акциони чекори кон патот до успехот ако немаме појдовна точка? Начинот како ги обликуваме нашите цели во голема мера ја обезбедува веројатноста за нивното исполнување. Да се биде прецизен во поставувањето на целта значи да му се даде голема доза реалност и да се насочи кон она што го сакаме, а не она од што бегаме. Кога ќе си поставите цел дека не сакате веќе да имате вишок килограми или да не бидете сиромашни, важно е негативните облици да ги претворите во позитивни. Нашето несвесно "не" ја обработува негацијата. На пример, ако некој сега ве замоли да не замислите одредена ситуација, дали би успеале во тоа? Затоа одговорите како "сакам витко и затегнато тело" и "сакам убава куќа со двор" звучат многу подобро. Но, за жал, тоа се само желби. Правилната формулација на целите е тоа што одлучува дали ќе се остварат или не. Умот сака конкретност и колку повеќе детали ќе му понудите, тој е поспособен да воочи и да препознае различни можности за вас. Со специфичните поединости правите вашата цел да биде предизвикана, мотивирајќи ја. А за да бидете во тоа уште поуспешни, би било добро себе да се замислите на целта и да опишете каде точно се наоѓате, во кое време, кој е со вас и какво ви е чувството. Ако целта ви е купување куќа, верно замислете ја, опишете ја секоја соба, точниот распоред на просториите, каков е погледот од терасата. Колку е описот попрецизен, умот подобро ќе го следи. Сите овие детали ќе овозможат да ја визуализирате (ослободете ја својата мечта и остварете ја секоја цел со леснотија) својата цел и во потполност да го доживеете патот до своите сетила.

Запишете ја секоја точка

Користете сегашно време, бидејќи тоа креира претстава во свеста како веќе да сте ја оствариле бидејќи нашето несвесно "не", прави разлика меѓу она што се случило и она што допрва ќе се реализира. Така ќе имате целосна претстава за она што сакате да го постигнете и ќе му олесните на несвесното да оди кон зацртаните цели. Утврдете и некој рок, бидејќи временската рамка е многу важна и создава позитивен притисок и ги насочува сите акции кон исходот што сте го поставиле во тој предвиден рок.

Запишувањето е многу моќен начин да го добиете вниманието на несвесното и да го вработите да работи на вашите цели. Така може да ги заборавите, а секако ќе ви помогне и подобро да ги разберете, сфатите, дефинирате и преобликувате. Опкружете се со нив, запишете ги на стикери, носете ги во паричникот, заведете ги во роковник, но секогаш нека ви бидат на око. На тој начин ќе имате фокус, постојано да се мотивирате и да се потсетувате на она што сакате да го постигнете и активностите што треба да ги направите за да дојдете до целта. Запишувањето повлекува и одговорност. Зборовите ги снемува во етер, а запишаното останува како трага.

Без целите сме заглавени во едноличност. Затоа тие се начин да креираме подобар живот за себе. Работете на целите со чие остварување и вие ќе станете повредни, со кои ќе растете и поради кои со радост ќе влегувате во нов ден, со нови вештини, способности и ставови. И не се согласувајте со нешто помалку, бидејќи ако си ги ограничувате своите избори само на она што ви изгледа остварливо, се лишувате од она што душата навистина ви го бара.

(М.А.М.)

#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести