период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 12.06.2017, 16:27

Општина Центар казни три фирми за небезбедни градилишта

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски, затече расфрлан градежен материјал на јавна површина во текот на вчерашната инспекција на три градилишта заедно со овластениот градежен инспектор. Со тоа тие вчера ја започнаа акцијата за посета на сите градилишта на територијата на општината за да се констатира каква е нивната безбедност, дали има заштитни мрежи и огради, дали е зафатена надворешната јавна површина со градежен материјал и шут.

Kако што информираат општинските власти, граѓаните вчера се жалеле до градоначалникот за расфрланиот материјал, кој им оневозможува нормално движење по тротоарите.

- „Луна корпорација“ ДООЕЛ Скопје и „Линеа“ ДООЕЛ Скопје не ги почитуваат законските одредби на објектите што ги градат на аголот на улиците Орце Николов и Ѓорѓи Пулевски и ќе им бидат изречени казни во висина од 2.000 евра. Притоа кај „Луна корпорација“ градилиштето е необезбедено, а кај двете фирми е забележливо зафаќање јавна површина со градежни материјал. Со 2.000 евра ќе биде казнета и фирмата „Адама инвест“ ДООЕЛ Скопје, која гради објект на аголот на булеварот Партизански одреди и на улицата Рузвелтова, бидејќи на објектот нема табла на која според законот треба да има податоци за инвеститорот, изведувачот и за самата градба - соопштија од Општина Центар.

#



Останати вести
Се гради новата атмосферска канализација на „Индира Ганди“
Ќе се распише нов оглас за фирма што ќе ги замени светилките со штедливи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести