период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 21.04.2017, 17:01

Kрадец на акумулатори со нож расекол полицаец

Прилепчанецот Р.Р.(42) е осомничен дека со нож расекол полицаец кој го фатил во кражба на акумулатор, завчера во Прилеп, информира МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 21 часот во Прилеп на улицата Марксова. Тогаш полициски службеник, кој бил на должност, забележал две лица како вршат кражба на акумулатор. Тој тргнал кон нив, но Р.Р. извадил нож и замавнал кон полицаецот нанесувајќи му расеченица на десната дланка, по што побегнал. Полицаецот го пријавил случајот, па полицијата го пронашла и привела напаѓачот заедно со 16-годишниот син. Повредениот полицаец е пренесен и задржан во Општата болница - Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

#



Останати вести
Ограбен манастир во Делчево
Преработил сигнален пиштол во смртоносно оружје
Ученик претепал наставник во училиште во Симница
Спречена експлозија на гасна станица, изгореа макети од постземјотресно Скопје

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести