период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 19.05.2017, 18:16

РУСKИОТ ПРЕТСТАВНИK ВО БРИСЕЛ ЗА ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ НА ЕУ

Солана се смееше кога му реков принципот 20 проценти да се примени во Латвија и Естонија

Состојбата во Македонија е тензична, опасна и кревка, ја објасни неодамна атмосферата во нашата земја постојаниот претставник на Руската Федерација во ЕУ, амбасадорот Владимир Чизов. „Дневник“ по електронска пошта му испрати на почетокот на месецот неколку прашања на амбасадорот Чизов за да ги појасни руските гледишта на актуелната политичка криза во Македонија, која не беше разрешена ниту со спроведените предвремени парламентарни избори. Постојаната мисија на Руската Федерација во ЕУ во повратниот одговор н` упати на брифингот одржан пред десетина дена, на кој Чизов се осврна и на состојбата во Македонија.

На декемвриските избори всушност се добија сличните резултати како и на претходните, со што партијата на премиерот Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ, беше прва, а главната опозициска, СДСМ на Зоран Заев, втора, потсетува Чизов. Тој притоа додава дека бидејќи Груевски и неговата партија не добија апсолутно мнозинство, ниту една друга партија не изрази желба да се приклучи кон коалицијата, по што земјата влезе во уставен ќор-сокак.

- Во таква ситуација лидерите на три албански партии беа повикани во главниот град на Албанија, каде што тие ја потпишаа таканаречената албанска платформа. Kога се вратија назад во Скопје, тие успеаја, со помош од други, Заев да ја потпише платформата - вели Чизов.

Според него, платформата е причина зошто се зголемиле тензиите.

- Таа оди преку веќе постојниот договор од 2001 година, Охридскиот рамковен договор, кој беше напишан, ни повеќе ни помалку, туку од Хавиер Солана (поранешен генерален секретар на НАТО н.з.), со кој на албанското малцинство му се дадоа извесни квоти. Меѓутоа, имаше една интересна одредба со која се стипулира дека кое било национално малцинство кое е претставено со 20 проценти од населението има право неговиот јазик да биде признат како државен јазик. Kога се сретнав со Солана тие денови, го прашав дали тој ќе размисли истата одредба да се спроведе во Латвија и во Естонија. Тој само се смееше - објаснува Чизов, притоа мислејќи на многубројното руско национално малцинство во тие две балтички земји кои ни приближно ги немаат правата на Албанците во Македонија.

Но, истакнува Чизов, самонаречената албанска платформа оди уште подалеку - таа е спротивна на уставното уредување на Македонија. „Според наше мислење, нејзиното спроведување ќе ~ наштети на иднината на земјата“.

Рускиот амбасадор додава дека и изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието се случил во процедура која ги прекршила Деловникот и постојните закони.

- Kаде е излезот? Мислам дека нови избори се неизбежни, но за тоа треба вие да одлучите. Но, не можете да барате излез од политичката криза со тоа што ќе ги уништувате столбовите на државата, а такво нешто сме виделе последниве години на многу места - порачува амбасадорот Чизов.

Христо Ивановски

#



Останати вести
Идните првачиња зборуваат англиски, пишуваат, а не знаат да читаат
Новиот клинички центар со хелиодром ќе биде готов за 45 месеци
Албанија доби свој пржински договор
Матурантите танцуваа кадрил и се заколнаа на ненасилство

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Trpe, 20.05.2017 07:27:23
Kako trgnale rabotite i tie naskoro ke gi dobijat istite prava bidejki koj na drug mu kopa grob sam vo nego upadja veli narodot!
тази дупка не е дупка, 20.05.2017 08:14:12
Тоа што важи кај нас не може да се примени на друго место. Ете токму тоа е доказ дека сето ова е креирано заради остварување на конкретна цел. Не сум теоретичар на завери, но ова станува толку очигледно што е веќе и навреда за умот. Се разбира кој го има.
Најнови вести