период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 12.06.2017, 16:31

Осум нови области на шведскиот список со особено ранливи области

Шведска полека се претвора во забранета зона за Швеѓаните и за полицијата

Осум нови области во Шведска се додадени на полицискиот список со особено ранливи области со висок профил каде што стапката на криминал и нивото на сиромаштија се особено високи, објави шведскиот весник ДН.

Во 2015 година националната полиција на Шведска објави извештај на 55 т.н. ранливи области, од кои 15 се сметаат за особено ранливи. На пример, Рикенби во Стокхолм, кој го предизвика вниманието на светските медиуми и се најде на насловните страници во февруари годинава по немирите што избија таму и кога беа опожарени автомобили и тоа само само неколку дена откако Доналд Трамп ја посочи Шведска како земја загрозена од насилство од мигрантите. Во 2015 година полицијата го вклучи ова предградие на Стокхолм во списокот 15 особено ранливи области, а две години пред тоа беше една од неколкуте области во Стокхолм во кои имаше насилни протести. Немирите на 20 февруари се совпаднаа со коментарите на претседателот на САД, Трамп, во врска со криминалот и миграцијата во Шведска.

- Имаше неколку запалени автомобили на паркингот. Проблемот е во тоа што полицијата не направи ништо. А тоа не е првпат. Дури и да бидат уапсени лицата што прават нешто погрешно, во рок од неколку дена тие се слободни така што тоа не менува ништо, нема казни - изјави тогаш за „Локал“ еден од жителите на предградието.

Прелиминарните резултати од Националниот совет на Шведска за превенција на криминалот (БРА) покажуваат дека општината Ринкеби, која се прослави благодарение на Доналд Трамп, со 2.405 пријавени насилни кривични дела на 100.000 жители, има втора највисока стапка на насилен криминал во 2016 година во Шведска. Дека тврдењата на Трамп не се неосновани, покажа и сведочењето на шведскиот полициски детектив Петер Спрингаре во февруари годинава, кој тврдеше дека мигрантите се виновни за најголемиот дел сериозни кривични дела во Шведска, што предизвикало полициските сили да станат преоптоварени и оти ситуацијата се развива веќе една деценија или повеќе, пренесе „Брејтбарт“.

- Еве со што се соочувам од понеделник до петок оваа година: силување, кражба, тешка телесна повреда, силување и напад, силување, изнуда, уцена, напад, насилство врз полицијата, закани кон полицијата, криминал со дрога, дрога, криминал, злосторство, обид за убиство, повторно силување, изнуда и малтретирање. Осомничени: Али Мохамед, Махмод, Мохамед, Мохамед Али повторно, Kристофер... што, вистина ли е? Да, шведско име во криминалот со дрога. Мохамед, Махмод Али, повторно и повторно - напиша полицаецот.

Тој потоа додаде и од кои земји се лицата што извршиле кривични дела и ги наведува Ирак, Турција, Сирија, Авганистан, Сомалија и еднаш Шведска.

- За половина од осомничените не можеме да бидеме сигурни затоа што немаат валидни документи, што обично значи дека лажат за својата националност и идентитет - наведува Петер.

Тој додава дека говори само за општината Еребру и оти тие кривични дела 100 отсто го искористуваат капацитетот на полицијата за истражување, а така е во последните 10-15 години. Осум нови области сега се додадени на таа листа, која с` уште не е објавена, со што бројот на особено опасните зони се зголемува на 23 - пишува весникот ДН.

Терминот забранета зона беше прифатен од некои меѓународни медиуми во 2015 година кога првпат го употреби еден шведски колумнист со цел да ги обележи овие области во кој е ризично да се влегува, особено за полицијата, но тоа беше одлучно отфрлено од самата полиција, пишува „Локал“.

Полицијата претпочита дефиниција за таквите области која ги опишува како социо-економски ранливи области, каде што стапките на криминалот и сиромаштијата се обично високи, каде што полицијата редовно треба да ги приспособува методите и опремата за непредвидливата ситуација, каде што може да има насилен верски екстремизам и каде што жителите често не пријавуваат кривични дела на полицијата - или од страв од одмазда или затоа што мислат дека тоа нема да смени ништо.

Линда Стааф, која го предводи одделот за разузнавање на националната полиција (НОА), вели дека некои од овие области требало да бидат класифицирани како особено ранливи и во претходниот извештај во 2015 година, но полицијата тогаш немала собрано доволно информации за правилно да се оцени ситуацијата таму. Многу регионални полициски шефови побараа повеќе финансиски средства и повеќе вработени.

- Ние знаеме како да постапуваме кога станува збор за проблеми во таквите области, тоа не е проблем. Но, за да се направи тоа на вистински начин, ни требаат барем уште сто вработени - изјави Стефан Синтеус, шеф на полицијата од Малме.

Kриминал наместо интеграција

„Дел од проблемот во Шведска е тоа што некои луѓе доаѓаат тука од земји со сериозни проблеми и за нив е тешко да се интегрираат во шведското општество. Тие го бараат најкраткиот пат, а тоа е криминалот“, вели соговорник на „Локал“, кој се преселил во Шведска пред 35 години. Шведска, според него, е една од најдобрите земји во светот и го прави најдоброто, но некои одлуки што ги презема се слаби.

- Бевме погодени од некои лоши одлуки за миграцијата, но Трамп е во право во тој поглед - вели тој.

Во Шведска стапката на смртоносно насилство е едно убиство на 100.000 жители, во споредба со пет на 100.000 во САД, според податоците на ФБИ.

Хенрик Селин, политиколог и директор на Шведскиот институт за меѓукултурен дијалог, смета дека со обвинување на миграцијата не се доаѓа до коренот на проблемите.

- Луѓето со странско потекло се до некоја мера премногу застапени во криминалната статистика, но ако одите подлабоко, ќе забележите дека меѓу нив исто така обично има повисока стапка на невработеност, сиромаштија и исклученост (од општеството) - вели Селин.

 

#



Останати вести
Трамп од Флорида ќе го урива договорот на Обама со Kуба
3.219 пукнатини во јадрениот реактор на белгиската нуклеарка

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Gragjanin, 13.06.2017 02:53:02
Pa Karl Bild neka vi kaze sto da pravite. On nas ne ucese kako da gradime sozivot. Gradete go vie sega
integracija, 13.06.2017 09:16:57
integracija znaci koga doselenikot se integrira celosno vo drzavata koja mu dava gostoprimstvo a toa znaci celosno prezemanje na vo primerot svedskata kultura a kultura se podrazbira kult primer krst ili hristijanstvo koe pak znaci isto kako i demokratijata pisani pravila koi treba celosno da se prifatat i da se integriraat site doselenici so prifakjane na kulturata -religijata i jazikot vo zemjata vo koja sakaat da ziveat vprocem ako sakale da dojdat vo evropa ili svedska znaci ja sakale i teznelle da ja prifatat evropskata kultura i religija i samo tie doselnici koi od prviot den ke ja prifatat evropskata kultura toes religija ili nacin na zivenje i oblekuvanje samo tie treba da dobijat dozvola za prestoj, site drugi koi ne ja prifakjaat evropskata kultura a sakat da ja nametnat svijata na evropejcite treba da ne im se dozvili ni VLEZ VO EVROPA a kamoli NASELUVANJE...
Најнови вести