период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 12.06.2017, 16:27

Се гради новата атмосферска канализација на „Индира Ганди“

Во Шуто Оризари во тек е реализацијата на атмосферската канализација на дел од улицата Индира Ганди. Скопскиот градоначалник Kоце Трајановски и градоначалникот на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, викендов извршија увид во градежните работи.

- Со капиталниот проект за изградба на атмосферска канализација на дел од улицата Индира Ганди ќе се реши еден од акутните проблеми со кои се соочуваа жителите во Шуто Оризари, со одведувањето на дождовницата и поплавувањето на оваа улица и при најмали врнежи од дожд - изјави Трајановски.

Тој објасни дека со овој зафат се прави ископ и се гради атмосферска мрежа со должина од 942 метра и со полипропиленски цевки со профил од 400, 600 и од 800 милиметри.

- Цевките од канализацијата се веќе поставени, а во наредните денови ќе се работи на формирање на сливниците. Потоа, коловозот на улицата Индира Ганди ќе биде саниран -истакна Трајановски.

Се очекува градежните работи да завршат за еден месец, пред истекот на предвидениот рок.

Градот Скопје за овој капитален зафат ќе одвои околу 13,7 милиони денари.

#



Останати вести
Општина Центар казни три фирми за небезбедни градилишта
Ќе се распише нов оглас за фирма што ќе ги замени светилките со штедливи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести