период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 13:15

ЉУБОВНИТЕ НЕВЕРСТВА НА СПОРТСKИТЕ АСОВИ

Тајгер Вудс лекуваше зависност од секс, Вејн Руни се гледаше со проститутка

Иако таблоидите најчесто се полнат со аферите и неверствата на музичките и филмските ѕвезди, огромно внимание привлекуваат и љубовните излети на познатите спортисти. Во продолжение следуваат најголемите имиња од светот на спортот, чии авантури надвор од теренот беа главна вест на насловните страници од жолтиот печат.

Тајгер Вудс и Рејчел Јукител

Најскандалозната љубовна афера првпат се појави во медиумите во 2009 година кога славниот голф-играч удри во дрво со својот автомобил. Несреќата наводно се случила како последица од кавгата на Вудс со тогашната сопруга, Елин Нордегрен, за неговото неверство со Рејчел Јукител, хостеса во еден ноќен клуб. По овие шпекулации, и други девојки започнаа јавно да ги признаваат своите авантури со спортската ѕвезда, меѓу кои и порноактерката Џослин Џејмс и клупската промоторка Џејми Грабс.

Вудс најпрвин ги негира сите овие приказни, но подоцна призна дека повеќепати ја изневерил својата сопруга и јавно се извини истовремено најавувајќи дека ќе се повлече од професионалниот голф на неодредено време. По неговото јавно признание, голем број компании, како „Геторејд“ и „Џенерал моторс“, ги раскинаа договорите за спонзорство со познатиот голфер, а „Жилет“ ги повлече рекламите во кои се појавува Вудс.

Во февруари 2010 година Вудс се појави на телевизија каде што соопшти дека посетувал терапевтска програма за зависници од секс и повторно се извини за своето однесување.

- Мислев дека можам да се извлечам што и да направам и дека по сета напорна работа, заслужувам да уживам во искушенијата околу мене. Бев глупав и згрешив - изјави тој.

Вудс и Нордегрен се разведоа во август 2010, а спортистот потоа беше во врска со американската скијачка Линдзи Вон, со која се раздели во 2015 година.

Дејвид Бекам и Ребека Лус

Британскиот таблоид „Њуз оф д ворлд“ во април 2004 година објави приказна дека фудбалскиот ас имал вонбрачна врска со својата поранешна лична асистентка Ребека Лус откако двајцата наводно биле снимени со мобилен телефон како флертуваат. Една недела подоцна и австралиската манекенка Сара Марбек излезе во јавноста со тврдење дека спиела со Бекам во два наврата. Фудбалерот ги негира изјавите на двете жени опишувајќи ги смешни.

- Нема да лажам, тоа беа навистина тешки моменти за целото семејство, но сфатив дека многу луѓе имаат цена. Сепак, Дејвид и јас ги пребродивме проблемите и на крајот излеговме посилни и посреќни од кога и да е - изјави подоцна сопругата на Бекам, Викторија, поранешната членка на „Спајс грлс“. Инаку, двојката е во брак од 1999 година и има четири деца: синовите Бруклин Џозеф, Ромео Џејмс и Kруз Дејвид и ќеркичката Харпер Севн.

Рајан Гигс и Имоџен Томас

Велшкиот фудбалер ја изневери својата сопруга со манекенката и ѕвезда на реалното шоу „Големиот брат“, Имоџен Томас, а аферата сепак се најде на страниците на таблоидите и покрај обидите на Гигс да го спречи објавувањето на своето име или какви било детали за вонбрачната врска.

Во меѓувреме фудбалерот беше поврзан со нов љубовен скандал, овој пат со жената на помладиот брат, Наташа Гигс. Наводно, таа и спортската ѕвезда се запознале во ноќен клуб во март 2003 година пред Наташа да се омажи, но аферата продолжила и потоа.

Сепак, сите овие неверства и негативниот публицитет не успеаја да го разнишаат бракот на поранешната ѕвезда на „Манчестер јунајтед“ со долгогодишната партнерка Стејси Kук, со која се венча во септември 2007 година. Двојката има две деца.

Kоби Брајант и Kејтлин Фејбер

Поранешната ѕвезда на „Лос Анџелес Лејкерс“, Kоби Брајант, беше уапсен во 2003 година и обвинет дека ја силувал 19-годишната Kејтлин Фејбер, која работела во хотелот во кој престојувал кошаркарот пред да оди на операција на коленото. Фејбер изјави дека Брајант ја силувал во својата хотелска соба, а спортистот призна дека имал сексуален однос со девојката, но ги негира обвинувањата за силување.

Овој случај ~ нанесе огромна штета на репутацијата на Брајант, чии соработки со компаниите „Мекдоналд“ и „Нутела“ беа прекинати, а продажбата на неговиот дрес почна значително да опаѓа. Сепак, во септември 2004 година обвинувањата против кошаркарот беа повлечени бидејќи Фејбер одбила да сведочи на судењето. Брајант подоцна се извини за инцидентот:

- Иако искрено сметам дека средбата меѓу мене и Фејбер беше со обострана согласност, сега сфаќам дека таа не го мисли тоа и дека не го дели мојот поглед врз инцидентот - изјави тој за медиумите.

Сопругата на Брајант, Ванеса, тогаш го му го прости неверството, но бракот беше доведен во криза седум години подоцна кога таа поднесе барање за развод. Сепак, двојката во јануари 2013 година објави преку социјалните мрежи дека разводот е откажан.

Ешли Kол и Kорали Робинсон

Фудбалерот се ожени со пејачката на групата „Грлс алауд“, Черил Твиди, во јули 2006 година, но две години подоцна двојката беше на работ на развод поради многуте шпекулации дека познатиот спортист ја изневерува сопругата со три жени: фризерката Ејми Волтон и моделите Kорали Робинсон и Брук Хили. Kол жестоко ги негира ваквите тврдења и успеа да си го зачува бракот, но не долго.

Во 2010 година Черил поднесе барање за развод кога експлицитни фотографии од спортистот беа пронајдени во телефонот на еден топлес-модел. Иако, фудбалерот тврдеше дека не ги испратил, пејачката овој пат не ги прифати оправдувањата.

- Черил не е глупава. Не му поверува ниту збор на Ешли и, како што претпоставуваше, по овој скандал, се појавија и нови девојки - изјави извор близок до двојката.

Парот официјално се разведе во септември 2010 година.

Вејн Руни и Џенифер Томпсон

Таблоидот „Сандеј мирор“ во август 2010 година објави вест дека фудбалерот на „Манчестер јунајтед“ во повеќе наврати се среќавал со проститутката Џенифер Томпсон и тоа во истиот период додека сопругата Kолин била бремена со нивниот син. Томпсон тврдеше дека Руни за секоја средба ~ плаќал по 1.200 фунти и дека постојано ~ испраќал СМС-пораки со сексуална содржина, без притоа да се грижи дека ја изневерува Kолин. Исто така, се појавија шпекулации дека Вејн бил виден како ја држи за рака Томпсон на некоја забава.

Фудбалерот се обиде да ги негира ваквите обвинувања, но не успеа да го спречи нивното објавување, особено затоа што во 2004 година јавно проговори за неговите посети на салони за масажа и проститутки додека бил тинејџер. Вејн тогаш инсистира дека сите овие инциденти се случиле пред неговата врска со Kолин кога бил многу млад и незрел.

Спортската ѕвезда подоцна јавно ~ се извини на сопругата и на нејзиното семејство за скандалот со Томпсон.

Подготви: Наташа Спирова-Серафимова

#



Останати вести
ЗВЕЗДАНА ГЕОРГИЕВА ПСИХОЛОГ И ЈАСНОВИДЕЦ
Имам сe помалку пријатели

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести