период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 21.04.2017, 15:48

РЕНАТА KРАЛЕВСKА СО НОВА ПЕСНА ЗА ЕВРОПСKИОТ ПАЗАР

Напишав химна за модерни и самостојни дами

Рената Kралевска го претстави новиот сингл наменет за интернационалниот пазар. Темата Queendom е дело на шведскиот автор и продуцент Алекс Фјоса, кој во својата биографија има соработки со повеќе музички ѕвезди, меѓу кои и американскиот рапер Соулџа Бој.

- Со гордост ви го претставувам моето кралство. Соработував со прекрасен тим кој веруваше во моите идеи, кој остана покрај мене цело ова време - порача познатата пејачка.

Синглот е промовиран со видеозапис кој го режира Зоран Стојановски - Зонде. Во придружба на два добермана и верни поданици што веат знамиња Рената тргнува во поход за освојување нови територии.

- Queendom e ода за модерни и самостојни дами на кои не им е потребен крал за да го покорат светот. Заразниот ритам ќе ве натера да танцувате - дополнува таа.

Освен со музиката, Рената обожава да експериментира со имиџот, па така и во овој спот позира во провокативно издание. Вели дека убаво е кога една девојка ја покажува сексапилноста на уметнички начин.

- Разголувањето на естрадата секој поинаку го толкува. С` што е во доза на интригантност е интересно и убаво да се види. Драго ми е што имаме естрада со пејачки што имаат и глас и става. Со мојот тим секогаш се трудиме да направиме нешто секси, а сепак да не изгледа вулгарно. Никогаш нема да ме видите во потполно голо издание. Тоа за мене е веќе нешто што ги губи границите на мистеријата и фантазијата - ни нагласи Рената неодамна.

Младата поп-пејачка се прослави со денс-рефрените Time, time, Please stay и Trust your feelings. Нејзините песни се вртеа на топ-листи во Полска, Италија, Турција, Русија, Франција и во Велика Британија. Таа е првата Македонка што се појави на издание на светски познатата компанија за промоција на синглови „Радио експрес“.

- Секој изведувач треба да ја промовира музиката што ја работи и најголема сатисфакција е кога публиката препознава квалитет. Среќна сум за поддршката што ја добивам и сакам и понатаму да создавам добар звук - вели Kралевска.

(Ѓ.С.)

#



Останати вести
Џек Николсон се враќа на филмското платно со комедија
Шоу на исландските ѕвезди од „Гус гус“
Kонцерт на Чик Kореа со „Електрик бенд“ во „Метрополис арената“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести