период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 21.04.2017, 15:54

ФУДБАЛ - РЕАЛ - АТЛЕТИKО И МОНАKО - ЈУВeНЕТУС ВО ПОЛУФИНАЛЕТО ОД ЛШ

Недвед: Целта на Јуве е да го освои пехарот

Во полуфиналето од фудбалската Лига на шампионите ќе се пресметаат градските ривали од Мадрид, Реал и Атлетико, а францускиот Монако ќе си има работа со италијанскиот Јувентус. Вака одлучи ждрепка за полуфиналните мечеви од елитното клупско натпреварување кои се закажани за 2 и 3 мај, а реванш-средбите се на програмата една недела подоцна (9 и 10 мај). Победниците од полуфиналните двомеч-пресметки ќе играат во финалето на 3 јуни во Kардиф.

Реал и Атлетико редовно си ги одмеруваат силите во завршницата од елитното клупско натпреварување во последните три сезони. Kако победник од овие пресметки излегуваше актуелниот европски првак Реал, кој ја има и фавортиската улога и во новото соочување со Атлетико.

Реал победи на финалните мечеви во 2014 во Лисабон (4-1 во продолжение) и во 2016 година во Милано (1-1 - 5-3 на пенали), како и во четвртфиналниот двомеч во 2015 кога „кралевите“ славеа со вкупен резултат од 1-0.

Досега градските ривали на мечевите во Европа играле седумпати. Реал има четири, а Атлетико само една победа и ниту еднаш го нема елиминирано градскиот ривал во двомеч-пресметките.

Монако има една победа против Јувентус во четирите меѓусебни пресметки. „Старата дама“ има две победи.

- Монако го почитуваме и цениме како силен тим. Во оваа фаза од елитното натпреварување за грешки нема место бидејќи нема можност за поправен. Против Монако ќе играме со сите расположливи сили да стасаме до финалето, а таму и до пехарот. Против Барселона оставивме одличен впечаток, но нашите играчи го оставаат тоа зад себе и се концентрирани како да го освојат пехарот. Во полуфиналето наш адут е и тренерот Алегри, кој одлично си ја одработува својата задача - порача Павел Недвед, директорот на Јувентус, по ждрепка во Нион.

Ајакс со Лион, Селта против Манчестер јунајтед во полуфиналето од ЛЕ

Во полуфиналето од второто по ранг-клупско фудбалско натпреварување Лига Европа ќе играат Ајакс и Лион, односно Селат и Манчестер јунајтед. Вака одлучи ждрепката, а првите натпревари се играат на 4 мај, реваншите се седум дена подоцна.Финалето е на 24 мај во Стокхолм.

Овие четири екипи до полуфиналето стасаа по голема неизвесност. На три средби се играа продолженија, а откако во Истанбул и 120 минути не беа доволни решаваа пеналите. Резултати од четвртфиналните мечеви: Бешикташ – Лион 2-1, 6-7 на пенали (1-2 прв меч), Шалке – Ајакс 3-2 во продолжение ( 0-2 прв меч), Манчестер јунајтед – Андерлехт 2-1 во продолжение (1-1 прв меч), Генк – Селта 1-1( 2-3 прв меч).

#



Останати вести
Леброн и Kливленд со најголем пресврт во историјата на НБА-плејофот
Четвртиот прволигашки круг почнува со пелагониско дерби во Битола
Македонските ракометарки во квалификациска група за ЕП со Шведска и Србија
Душебаев: Дојде време да го елиминираме Фленсбург

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести