период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 12.06.2017, 16:25

ВО МАKЕДОНСKАТА АМБАСАДА ВО ФРАНЦИЈА

Изложба на Омер Kалеши и Тања Балаќ во Париз

„Патувањето по патиштата на уметноста е секогаш возбудливо, на него можеш да сретнеш многу колеги и да се стекнеш со драги пријатели. На едно такво патување се сретнале Омер Kалеши и Тања Балаќ и тоа токму во Париз, центарот на уметноста“. Ова е најавата за изложбата на двајцата македонски уметници „1.800 к“, која од утре до 30 јуни ќе биде поставена во салонот на Амбасадата на Република Македонија во Франција, во организација на Асоцијација за култура ИKОН, а со поддршка од Министерството за култура на Република Македонија.

1.800 к, температурата на црвената

Двајцата опитни уметници, припадници на разни генерации, но сепак блиски. Денес еден од друг ги делат илјадници километри растојание, но нешто што ги поврзува родниот крај каде што обајцата го поминале своето детство пред да тргнат по патиштата на уметноста. Секако дека тие рани денови од нивната младост, сеќавањето на нив и особено поднебјето, оставиле длабоки траги во нивното сликарство, стои во најавата.

„Иако се различни во пристапот на темата што ја обработуваат, кај нив централна фигура се човекот и црвената боја. Црвената боја како извор на светлина по која трагаат сите уметници. Но, тие како да ја симнале светлината на сонцето што ги греела во Македонија и ја насочиле низ призмата на Исак Њутн, па по прекршувањето на таа светлина, поточно од спектарот на бои, да ја изберат црвената боја која зрачи со топлина од 1.800 келвини за да ја пренесат во своите дела“.

- Токму поради таа светлина, оваа изложба во Амбасадата на Република Македонија во Париз ја именувавме со „1.800 к“ - вели Тања Балаќ.

Омер Kалеши во својот богат творечки опус останува доследен на своите корени, концентрирајќи се на обичниот човек, сликајќи ја неговата глава, која го симболизира духот на човекот. Тој со големо внимание ги истражува карактеристиките на балканскиот фолклор, т.е. на балканскиот човек, при што секој лик има свое значење. Главите на Омер Kалеши се живи и тие живеат во просторот и времето на имагинарниот свет на сликата. Тие низ времето ја собрале мудроста и како да сакаат да ни го свртат вниманието кон бал-канската* (турски: бал-мед, кан-крв) историја во која се преплетуваат и медот и крвта. Тие се неми сведоци кои опоменуваат оваа приказна да не се повтори.

Човекот - централна фигура

И во делата на Тања Балаќ централно место зазема човекот. Тоа може да се види и од последната инсталација „Раѓање на нацијата“, како и во нејзиниот циклус на дела каде што во преден план е човекот. Ако внимателно се загледаме во нив, ќе ја спознаеме нејзината порака дека денес отуѓениот современ човек, затечен во едно транзициско време во кое е изгубен системот на вредности, тешко може да ја најде својата права мерка во животот. Нејзините човечки фигури поставени во преден план, зад кои е црвената боја, н` повикуваат кон чување на вистинските човекови вредности без кои животот станува бесмислен.

- Утопијата искажана од големиот руски писател Достоевски дека убавината ќе го спаси светот во овој момент на сите нас ни е неопходна, а можеби и не е утопија - вели Балаќ.

#



Останати вести
„Македонска вечер“ во Софија
Уште еден локалитет во Македонија покажа дека малтерот е откриен пред Римјаните

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести