период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 12:57

ХОРМОНИ

Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми

Секој дел од човековиот организам е под влијание на хормоните, а нивните дози управуваат со нашето расположение, однесување и функционирање на многу органи, а со тоа и на целокупното наше здравје. Ако овој сложен систем се наруши и расипе, последиците може да бидат изразени во поблага форма, но и да се јават потешки здравствени проблеми. Затоа треба да знаете како да го препознаете нарушувањето во работата на жлездите, кои се симптомите и како се манифестираат.

Хипофизата е жлезда со внатрешно лачење и претставува најважна ендокрина жлезда. Има главна улога во произведувањето многу хормони, а задолжена е за управување и контрола на работата на сите други жлезди во организмот. Хипофизата е главна или централна жлезда. Таа е регулатор на растот, крвниот притисок, работата на бубрезите, движење на материите и кога ќе дојде до нарушување во работата на хипофизата, последиците се одразуваат на целокупниот ендокрин систем, што може да биде предизвикувач за многу заболувања.

Одговорна за многу хормони

Хипофизата се наоѓа во базата на черепот, а хипоталамусот е одговорен за нејзиното функционирање. Неа ја чинат два дела, преден и заден, кои имаат потполно различна градба и функција. Предниот дел, кој се нарекува и аденохипофиза го произведува хормонот за раст, пролактинот, фоликуларно стимулирачкиот хормон, тиротропинот итн. Овие хормони ја регулираат работата на тироидната и надбубрежната жлезда, јајчниците, тестисите, млечните жлезди.

Неврохипофизата, односно задниот дел е извор на окситоцин и антидиуретскиот хормон (вазопресин). Овие хормони се задолжени за контрола на излачувањето на водата. Хормоните што ги излачува задниот дел од хипофизата при породување доведува до контракција на матката.

Неплодност и дијабетес

Неправилности во функционирањето на работата на хипофизата предизвикуваат различни нарушувања и болести во организмот. Ако предниот дел на хипофизата повеќе лачи хормон за раст во раниот период од животот, доаѓа до појавата на гигантизам, прекумерен раст, а како последица на тоа се јавуваат многу телесни деформации во вид на преголема висина и други деформитети. Ако има нарушување во лачењето на хормонот за раст во периодот од 30. до 40. година во животот, се јавува акромегалија, хронично заболување, кое се карактеризира со преголем раст на периферните делови како нос, уши, долна вилица или дланките. При акромегалија се добиваат и зголемени синуси, доаѓа до задебелеување на јазикот, прекумерен раст на коските, внатрешните органи се исто така зголемени.

Нарушувањето на работата на хипофизата често предизвикува и дијабетес и општа слабост на мускулите. Овие проблеми ги погодуваат и мажите и жените. На секои сто илјади луѓе, четири се со некаква нарушена работа на хипофизата.

До зголемено лачење на хормони доаѓа и поради развој на тумор на хипофизата. Кога има зголемено ниво на пролактин, кај мажите и жените може да дојде и до лачење млеко. Тоа може да биде прв знак за нарушена работа на хипофизата. Намалено лачење на хормони што ја регулираат работата на половите жлезди во голем број случаи предизвикуваат и неплодност. Затоа нарушувањето на работата на хипофизата мора да се лекува. Тоа се врши со дополнување, односно намалување на нивоата на хормоните, а во случај на тумор, се прават и хируршки интервенции.Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, анализи на нивоата на хормоните во крвта, рендгенска снимка, како и компјутерска томографија и магнетна резонанција.

#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести