период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Датум: 20.03.2017, 12:53

ЕПИЛЕПСИЈА

Физичката активност ја намалува фреквенцијата на нападите

Епилепсијата е многу честа болест, која зафаќа околу 1 отсто од населението, а се отчитува со епилептични напади како последица на нарушената мозочна функција. Поголемиот дел од спортско-рекреативните активности се безбедни за луѓето со добро контролирана епилепсија, а кај луѓето кај кои епилепсијата не е добро контролирана, потребна е индивидуална процена на здравствениот ризик во согласност со видот на нападите и видот на физичката активност.

Епилепсијата е релативно честа невролошка болест, од која боледуваат 1 отсто од населението, поради што е голем здравствен и социјален проблем. Се дефинира како ненадејно нарушување на функцијата на мозокот, кое има тенденција да се повторува, при што претерано надразнетите клетки на мозочната кора синхронизирано избиваат електрични импулси, што клинички се манифестира како епилептичен напад. Денес болеста со лекови може добро да се контролира кај повеќе од две третини од пациентите, а за другите (т.н. фармакорезистентна епилепсија) понекогаш се применува неврохируршки третман, кој во последно време значително се усовршува. Причините за епилепсија можат да бидат различни оштетувања на мозокот како што се вродени дефекти на развојот на кората на големиот мозок, повреди, тумори, мозочни удари, инфекции, невродегенеративни болести, метаболички нарушувања, оштетување на мозокот од алкохол и дрога, а некои видови епилепсија имаат наследна основа (идиопатска епилепсија).

Што велат студиите?

Луѓе со епилепсија често живеат седечки начин на живот во споредба со здравите индивидуи; Исто така, често имаат прекумерна тежина, почесто страдаат од анксиозност и депресија, а се и социјално изолирани. Покрај тоа, добро е познато дека спортот и рекреацијата имаат корисен ефект врз човековото физичко и ментално здравје, како и на социјалната интеграција. Поради стравот од предизвикување епилептични напади и повреди на лицата со епилепсија, физичка активност порано им се ограничуваше, но таквиот став неодамна се промени.

Иако физичката активност потенцијално може да предизвика епилептични напади поради замор, конкурентен стрес, хипервентилација, прекумерни аеробни активности и јонско- метаболички нарушувања, тоа се случува ретко. Во едно истражување, во кое учествуваа 400 луѓе со епилепсија, само кај двајца физичката активност била причина за појава на напади. Други студии покажуваат повисока, но релативно ниска стапка на напади за време на физичка активност. Спротивно на тоа, физичката активност кај многу пациенти со епилепсија ја намалува фреквенцијата на нападите и во овој случај може да се смета како дополнителна терапија.

Процена на ризиците

За процена на ризиците за здравјето при физичката активност кај луѓето со епилепсија треба да се земе предвид видот на нападите, контролата на болеста и видот на физичка активност. Луѓето со тонично-клонични и атонични напади имаат најголем ризик од повреда како резултат на губење на свеста и падот. Сложените жаришни напади најретко предизвикуваат повреди поради пад, но повредата може да се случи при губењето на свеста. Едноставните жаришни напади најретко предизвикуваат повреда поради зачуваната свест. Пациентите со напади за време на спиењето и пациентите со аура (предупредување пред клиничкиот напад), исто така имаат помал ризик од повреда.

Во однос на контролата на болеста и видовите на физичка активност, епилепсијата се смета за добро контролирана ако периодот без напад е подолг од една година, а за секоја телесна активност треба да се процени ризикот од повреда. Имајќи го сето тоа предвид, физичката активност (освен екстремните спортови како што се параглајдерство, скокање со падобран, качување по карпи или нуркање со боца) треба да се поттикнуваат кај сите лица со контролирана епилепсија. Поризичните спортски и рекреативни активности како пливањето, нуркањето, јавањето или планинарењето лицата со контролирана епилепсија треба да ги практикуваат со употреба на заштитна опрема и во придружба на лице што ќе биде информирано за неговата болест и кои можат да обезбедат помош. Во спроведувањето на физичката активност со мал ризик за здравјето нема ограничувања. Kај оние лица на кои епилепсијата не им е добро контролирана потребна е индивидуална процена на ризикот од повреда според видот на нападот и видот на физичка активност.

Препораки за физичка активност за луѓето со епилепсија

*Пливање и спортови на вода

*Scuba нуркање не се препорачува

*Пливањето треба да биде придружено од лице што ќе биде информирано за болеста на пливачот, кое ги знае постапките на спасување

* При физичка активност на вода/море се препорачува употреба на појас за спасување

*Луѓето што немаат добро контролирана епилепсија треба да избегнуваат пливање и спортови на вода

*Се препорачува аеробна физичка активност (на пример, брзо одење, аеробик, велосипед)

За луѓето со добро контролирана епилепсија (периоди без напади подолги од една година), не постојат граници

*За оние што немаат добро контролирана епилепсија, им се препорачува употреба на заштитна опрема и други придружни лица

*Трчање покрај прометни улици треба да се избегнува

*Параглајдерство, змајарење, скокање со падобран и качување по карпи не се препорачуваат.

*На луѓето со добро контролирана епилепсија (период подолг од една година без напади) им се дозволени велосипедизам, јавање и гимнастика на справи со употреба на заштитна опрема и во придружба на друго лице

*Велосипедизмот и планинскиот велосипедизам треба да се избегнуваат

*Спортовите со судири не се препорачуваат (на пример, рагби и хокеј)

*На луѓето со добро контролирана епилепсија (без напади подолго од една година) им се дозволени фудбал, кошарка и одбојка со употреба на заштитна опрема

*Мотоспортови - не постојат формални ограничувања за лицата со добро контролирана епилепсија ако ги исполнуваат сообраќајните прописи

*Треба да се земе предвид безбедноста на другите

*Не се препорачуваат за лица на кои епилепсијата не им е добро контролирана

*Стрелаштво - луѓето со добро контролирана епилепсија треба да го разгледаат типот на нападите и типот на оружјето

*Не се препорачува за лица кај кои епилепсијата не е добро контролирана

*Борачките спортови не се препорачуваат.







#



Останати вести
Ренот ја чисти крвта и помага при исфрлање камен од бубрезите
Куркуминот ги принудува туморските клетки на самоуништување
Енергијата што телото ја добива со постење ја троши на самоисцелување
Козметика од јајца за чистење и обновување на кожата
Нарушената работа на хипофизата прави многу проблеми
Помош од природните бранители - лук, прополис и маточина
Насочете се на тоа што го сакате, а не на она од кое бегате

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести